Страв од старост

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
92

Јас не знам како луѓето поминуваат од едно раѓање до друго, ако веруваме дека има друго раѓање... источните школи велат дека има... :)
Малку е надмено да се зборува за другите како минуваат... се надевам само дека стануваат подобри луѓе, заради човештвото.

Сепак треба да се заборави вековниот изграден негативниот став за староста и смртта ... како да е тоа нешто кое може да се избегне или пак да се ублажи... реков претходно:

„Гледајте само да не го осакатите телото со премногу алкохол и супстанции од една страна и нездрав живот полн со нервози од друга страна сега, во вашата младост...
Првото ќе ви ги уништи органите и ќе ја забрзате смртта ако го силувате, второто ќе ви ги изгори нервите и телото ќе ви стане неподнослив терет за духот.
Староста е природен процес која што е огледало на животот во младоста.“
Како што и кажав, луѓето слепо ги доживуваат своите промени, телото е една работа , духот е друга работа.
Во духот сите тие промени се присутни, а во телото периодично, една па друга промена, но никогаш сите истовремено.
Лесно се уочував кој живее телесно,а кој духовно.
Ти зборуваш за квалитетен живот , кој на кого му е огледало.Староста е огледало на младоста.

Кога се зборува за споредби, потребно е да се насочи мислата... како горе, така и доле,а не како лево така и десно.

Сепак , тоа е твое расудување, може само да го почитувам .
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Сепак , тоа е твое расудување, може само да го почитувам .

Духот? :) Ок. Смртта секогаш се поврзува со вакви фрази врзани за религии и учења за „духовното“. А ние зборуваме за променливоста на телото и смртта на истото. Бараш платно за да го покриеш лешот за да ти изгледа се подобро... зборував за тоа наназад, не знам зошто мора да ми докаже некој дека така прави мноштвото... во сенешто бара заборав за тоа дека старееме и мора да умре телото. И не треба да има страв или да се измислуваат „духовни“ состојби за да не се мисли на реалноста.
Напротив, треба човек да е свесен дека мора во рамките на своите наследни гени да направи колку што може повеќе и подобро, според негово разбирање (негов пат нели) за да староста ја разбере во многу подруго светло отколку како нешто сиво, болно итн итн... кое влева страв и потсетува на смрт.

Многумина не веруваат дека има „духовно“ или спиритуално или не знам какви се не бомбастични фрази кои се користат за се и сешто, и кога треба и кога не треба... има и такви кои знаат подобро за овие ствари и сепак не ги мешаат кога се работи за умирање на телото како неизбежен процес да се искуси физичка смрт. Постои и друга смрт, смрт на волјата - кога се исчезнува како причина додека си жив меѓу луѓето на Земјата... но за тоа, некогаш ќе зборуваме подетално, не е за на форум.

Така да, не е мудро да се расфрла човек со такви фрази како духовно, дух итн итн како нешто мистично за да се покрие лешот кој што се менува и старее... ќе испадне атеистите немаат страв од ништо и не постигнуваат ништо, бидејќи „духовно“ немаат :)
Немој така, да не отфрламе никој во играта на животот и смртта: секој со својот пат.

Страв од староста не треба да има... од смртта уште помалку. Се е тоа искуство низ животот. Младите не треба да забораваат дека ќе бидат стари, треба да бидат како атлетите кои трчаат на маратони... старо-еонските дрдорковци кои од смртта создадоа жив леш за да заплашуваат со гревови и судења ќе исчезне полека... не може одеднаш.

42км ќе се поминат вака или онака... битно е да се знае кога да се трча побрзо, кога да се штеди енергија... тоа е животот, тоа е умирањето.

П.С. Би цитирал цитати од помудри и поначитани луѓе од мене и од тебе, со многу искуство, но мислам дека ќе е залудно. И ова е залудно што го пишувам сега - и ќе биде последно. Немам друг став или мислење освен ова што досега го напишав.
Мислам дека е доволно за некој со просечна интелегенција да разбере каков став имам во однос на темата... нормално, не мора да се сложи со мене. Другата опција е страв од староста како симбол или предворје на смртта. :)
 
-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
92
Хепа бе, и за ова ли да се расправаме??
Ти си тој што употреби термин "духот" , јас додадов дека тело е една работа, а духот сосема нешто друго, немој сега зачудено да се однесуваш као .... паднат од марс со прашалници за духот.
Еве што напиша,....

„Гледајте само да не го осакатите телото со премногу алкохол и супстанции од една страна и нездрав живот полн со нервози од друга страна сега, во вашата младост...
Првото ќе ви ги уништи органите и ќе ја забрзате смртта ако го силувате, второто ќе ви ги изгори нервите и телото ќе ви стане неподнослив терет за духот.
Староста е природен процес која што е огледало на животот во младоста.“
Не точно, терет на душата да, ама не и терет на духот.

