УН диета

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Оваа диета е доста позната и имам слушнато доста добри коментари за неа. Позната е како најдобар а воедно и здрав начин на симнување на вишокот килограми.
За оваа диета се потребни многу килограми малку упорност и 90 дена на располагање.
Велат дека со оваа диета освен што ќе ги изгубите килограмите, ќе го промените и метаболизмот па изгубените килограми нема да ви се вратат.

Диетата трае 90 дена а се ослабнува од 18 до 25 килограми.
Доколку сакате помалку да ослабнете ќе ја прекинете порано диетата.
Диетата секогаш започнува со протеински ден, па следи скробен ден,
јагленохидратен ден, овошен ден и повторно протеински.
Редоследот не смее да се менува
Доручек - сите 90 дена се јаде само овошје. Се јадат по две исти овошја или еден грст суво овошје.

1 ден – Протеински ден
Ручек-месо, варено или печено (3 парчиња-ресторанска порција 250гр.) или 3 варени јајца, едно парче леб, салата во неограничени количини. Супа но без резанци.
Овој ден може да се јаде сирење или млеко, но во тој случај на месото односно на јајцата треба да им се преполови количината.
Вечера-истото од ручекот, но без супата.
Задолжително е доколку за ручек сте јаделе месо и вечерата да ви биде месо.

2 ден – Скробен ден
Ручек-грав, грашок, спанаќ, компир. Треба да биде варена и единствено зачинета со сол, вегета, кечап или варен домат. Едно парче леб и салата.
Вечера исто како ручекот со тоа што дозата треба да ја преполовите.

3 ден – Јагленохидратен ден
Ручек-варени тестенини зачинети со кечап, или пак пица со кечап, а може и бело печиво, на пример 3 кифли.
Вечера-две парчиња торта, или три-четири колачиња, или пак четири топчиња сладолед. Задолжително е еден ред чоколада за готвење.

4ден – Овошен ден
Ручек и вечера само мешано овошје, колку што сакате.

После циклусот од 7x4 дена, односно 29 дена (три пати во текот на диетата) се држи воден ден. Се пие само вода евентуално може да додате и чај но без шеќер.
После овошниот и водениот ден се продолжува со протеинскиот ден.
Кафе и чај може да пиете но без шеќер.
Соковите сведете ги на минимум. Се што е наведено треба да се јаде бидејки има своја улога во организмот.
Овошјето е задолжително да се јаде наутро бидејки најбрзо ке му даде енергија на организмот.
Чоколадата го штити организмот од можни алергии.
Количините на храната се поголеми од вообичаено, а намирниците подесени
за нашите услови и поднебје.
Мора да бидете доследни и упорни.
Може да се случи првите 10 дена да не дојде до намалување на килограмите,
но потоа нагло ќе изгубите 3-4 килограми.
После 90 дена диета уште толку за доручек се јаде само овошје, додека со ручекот и
вечерата се враќате по стариот начин на исхрана. Во тој период треба да изгубите уште 3 килограми што е показател на промената на метаболизмот. Доколку не сте задоволни од постигнатата тежина истата диета може да ја повторите, но после 3 месеци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
види вака мое мислење окулу диетите.. со нив не можиш ептек којзнај колку да ослабиш.. еве ајс на пример јадам како ѕвер а слаб сум ако ме видиш ке си речиш дека јадам еднаш годишно и то на престапна година :) се зависи до метаболизмот..
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Океј, се сложувам со тоа. Јас на пример, не можам да ослабам со ниедна диета. Пак е матаболизам во прашање.
Но, подфорумов е создаден за споделување идеи и искуства.
Сепак, има и такви кои во диетата гледаат спас од килограмите.:)
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
најдобара комбинација е било кај диета и ептен вежбање. вељбање до таа мера да се потиш и да вежбаш до таа мера шо уште малку да се онесвестиш... итогаш ек видиш како килограмите ке летаат од тебе.. а нее диета ако скратиш нешто од јадењето а послецел ден лежиш в кревет ида гледаш телевизија..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LadyInPink

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Доручек - сите 90 дена се јаде само овошје. Се јадат по две исти овошја или еден грст суво овошје.

Кажи ми кои нутритивни вредности ги содржи овошјето, и кој нутриционист го препорачува тоа?
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
^^ Јас ниту ја измислив диетата, ниту ја држам, ниту ме интересира кој нутриционист го кажал тоа.
Ако некој сака да ослаби нека ја држи, ако не сака-не мора.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
^^ Јас ниту ја измислив диетата, ниту ја држам, ниту ме интересира кој нутриционист го кажал тоа.
Ако некој сака да ослаби нека ја држи, ако не сака-не мора.
Треба на форумот да се добива квалитет, а не квантитет, не е само да копира од други сајтови/форуми и да постираме нешто за кое ни самите не сме сигурно во тоа, и не сме го практикувале, а го споледуваме со другите.
Секое добро`
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Трајче, не се работи за постигнување квантитет, но форумов мора да се разработи. Има еден куп диети, моите се само две. Подфорумот е за тоа, за споделување диети. Може некој ќе ја проба, па ќе напише искуство. Од тие што ја држеле досега се покажала како доста ефикасна.
Поздрав.
 

Rosie

Нов член
18 февруари 2012
9
14
3
Скопје
Брат ми втора година по ред ја држи диетава, почнуваќи од Февруари или Март па се до летото. Резултати има, минатата година ослабе 20 килограми ( без вежбање ), летото беше таманка, но после си се опушти и качи 10 килограми. Еве сега пак е на диета. Од денеска му се приклучувам и јас, иако треба да се почне од протеинскиот - прв ден, јас почнувам од јагленохидратниот ден за да си се подржуваме меѓусебно. Само што јас нема толку строго да ја држам, треба да симнам 5 килограми, така да денес имам макарони за јадење и ќе си каснувам повеќе пати во денот. :)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Мислам дека ние неправилно ја држиме во смисла на тоа дека се ограничуваме на еден вид храна.
На пример во јаглехидратниот ден исклучиво се јадат тестенини (читај макарони) со кечап. Значи може да се јаде посна пита, парче пица...
И оној овошен е всушност витамински ден, и наместо овошје може цел ден да јадете салата ( за тие што не фанови на јаболката и портокалите ко мене) :giggle