Стихови од Библијата

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Ај кажи ми каде ке одат неправедните?
Безбожните луѓе што предизвикуваат страдања ќе бидат осудени и уништени.

1.Коринтјани 15:26 А како последен непријател ќе биде уништена смртта.

Псалм 37:28, 29 Зашто, Јехова ја сака правдата и нема да ги остави оние што му се лојални.Тие ќе бидат заштитени за навек,
а потомството на злите ќе биде истребено. Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: HAZARDER and diva orhideja

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Трета книга Ездра - 6

1.Он ми рече: Од почетокот на создавањето на земниот круг
и пред да бидат установени границите на светот,пред да дувна ветровите.
2.Пред да се чујат гласовите на громот,
пред да болскотат секавиците,пред да се утврдат основите на рајот,
3.пред да се појават убавите цвеќиња,пред да се утврдат подвижните сили,
пред да се соберат безбројните ангелски воинства,
4.пред да се издигнат воздушните височини,
пред да се одмерат размерите на небескиот свод,
пред да се запалат огновите на Сион,
5.пред да се истражувани годините,
пред да бидат оделени оние што грешат сега
и да бидат запазени оние што ја пазеле верата како скровиште,
6.тогаш Јас помислив и се создадов Самиот ,а не преку друг,исто така,
од Мене ќе дојде крајот,а не од некој друг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Не пишувајте мислења едно под друго во краток временски период, користете го копчето „измени“ за да додадете на веќепостоечката содржина
„Сакај го својот ближен како себеси“ (Матеј 22:39)

„Сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, правете им го и вие ним“ (Матеј 7:12)

Библиски начела што водат до мир и слога Размисли пред да кажеш или да направиш нешто (Јаков 1:19). Кога некој те провоцира, не враќај со иста мера (Изреки 26:20). Пред да избувнеш, „оддалечи се“ (Изреки 17:14). Биди спремен да се извиниш (Матеј 5:23, 24). Простувај (Ефешаните 4:32)

ЉУБОВТА раѓа мир
„Љубовта е долготрпелива и љубезна. Љубовта не е завидлива не се фали не се возвишува не се однесува непристојно не ја бара својата корист не се раздразнува не го памти злото... Сѐ поднесува... сѐ трпи. Љубовта никогаш не престанува“ (1. Коринќаните 13:4-8).
 
Последна промена од модератор:

HAZARDER

Истакнат Член
8 февруари 2014
65
172
333
42
псалм 119
Праведен си, Господи, и прави се Твоите судови.
138 Твоите сведоштва што си ги заветувал се правда и величествена вистина.
139 Мојата ревност ме подјадува, зашто моите угнетувачи ги забораваат Твоите зборови.
140 Твоите зборови се испитани многу, затоа Твојот слуга ги љуби.
141 Мал сум и презрен, но Твоите наредби не ги заборавам.
142 Твојата правда е вечна правда и Твојот Закон е чиста вистина.
143 Ме снајдоа тешкотии и неволји; но Твоите заповеди се моја наслада.
144 Вечна е правдата на Твоето сведоштво, вразуми ме, и ќе живеам.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Книга пророк Данаил 2

36. Ете, тоа е сонот, а сега да кажам пред царот и што означува тој.
37. Ти царе, цар над царевите, кому небесниот Бог му подарил царства, власт сила и слава,
38. и во рацете твои ти ги предал сите човечки синови, каде и да живеат тие, сите ѕверови земни и птици небески и те поставил за господар над сите нив, – ти си таа златна глава.
39. По тебе ќе се крене друго царство, помало од твоето, а и трето царство, бакарно, ќе владее над целата земја.
40. А четвртото царство ќе биде цврсто како железо; оти како што железото троши и дроби сè, така и тоа железо што крши сè, ќе дроби и ќе уништува.
41. А тоа што си ги видел нозете и прстите на нозете направени дел од грнчарска глина и дел од железо, тоа царство ќе биде разделено и во него ќе остане само нешто од цврстината на железото, бидејќи си видел железо, измешано со грнчарска глина.
42. И како што прстите на нозете беа дел од железо, а дел од глина, така и царството ќе биде делум силно, а делум слабо.
43. А она, пак, што си видел железо, измешано со грнчарска глина, тоа значи дека тие преку човечкото семе ќе се измешаат, но нема да се слеат едно со друго, како што железото не е слеано со глината.
44. И во деновите на тие царства небесниот Бог ќе подиегне царство кое нема да се разруши никогаш, а тоа царство нема да биде предадено на друг народ; тоа ќе ги победи и разруши сите царства, а само тоа ќе остане вечно.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

37. Ти царе, цар над царевите, кому небесниот Бог му подарил царства, власт сила и слава,
38. и во рацете твои ти ги предал сите човечки синови, каде и да живеат тие, сите ѕверови земни и птици небески и те поставил за господар над сите нив, – ти си таа златна глава.
sliping-beby.jpeg
39. По тебе ќе се крене друго царство, помало од твоето, а и трето царство, бакарно, ќе владее над целата земја.

happy-little-kid-2145013.jpg
download.jpg
40. А четвртото царство ќе биде цврсто како железо; оти како што железото троши и дроби сè, така и тоа железо што крши сè, ќе дроби и ќе уништува.
images (1).jpg
41. А тоа што си ги видел нозете и прстите на нозете направени дел од грнчарска глина и дел од железо, тоа царство ќе биде разделено и во него ќе остане само нешто од цврстината на железото, бидејќи си видел железо, измешано со грнчарска глина.
42. И како што прстите на нозете беа дел од железо, а дел од глина, така и царството ќе биде делум силно, а делум слабо.
43. А она, пак, што си видел железо, измешано со грнчарска глина, тоа значи дека тие преку човечкото семе ќе се измешаат, но нема да се слеат едно со друго, како што железото не е слеано со глината.
511653454_wedding_xlarge.png

44. И во деновите на тие царства небесниот Бог ќе подиегне царство кое нема да се разруши никогаш, а тоа царство нема да биде предадено на друг народ; тоа ќе ги победи и разруши сите царства, а само тоа ќе остане вечно.

images (2).jpg

37. Ти царе, цар над царевите, кому небесниот Бог му подарил царства, власт сила и слава,
38. и во рацете твои ти ги предал сите човечки синови, каде и да живеат тие, сите ѕверови земни и птици небески и те поставил за господар над сите нив, – ти си таа златна глава.
sliping-beby.jpeg

п.с.Осознајте се себеси во сите промени!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

HAZARDER

Истакнат Член
8 февруари 2014
65
172
333
42
[Поговорки - Мудри Соломонови изреки 3:1-8]

Сине мој, не ги заборавај моите поуки, и
твоето срце нека ги чува моите заповеди,
зашто ќе ти ги продолжат деновите и годините на животот и
ќе ти додадат мир.

Нека не те оставаат добрината и верноста,
обеси ги околу својот врат,
запиши ги врз плочата на своето срце,
така ќе придобиеш милост и добро сфаќање
пред Божјите и човечките очи.

Надевај се на Господа со сето свое срце и
не се потпирај врз сопствениот разум.

Мисли на Него на сите свои патишта и
Тој ќе ги исправи твоите патеки.

Не замислувај дека си мудар:
Бој се од Господа и отстранувај се од злото,
тоа ќе биде лек за твоето тело и поткрепа на твоите коски.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Трета книга Ездра 16
50.Како блудница што мрази честита и високо морална жена.
51.така и правдата ќе ја намрази неправдата,која се украсува и ќе ја обвини право в лице,
кога ќе дојде Оној,Кој ќе го брани гонителот за секој грев на земјата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja