Како што и кажав, луѓето слепо ги доживуваат своите промени, телото е една работа , духот е друга работа.
Јас не знам како луѓето поминуваат од едно раѓање до друго, ако веруваме дека има друго раѓање... источните школи велат дека има...
Малку е надмено да се зборува за другите како минуваат... се надевам само дека стануваат подобри луѓе, заради човештвото.
Сепак треба да се заборави вековниот изграден негативниот став за староста и смртта ... како да е тоа нешто кое може да се избегне или пак да се ублажи... реков претходно:
„Гледајте само да не го осакатите телото со премногу алкохол и супстанции од една страна и нездрав живот полн со нервози од друга страна сега, во вашата младост...
Првото ќе ви ги уништи органите и ќе ја забрзате смртта ако го силувате, второто ќе ви ги изгори нервите и телото ќе ви стане неподнослив терет за духот.
Староста е природен процес која што е огледало на животот во младоста.“
Во духот сите тие промени се присутни, а во телото периодично, една па друга промена, но никогаш сите истовремено.
Лесно се уочував кој живее телесно,а кој духовно.
Ти зборуваш за квалитетен живот , кој на кого му е огледало.Староста е огледало на младоста.
Кога се зборува за споредби, потребно е да се насочи мислата... како горе, така и доле,а не како лево така и десно.
Сепак , тоа е твое расудување, може само да го почитувам .