Студентски прашања

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Темата ја отворам за сите оние кои се на факултет или допрва ќе се запишуваат, за сите нејасни прашања околу факултетите..

Е сега, моите прашања се следните:
Како што веќе знаете, министерот за образование Панче Кралев прави напори да се преведат што повеќе книги на македонски од англиски јазик (стручни)
Во план сум да се запишам на електорнски бизнис на Економскиот во Скопје, но се двоумам баш поради англискиот јазик, сепак е полесно да се учат стручните предмети на мајчин јазик. Не дека не го владејам јазикот.
Имам едно прашање, да ми одговори некој кој има некакво сознание. Дали ќе се преведуваат стручни економски книги?
И, доколку некој на форумот е на економски, дали ќе може да ми каже отприлика кои се квотите за е бизнис, маркетинг..?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Не ме сфаќај погрешно ама како сакаш да студираш е бизнис или маркетинг без да го знаеш англискиот? Верувај подобро ти е сама да си створиш навика за учење и читање литература на англиски, зашто стручниот англиски не е заебанција, пошто имаш многу стручни термини за кои нема превод, бидејќи развиените економии имаат поразвиени науки и повеќе инструменти и начини на работа од кај нас, па така кај нив има повеќе зборчиња со различно значење што кај нас се преведуваат како еден збор. За твое добро е да си читаш на англиски. На страна фактот што преводите горе доле се за нигде. Ако ги чита лаик во одредената област се супер, ама кога ќе земеш да прочиташ од својата област сваќаш колку се безврска. А ако ти е само за дипломата батали го ова погоре што го пишав
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot and Marrie

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Убаво го владејам англискиот :D И тоа многу, но сепак е полесно да се учи на македонски отколку на англиски. И мене ми е поради стручните поими..не дека не ќе разбирам или нешто. Ах, не е лесно кога си пред упис.. :D знаеш веројатно.

Што му се думам не знам ни јас.. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jericho

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Јас сум на економски и ако мислеше за бодовната скала многу полесно можеш да влезеш на маркетинг отколку на е-бизнис. На маркетинг многу лесно се влегува и во државна квота отколку на е-бизнис :);)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marrie

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Знам дека е полесно на маркетинг. Мислев општо за сите како е квотата. Но годинава ќе се намалува на другите, ќе се зголемува на електронски.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
е не знам тоа мислам дека пишува на страната на економски провери :) за друго нешто ако те интересира слободно прашај :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marrie

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Ах бе, не било воопшто лесно да се одлучиш кај ќе се запишуваш... :)
Не дека нема да ми оди на англиски дека е електронскиот.. или дека нема да ме примат во државна квота, од оценки 60 поени ќе имам, матурата да ја направам солидна, тоа и ќе биде. Но, паники, паники.. хах :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky