Уживам кога...

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
уживам кога....слушам музика која ме вовлекува во друг свет, надвор од реалниов живот!
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Уживам кога гледам слики на изложба
кога слушам музика
кога пишувам
кога пијам нес кафе
кога готвам
кога шетам во природа
кога никој не ме познава и се шеткам по тренерки на пазар
кога без да прашувам некој ми ја раскажува неговата приказна
кога му помагам некому кому му е навистина потребно
кога пливам
кога се бакнувам
кога откривам нов град или продавница
кога ги правам среќни најблиските
кога сонувам
кога патувам и запознавам нови луѓе
кога читам интимна поезија
кога сум вљубена
кога одам на масажа и на фризер

...........
Не сум знаела дека волку многу знам да уживам.
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Уживам кога зјапам во небото полно со ѕвезди во лето (па и уште ако падне некое метеорче... :) )
Уживам да патувам.
Уживам да сонувам будна.
Уживам кога сум сама дома и уживам да си лежам во када со чаша вино.
Уживам кога ми се погодил флертот.
Уживам кога мојата омилена песна ќе ја слушнам навечер во некој клуб. Уживам во гласна музика.
Уживам во зумба ... :p
 

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Не видов ваква тема во форумот па решив да отворам. Кој се вашите работи што уживате да ги правите?
Еве јас:
Уживам кога:
-шминкам
-правам фризури
-пливам
-пешачење во 6 наутро.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Уживам кога: шетам, гледам добар филм, трчам на кеј, споделувам љубов со понежната половина, пијам кафе со пријателите, играм баскет со другарите, цртам со песок и уште многу други работи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
1. Кога играм со децата
2. Кога пијам кафе наутро сам
3. Кога имам секс
4. Кога читам книга
5. Кога слушам шпанска музика
6. Кога гледам филмови/серии
7. Кога го слушам син ми како ми раскажува работи што ги сфаќа на свој начин, ама се поколно точни.
8. Кога пишувам поезија на шпански јазик
9. Кога пишувам во дневникот
10. Кога дознавам нови информации во врска со работите што ги сакам
11. Уживам кога ќе ми се јави сестра ми и се забораваме дека сме на планетава... па батеријата од 100% стигнува на 0%, ама разговорот не прекинува, туку само легнувам до штекер :)
12.....
Човек ужива да прави многу работи... без цел би било да ги редам сите.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
- Уживам кога ке се разбудам прва и утрото го минувам во тишина. Тоа се посебни моменти, неописливи се таквите утра. Секогаш се радувам кога имам време за себе, посебно ако тоа е наутро.
- Уживам кога готвам. Посебно уживам кога готвам со него и кога се судираме низ кујна и се расправаме кој што да направи. Весели се тие моменти, исполнети со многу радост, ми се чини дека куќата ни зрачи и дека сум најбогата на свет. Секогаш додека готвиме си пуштаме музика, ако е по мое слушаме латино, а ако е по негово слушаме панк кој веќе не можам да го поднесам. Уживам и кога готвам со малите. Многу се среќни кога им дозволувам да ми помагаат (одмагаат) и заедно правиме некои чудни декорации во форма на човечиња, цвеќиња, палми...
- Уживам кога на децата им приредувам пријатни и интересни изненадувања, сакам да им угодам со нешто кога најмалку очекуваат.
- Уживам кога со децата се возиме во автобус бидејки многу се радуваат кога се возат во автобус,( незнам зошто) :) и разговараат со лугето внатре. Посебно ми е убаво кога ги слушам како разговараат со непознати луѓе.
- Уживам кога сум во природа
- Уживам кога сум во друштво на животни
- Уживам кога пијам свежи, густи сокови од блендер. Посебно се радувам кога експериментирам со вкусовите. Не знам дали повеке уживам кога ги пијам или кога ги приготвувам
- Уживам кога возам велосипед
- Уживам кога одкако ке заспијат децата, си се опуштаме со некој добар филм
- Уживам кога сликам и изработувам накит, сакам кога целосно ке се внесам во работата и заборавам дека се друго околу мене постои. Тогаш чувствувам дека јас сум јас. Тогаш најискрено ги исфрам своите чувства.
- Уживам кога плетам бидејки тоа многу ме опушта
Уживам во уште многу, многу нешта, како што кажа членот над мене, бесмислено е сите да ги напишам
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Уживам кога слушам музика,читам списание,кога имам долги разговори со некоја другарка...тоа:)