.
.
. Победа на Федерер 3:1 против Вавринка, 3:6, 7:6, 6:4 и 6:4. Во последниот сет Вавринка имаше дури 5 шанси за брејк ама не ги искористи. Полесен му е патот на Федерер до финалето, го чека подобриот од мечот Раонич и Киргиос. Во финалето скоро сигурен сум дека ќе биде и Џокович, ама не знам дали Федерер ќе издржи, затоа што не е веќе млад а Џокович и во страшна форма оваа година. 

Мене ми е страв од Раонич да не направи изненадување, јак сервис има и тука е неговата предност, Федерер ќе треба да се помачи затоа што тешко ќе ги враќа тие топки. Јас верувам дека ако преживее Федерер ќе го освои турниров. Димитров и јас мислам дека нема шанси а Новак би имал проблеми ако Федерер биде во финале, секогаш Федерер му бил тежок противник на Новак а и на трева се знае кој е најдобарМареј вчера очаен. Не очекувам дека Димитров ќе го победи и Новак, можеби еден сет ќе му земе но тоа е тоа. Истото го очекувам и на другиот 1/2 финален меч меѓу Раонич и Федерер, очекувам Роџер таму да победи. Гледам Söldner e многу активен во последно време на темава, ми се допаѓа што има тениски фанови.![]()
.
. Во финалето му давам предност на Федерер, пред некој ден кажав дека ако Џокович продолжи со истата игра ќе освои, ама знаеме дека на Новак никогаш не му било лесно против Федерер, секогаш му бил еден од најтешките противници. Федерер цел турнир играше супер, сега ја има шансата за титула која не смее да ја пропушти. Федерер иначе со 32 години е вториот најстар тенисер што е во финале, првиот е Агаси кој играше финале во 2005 на 35 години
.