Уживам кога ќе станам рано и ќе си ги направам утринските ритуали без брзање и нервози, кога имам добра книга во рака, супер музиче на слушалки(или онака) и кога многу врне или кога има
умерено сонце.
Уживам во пролет и мирисот на липа, свежо искосена трева или во мирисот на колачиња од ванила.
Уживам кога сум на планина и кога можам да ги слушам звуците, без некој да ме замара.
Уживам кога имам време за цртање, за вежбање, за излежување во пижами, за помагање на други...
Уживам кога ќе отидам на некое место каде што не сум била долго време, а таму се е останато исто и ме потсеќа на некои убави времиња.
Уживам во добро друштво, во телефонски разговори со важни луѓе кои се далеку, во фризурите од внуките
, во караниците со нив за учење и шетање(среќа уште сме мали за караници за дечковци
)...
Долга листа...