Уживам кога...

Mistery :)

Истакнат Член
23 февруари 2013
145
188
143
Најубаво чувство што ме исполнува е навечер да ги гледам ѕвездите, можам цеела ноќ да зјапам во небото и како се лошо да заборавам, ми доаѓаат само убави мисли, едноставно ми се менува расположението.:sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Црвена

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Ме исполнуе чај на врв на Водно на убав ден,ме исполнуе недела кај другарка дома,собрани,сумираме што се дешавало лошо и го заменуеме со добро смеење,ме исполнуе дремење у гаража и свирење песна од 2 ноти,ме исполнуе четврт пица бурек со јогурт у 3 сабајле,ме исполнуе добра музика...
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Ме исполнува кога наутро како денес сончевите зраци ќе пробијат низ мојот прозор и ќе ме погалат по лицето..знам дека следува прекрасен сончев ден.
Ме исполнува долга послепладневна прошетка во патики и омилените тренерки.
Ме исполнува погледот на мајка ми кога се смееме и си муабетиме заедно.
Ме исполнува погледот кон небото после полноќ, среде лето..кога небото е преполно со звезди..секогаш ја барам онаа најсветлата и најблескавата и посакувам да ја симнам..
Ме исполнува чувството кога се туширам после долг напорен ден.
Ме исполнува секое парче хартија кое ќе го испишам со свои зборови, свои стихови..
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ме исполнува кога ги гледам син ми и ќерка ми насмеани.
Ме исполнува кога таа е среќна по моја заслуга.
Ме исполнува кога ќе сфатам дека ракописот во дневникот денес ми е поубав од вчера.
Ме исполнува кога ќе напишам убав стих и ќе го посветам на некоја личност.
Ме исполнува кога лежам во када пушам цигара и слушам музика.
Ме исполнува кога пијам утринско кафе во кревет со некоја доообра книгичка(што се поретко го правам).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13

Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
Успехот на моите познаници.
Строгратските песни кои пензионерите ги пеат секоја вечер во старата чаршија.
Добрите книги.
Кога сам пиам утринско кафе и имам време да размислам за се.
Вреќата, нараквиците и спарингот !
Тишината.
Чаша шток после напната недела.
Планинската вила ( под услов кога сум сам или со партнерката ).
Зимата и многу снег.
Дождот.

И ред други мали работи кои ме исполнуват како ништо друго.
Скромност нели ?
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Уживам кога сум сама и ја гледам месечината навечер.
Уживам кога ќе ми се погоди рецептот од прв обид.
Уживам во есента, шетањето во парк послан со лисја.
Уживам кога имам слободно време и ќе ја поминам цела вечер гледајќи ја омилената серија.
Уживам во пишувањето и експлозијата од емоции додека тоа трае.
Уживам во возењето автомобил низ полупразни улици навечер со мојата омилена плеј листа.
Уживам во неделните искачувања на Водно, поврзувањето со природата и планинскиот чај таму.
Уживам во дождливото време, кога сум покриена со ќебе на тераса.
Уживам во звукот на типките на клавирот.
Уживам кога знам дека можам да му помогнам некому, на некој начин, а уште повеќе кога тоа ќе биде успешно.
Уживам во мирисот додека се печат колачиња.
Уживам во пиењето кафе со другарките.
Уживам кога ќе засакам некоја песна и постојано ја преслушувам додека не ми стане здодевна.
Уживам во шиењето и кроењето и правењето корисни работи за во домот од принципот ,,направи сам" и украсувањето со разни дербулии и монистри.
Уживам во читањето весници и историски стории.
Уживам во кога ќе направам некоја работа што премногу ја сака некој најблизок.
Уживам кога нема гужви во автобусите.
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Кога се вратам од тренинг не повреден :D се истуширам и после си ја затемнам собата и цела ноќ на youtube, facebook, crnobelo и кафе и овошје