Тенис

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Полека оди кон крајот и последниот мастерс годинава. Имаше убави и интересни мечеви и некои луди поени. :)

Фаворитите останаа и немаше некое големо изненадување.

Џокович ќе игра против Колшрајбер или како и да се пишува не знам, очекувам лесна победа на Новак иако не во форма годинава.

Цонга против Мареј, ова би требало да е интересен меч.

Вавринка против Робредо, исто така интересен меч. Вавринка фаворит во овој меч.

Бердих - Тием, не би требало да има проблеми Бердих. :)

Чилич против Симон, е за мечов не знам баш многу, ама на Чилич му давам повеќе шанси.

Раонич - Нишикори, типувам на Раонич. :)

Федерер против Агут, нормално победа на легендата и да стигне до титула годинава. :)

Останува уште да завршат двата меча кои моментално се играат, Монфлис - Гаскет и Димитров - Гофин, со што ќе се комплетира последниот пар и борбата за четвртфинале може да почне. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Монфлис - Гаскет, 6:4 6:2 6:2 победа на Монфлис. Интересен меч беше, Гаскет има страшен бек хенд ама џабе му беше овојпат, изморен беше се гледаше. Монфлис е луд играч, имаше неколку луди поени и многу малце грешки, добар играч е ама мислам дека не може до четвртфинале. :)

Димитров - Гофин, 0:6 6:3 6:4 6:1, 3:1 во сетови за Димитров. Паралелно ги гледав и двата меча, бидејќи истовремено играа. Убав беше и овој меч за гледање, Гофин беше тежок противник, се виде уште по првиот сет. Димитров мораше да се помачи малце но на крајот успеа да победи, против Монфлис му давам повеќе шанси на Димитров. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Џокович - Мареј и Вавринка - Нишикори се првите четвртфинални парови. Остануваат уште два. :)

Мареј во 3 сета го победи Цонга, 7:5 7:5 и 6:4. Не го очекував ова искрено, мислев Цонга ќе успее да дојде до победата ама ништо. Мареј има шанса да го победи и Новак ама ќе видиме.
Новак до четврфиналето стигна преку Колшрајбер, го победи со. 6:1 7:5 и 6:4. Колшрајбер беше тежок противник, ама не успеа да направи изненадување. Сепак мислам дека Новак не е баш во најдобра форма и тешко да ја освои титулата.

Вавринка против Робредо беше супер меч, се играа 4 сета и на крајот Вавринка успеа да дојде до победата од 3:1.
Нишикори и Раонич играа маратонски меч во 5 сета. 3:2 за Нишикори на крајот, 4:6 7:6 6:7 7:5 и 6:4.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Покрај тие горе што ги пишав, во четвртифнале ќе играат: Федерер - Монфилс и Бердих против Чилич.

Само Чилич имаше тежок меч, мораше да игра 5 сета против Симон. На крајот успеа да дојдд до победата, 5:7 7:6 6:4 3:6 и 6:3 за конечни 3:2. Не го гледав мечот затоа врска немам како играле, секако Чилич ќе губи од Бердих. :)

Бердих против Тием одигра брз меч и го победи со 3:0. Има шанси за полуфинале Бердих и мислам дека ќе стигне до таму.

Федерер исто брзински со 3:0 против Агут, 6:4 6:3 и 6:2. Големи се шансите на Федерер за финале, полесни противници му се паднаа затоа мислам дека нема да има проблеми. :)

Димитров му ја даде победата на Монфилс. Какви само глупи грешки правеше при крајот на вториот сет и цел трет сет. Монфилс не можеше да стои а овој прави грешки цц. Победа на Монфилс 3:0 во сетови, 7:5 7:6 и 7:5. Нема шанси Монфилс за полуфинале. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Завршија и четвртфиналните мечеви на американскиот мастерс, победа на фаворитите и едно изненадување според мене. :)

Новак го победи Мареј со 3:1, 7:6 6:7 6:2 и 6:4. Мислев дека Мареј може да стигне до победа заради слабата форма на Новак, ама ништо. Како и да е сеуште мислам дека нема да освои Новак. :)

