Уживам кога цртам,
кога го слушам дождот како капе,
кога слушам чил џез и шетам по улиците на градот
кога сум на планина,
кога возам сноуборд на зимување,
кога седам покрај логорска ватра со интересни луѓе,
кога читам,
кога фантазирам,
кога ја набљудувам водата на морето, реката, езерото
гледајќи ги контурите на небото и сите можни бои,
гледајќи како децата си играат во паркот,
трчајќи во шума,
правејќи јога,
анализирајќи слики на изложби,
правејќи забегани моабети..
пуууууу... има многу многу работи..
Ќе беше подобро да се праша во што не уживам..