Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
турски серии брат...па ниедна не ми е интересна
Долина на Волците многу е исповрзана....и таа не ја гледам ама барем е интересна
не е како другите....ке плачеме зошто она го сакала вој па вој ја сакал онаа па што ти знам шо
глупости еден тон....
Нова серија која се емитува на Канал 5 Телевизија Секој ден од понеделник до петок во 21:00 ч. и репризно во 17:00 ч. ТЕМАВА Е ОТВОРЕНА ЗА ВАШИТЕ ВПЕЧАТОЦИ, СЛИКИ, И ДРУГО па повелетееее
Има и многу други теми за серии не дека нема на форумов но барем да си се потрудела нешто повеќе за воведот да најдеше да објаснеше за што се работи во серијата или филмотт демек јас знам која е таа Бихтер или тој Аднан а сликите па воопшто не ми се отвораат барем мене..
Постои аргентинска серија се вика Pasion Prohibida, таа е еквивалент на оваа. Е сега не знам која е копијата, само знам дека освен глумицата што е во оваа аргентинската верзија друго се’ е . Јас ја гледам ради што генералниот дома ја гледа, ама глупава серија навистина. Нема поента.
Се зборува за некоја си таму девојка што ќе се вљуби во некој си таму фраер(кој може да и биде татко) ќе се омажи со него, арно ама ќе се вљуби после и во внук му, кој уствари не му е внук, туку му е така, од некаде дојден па си го вика внук(Типично за сериите од Телемундо).
Глупости.
Убаво е за тепање време кога немаш попаметна работа, ама да се отвора теми на оваа глупост? Не ме зезајте бе
Ивона, а да ги читнеш темите во За форумот и останатите подфоруми за да видиш како треба да изгледа една тема, воведот на истата, мислењата потоа (вклучувајќи го и тоа дека не треба да напишеш ново мислење на секоја секунда како да е чет), како се прикачуваат слики, итн... Барем објасни што серија е, за што се работи, твој впечаток (не, "многу е интересна" не е доволно) или слично, да натераш некој да се заинтересира да ја загледа.