Вавринка - Нишикори каков само меч беше тоа :eek се играа 5 сета. Ова и беше изненадувањето за мене, мислев дека Вавринка нема да дозволи да изгуби сега ама Нишикори изненади, 3:2 во сетови за полуфинале. Таму против Новак малце потешко ќе му е. :)

Бердих се посрамоти, во 3 сета го изгуби мечот. 6:2 6:4 и 7:6 за Чилич на крајот. :)

Федерер против Монфилс беше уште подобар меч од оној на Вавринка и Нишикори.
Монфилс ги доби првите два сета со 6:4 и 6:3, играше супер а Федерер правеше почетнички грешки. Третиот сет со многу напор го доби Федерер со 6:4, четвртиот сет беше како порано кога играа Федерер и Надал и кога имаше луди поени и спасување меч топки. 5:4 за Монфилс на сервис беше Федерер, Монфилс имаше две меч топки водеше со 40:15. Федерер ги спаси и двете и успеа да израмни на 5:5 за потоа да направи брејк и да поведе со 6:5, и на негов сервис да го земе сетот со 7:5.
Тука веќе јасно беше дека Монфилс немаше шанси, од 2:0 Федерер се враќа на 2:2, петиот сет беше лесен и Федерер го доби со 6:2. :)

Џокович - Нишикори и Федерер - Чилич се полуфиналните парови. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Што ли се случи во полуфиналето? :eek: за Новак уствари знаев дека ќе изгуби ама мислев дека во финале ќе биде тоа, а за Федерер бев ваков :eek.

После феноменалното враќање против Монфилс, Федерер изгледа мислеше и Чилич е таков ама Чилич е далеку подобар од Монфилс и си ги искористи дадените шанси. Ги доби првите два сета и после тоа очекував Федерер пак да одигра како против Монфилс а тоа уствари Чилич го зема третиот сет и со 3:0 си стигна до финалето.
Дали уморот после долгиот меч против Монфилс или пак Федерер го потцени Чилич, едно од овие две мора да е. Отиде изгледа и последната шанса за грен слем титула :( баш ми е жал.
Прво финале на грен слем во кариерата на Чилич, посакувам да го освои. :)

Новак малце подолго играше, 4 сета ама изгуби со 3:1. Нишикори му држеше лекција во еден дел од мечот, ама се знаеше дека Новак нема да има сили за титула, прашање на време беше кога ќе изгуби. :)

Прв пат после 2005 гледаме грен слем без Федерер, Новак и Надал. 11тиот и 16тиот носител во своите први финалиња во кариерите ќе се борат за титулата на последниот грен слем годинава и за награда од 3 милиони долари. :)
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Леле еј монолог :D. Јас многу слабо го следам последниов Грен Слем за оваа сезона. Значи кај мажите ќе гледаме финале Чилич-Нишикори. Јас ќе си навивам за Марин, по Балкански линија.:)
А од кај женските јас сум за Серена но Возњацки се покажа доста добро на турниров.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Леле еј монолог :D. Јас многу слабо го следам последниов Грен Слем за оваа сезона. Значи кај мажите ќе гледаме финале Чилич-Нишикори. Јас ќе си навивам за Марин, по Балкански линија.:)
А од кај женските јас сум за Серена но Возњацки се покажа доста добро на турниров.
Епа слабо се прати тенис затоа монолог. :D
И јас сум за Марин иначе, после такво полуфинале би сакал да освои. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Чилич мајсторе, доволно е само тоа. :)
Прва грен слем титула во кариерата. Следната година да освои уште една. :)
Браво и за Нишикори што стигна до финалето. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Победа на Федерер против Новак за финале во Шангај. Каков ќотек си доби србинчето глупо аууу, газии го мајсторе.
Онака брзински и шампионски 2:0 за Федерер. Во првиот сет Федерер многу подобар, 2 брејка беа доволни, во вториот сет Новак покажа знаци на живот ама ништо. Спаси мислам декка 10тина брејк топки и 5 аса имаше, добар беше и на прв сервис убаво ги враќаше ама џабе беше се, Федерер одигра послаб втор сет дури едно време мислев ќе го сврти мечот србинов.
Лекција по тенис си доби педерчето нека учи малце. Браво мајсторе. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ана-Каренина