Старееш Хепта, деменција,а?:kafe
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
a da ja procitate biblijata !
za da ne lutate vo matni i opasni vodi !?
Која библија? Православната, католичка, хебрејскиот закон познат како „стар завет“...?
Мислам дека секој ги прочитал...
Поопасно од несмасно верување и надеж дека нештата ќе бидат добри за бедните по дух не се опасни води?
Изгледа ти си тој што не си ја читал библијата... ниту православната ниту пак како што велат тие, некоја од секташките библии...
И тоа нема врска со стравод од старост. Ако бараш утеха во религиите за својата старост - не го разбираш животот. Бегаш од реалноста и бараш спас во верување дека нештата ќе бидат како што ти мислиш дека треба...
Тоа е опасно.

Како што и кажав, луѓето слепо ги доживуваат своите промени, телото е една работа , духот е друга работа.
По се изгледа не ме разбираш што подразбирам кога велам дека телото станува терет за духот, па зборуваш тоа што зборуваш... за primum mobile if like мислев кога велев дека станува терет телото... моја грешка е што по автоматизам сум додал за духот, видов и веќе беше касно да се поправам или да се објаснувам што за мене кој што се заморува со кабала значи дух или душа, бидејќи е залудно... сум употребил таков хиероглиф кој секој му е дозволено да го разбира како сака и заборавам дека не секој знае што од каде како доаѓа како поим, симбол... без да се знае философијата и школите од каде потекнува тој поим.

Вилијам Блејк вели, а јас се сложувам (бидејќи не само кај него постои ова мнение) во врска со телото и духот што го „заробува“ заради нужност:

All Bibles or sacred codes have been the causes of the following Errors:
1. That Man has two real existing principles, viz. a Body and a Soul.
2. That Energy, call’d Evil, is alone from the Body; and that Reason, call’d Good, is alone from the Soul.
3. That God will torment Man in Eternity for following his Energies.

But the following Contraries to these are True:—
1. Man has no Body distinct from his Soul; for that call’d Body is a portion of Soul discern’d by the five Senses, the chief inlets of Soul in this age.
2. Energy is the only life, and is from the Body; and Reason is the bound or outward circumference of Energy.

П.С. Не да стареам... ти на мои години нема да знаеш уплатница да си пополниш со име и презиме. Не ми се смеј на староста и сенилноста :) Со 10 луѓе муабети на секакви теми, човек заборава дека некои работи другиот ќе ги разбере во сосема нивно друго светло...
3. Energy is Eternal Delight.

  • Ми се допаѓа
Реакции: -alf-

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Ептен сте забегале од темата. Страв од старост и страв од смрт не е исто. Не денес, кога секојдневно сме сведоци дека животниот век е намален. Смртта не бира години. Имав комшивче кое почина на улица, сред игра, на 12год. од мозочен удар. Имам другар кој само со чудо(велам само со чудо зошто докторите од овде го испратија за Скопје без никаква надеж, само зошто родителите беа упорни) , пред 10год. преживеа страшен мозочен удар, на своја 21год. Тетка ми почина од карцином пред да наполни 50.
Ниту пак староста има врска со духот. Познавам толку многу стари лица што се подруштвени, повитални, поисполнети за разлика од млади, кои се осамени, празни, без воља и енергија. Сѐ е индивидуално. Уште можам да кажам дека се почесто заприметувам дека всушност мажите се тие кои повеќе се плашат од стареење отколку жените. Мислам дека жените повеќе ги плаши физичкото стареење, изгледот, додека мажите се плашат од емотивните загуби, осаменост, депресивност, или дека ќе бидат нечив товар.
Дали се плашам од старост? Не. Можеби се плашам дека нема да ја дочекам.
Но, не губам надеж:). Дури можам и да си се замислам, со по некоја брчка околу очите, малку крај устата, старосни пеги на дланките, косата собрана во плетенка и префрлена на едното рамо.... Нее, не сум крај огниште, се шеткам низ дрвјата, во шумата која е блиску до малата куќичка која допрва треба да се изгради и му се радувам на сонцето кое ѕирка низ гранките давајќи им сјај на очиве кои не стареат.
 
Сонце, па ти потсвесно го покажа својот страв од смртта.:(
 
Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Сонце, па ти потсвесно го покажа својот страв од смртта.:(
Свесно го покажав својот страв од Рана смрт и надежта дека ќе ме избегне па ќе дочекам колку толку старост.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Свесно го покажав својот страв од Рана смрт и надежта дека ќе ме избегне па ќе дочекам колку толку старост.
Ми се допаѓа што акцентот е ставен на „Рана/предвреме“ :)