Тајната за успех на една врска

Lilo

Нов член
22 февруари 2012
11
4
3
Довербата пред се'. Не дека не се битни компатибилноста, љубовта, до некаде сличните желби и интереси во врска со животот.....И се' ова да функционира совршено, ако ја нема довербата од која било страна, се' паѓа во вода. :(
 

raim

Нов член
22 февруари 2012
12
4
3
30
Во една врска дефинитивно треба да има доверба помеѓу двајцата партнери ако ја нема тогаш ништо од врската џабе ја имате тогаш само си губите време..;)
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Да не се водат партнерите по никакви однапред пишани „правила“ за врска, да живеат за моментот и да го споделуваат со саканиот/саканата, правејќи го сето тоа на искрен и чесен начин.
 

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Најголемиот и клучен фактор е двајцата да си одговараат, да бидат свои кога се заедно, значи комуникацијата треба да е на високо ниво. Најважна според мене е комуникацијата и вниманието кое си го посветуваат.
Понатаму сексот. Доколку не си одговараат во кревет, ма колку и да си веруваат, колку и да се разбираат, џабе е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nikica92 and Black Mamba

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Нема тајна.
Нема правила.

Секој различно реагира на околината, кај секого е различен степенот на толеранцијата. Она што можеби за некој е совршена релација помеѓу него и неговиот партнер, за друг да биде на исто рамниште со седмиот круг на Пеколот.

За мене на пример, не е толку важно да зборуваме на ист јазик ако дискусијата завршува со поглед кој го става печатот колку си припаѓаме всушност еден на друг вистински...
Или во превод, не очекувам да си гугукаме, да се слушаме по 100 пати дневно, да се држиме за раче, да сакаме исти филмови, иста храна...за да си докажуваме колку се љубиме.
Сакам да бидеме голи еден пред друг (иф ју ноу ват ај мин) и да се чувствуваме моќно поради тоа.

И нормално да имаме СЕКС не секс. Зашто да не се лажеме размената на течности разменува и сопствен печат и начин на дефинирање на убавината во врската.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Па ако мојата врска ја сметам за успешна (3 години минаа без раскинување, плус 2 со раскинување ;) ) мислам дека најмногу заедно не одржува довербата и либералноста. И секако - пријателството.
А да, ќе заборавев. И најмногу, добриот секс.