Тенис

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Женсково финале беше смешки :D. Квитова си победи 2:0 во сетови, 6:3 и 6:0. Ни 2 саати не траеше мечот, Бушар како да не беше тука, Квитова без проблем си зимаше поени, во вториот сет како сама да играше :D. Ретко ги гледам жениве, денес мислев интересно ќе е ама изгледа ќе продолжам да не ги гледам :D.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Едно од најдобрите финалиња беше ова. Штета што не успеа Федерер да ја освои 8мата титула и да беше првиот кој го освоил Вимблдон 8 пати. Можеби следната година ако има сили ама тешко многу. Мечот иначе кој не го гледал многу пропуштил, вакво финале на Вимблдон долго немало. Федерер почна супер, ама во вториот сет се изгуби малце и немаше среќа да го земе. После тоа следеше играта на Џокович, 3тиот сет го одигра најдобро, без многу грешки и со прецизни удари. Во 4тиот сет Федерер се враќа и израмнува на 2:2, после овој сет знаев дека ќе изгуби Федерер. Така и беше после тоа, неколку грешки, чудни излегувања на мрежа кои Џокович ги искористи максимално и си земаше поени, немаше шанси Федерер. Мене ми е жал што не освои бидејќи ова можеби му беше последна шанса да биде прв по освоени титули, сега за сега се изедначени со Сампрас, по 7 имаат и двајцата. Сепак на крај за мене а и за многу други Федерер си останува најдобриот тенисер на трева и тешко дека некој ќе ги стигне неговите рекорди. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Четвртфинале на турнирот во Торонто. После победата над Новак денес Цонга игра против Мареј, Федерер игра против Ферер.
Се очекуваат уште изненадувања, еден од потешките турнири според мене, заради тврдата подлога која не им лежи баш на фаворитите. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Мареј каква будала е значи, почна добро а после се изгуби. Цонга во полуфинале, убаво играше, имаше малце грешки ама после го искористи тоа што Мареј е забеган и си победи 2:1 во сетови, 7:6 4:6 и 6:4. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Познати се и полуфиналните парови на мастерсот во Канада. Цонга против Димитров и Федерер против Лопез.

Димитров во четвртфиналето беше подобар од Андерсон, 2:1 во сетови, 5:7, 7:5 и 7:6. Андерсон имаше повеќе грешки но Димитров искористи само 3 од 9 брејк топки.

Лопез го победи Раонич со 2:1 за да стигне до полуфиналето. Слаба игра на Раонич, не искористи ниедна од 9те брејк топки, Лопез правеше повеќе грешки на сервис но на крај дојде до победата.

Федерер 2:1 победа против Ферер. Убав меч со неколку добри поени, грешки правеа и двајцата но добриот сервис на Федерер му ја донесе победата.

Очекувам финале Федерер и Цонга ама ќе видиме, можеби ќе има уште некое изненадување. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Две брзи полуфиналиња во Торонто. Најпрво Цонга одигра супер меч, имаше неколку грешки при сервис но тоа не влијаеше многу на мечот. Димитров не можеше да издржи, се гледаше дека игра со цела сила и заради желбата за победа правеше грешки и не искористуваше чисти поени. На крај победа на Цонга со 6:4 и 6:3.

Федерер исто се супер меч стигна до победата, 6:3 и 6:4 за конечни 2:0 во сетови. 13 асови за Федерер и само 1 двојна грешка на сервис, супер процент имаше и на добиени поени на прв сервис. Ферер беше многу послаб на сервис, 9 двојни грешки имаше и ниедна брејк топка цел меч, но затоа спаси дури 9. Да играше против некој друг ќе речев дека Ферер заслужи да победи, ама вака не.

Сега за финалево ќе биде тешко да се типува, Цонга зема залет после победата над Новак и ништо чудно да освои. Федерер од друга страна со ваква игра како против Ферер би бил во предност, но знаеме каков е кога се финалиња во прашање. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Пак Федерер како во секое финале, до финалето ќе игра супер а таму ептен слабо. 7:5 и 7:6 и заслужена победа на Цонга.

Уште од победата над Новак знаев дека Цонга ќе има големи шанси да го освои мастерсот. Димитров не му беше пречка, Федерер требаше да му биде но ништо.
Слаба игра на Федерер и во двата сета, во вториот стигна до тај брејк но премногу глупи грешки имаше, немаше шанси за победа.
Интересен податок, Цонга е првиот тенисер кој успеал да ги победи Мареј, Џокович и Федерер на ист турнир. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Финале на мастерсот во Синсинати. Шанса за Федерер да освои еден мастерс, игра против Ферер денес од 22:00.

Во полуфиналето и двајцата победија многу брзо. Ферер против Бенетау 6:3 и 6:2, и Федерер против Раонич 6:2 и 6:3. Интересно финале ќе биде. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
22 освоени мастерси, прва титула оваа година после 4 финалиња, вкупно 80та за Федерер. Сеуште е далеку од првите две места по освоени титули, му фалат 14. Второто место го држи Иван Лендли со 94 титули, а прв е Џими Конорс со 109, нема шанси никој тенисер да го стигне Конорс.

За финалево, првиот сет беше долг и интересен. Федерер го доби со 6:3, во вториот сет играше само Ферер, многу грешки на Федерер и неискористени чисти шанси, Ферер го доби сетот со 6:1. Третиот сет за Ферер беше тоа што беше вториот за Федерер. Никаква игра и премногу грешки, како на сервис така и на мрежа. Прецизните и силни удари на Федерер му ја донесоа титулата, 6:2 победа на Федерер во третиот сет за конечни 2:1.

До следниот мастерс има време, на ред е грен слемот во Америка, УС Опен. Надал поради повреда изгледа нема да игра, Џокович е во слаба форма, Мареј тешко се снаоѓа во Америка. Шанса за Федерер за уште една титула, ама ќе биде тешко. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Од денес почнува последниот грен слем за оваа година, УС Опен. Навивам за Федерер да освои барем еден слем годинава. :)

Надал поради повреда се откажа од турниров, што значи нема да го гледаме лигушот.

Новак имаше малце потешка ждрепка и ќе треба да се помачи за да стигне до финалето.

Цонга како освојувач на мастерсот во Торонто каде ги победи Новак, Федерер и Мареј, доаѓа мотивиран ама не знам колку ќе може да направи.

Останува да уживаме во убавиот тенис. :)