Стихови од Библијата

HAZARDER

Истакнат Член
8 февруари 2014
65
172
333
43
Неправедните бегаат и кога никој не ги гони, а праведниците се смели како млад лав. Кога се греши во земјата, управителите и се многу, а со разумен и умен човек управата е постојана. Бедниот човек, кој ги угнетува слабите, е пороен дожд, по кого нема леб. Отстапниците од Законот ги величаат нечесните, а кои го пазат Законот им се противат. Лошите луѓе не ја разбираат правдата, а кои Го бараат Господа, разбираат сè. Подобар е бедниот, кој живее непорочно, отколку богатиот, кој чекори по крив пат.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Колку повеке ја проучувам религијата толку повеке сум убедена дека човекот ништо толку не обожува колку што се обожува сам себеси.Повекемина од нас луѓето се верници само во говорењето а не со делувањето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: balerina

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
1 Тимотеј 2:
11. Жената да се учи во тишина и во секаква покорност!
12. А на жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
1 Тимотеј 2:
11. Жената да се учи во тишина и во секаква покорност!
12. А на жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.
Мирна вода брег рони а МИРНА ЖЕНА ршум прави.Нигде ги нема форумџиите,изгледа фарбале јајца пред зори па уште спијат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

HAZARDER

Истакнат Член
8 февруари 2014
65
172
333
43
Неправедните бегаат и кога никој не ги гони, а праведниците се смели како млад лав. Кога се греши во земјата, управителите и се многу, а со разумен и умен човек управата е постојана. Бедниот човек, кој ги угнетува слабите, е пороен дожд, по кого нема леб. Отстапниците од Законот ги величаат нечесните, а кои го пазат Законот им се противат. Лошите луѓе не ја разбираат правдата, а кои Го бараат Господа, разбираат сè. Подобар е бедниот, кој живее непорочно, отколку богатиот, кој чекори по крив пат.
 

HAZARDER

Истакнат Член
8 февруари 2014
65
172
333
43
Oди по патот на добрите и држи се за патеките на праведниците!
Зашто само праведните ќе ја населат земјата и непорочните ќе останат на неа;
а беззакониците ќе бидат збришани од земјата, и богохулниците ќе бидат искоренети од неа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

HAZARDER

Истакнат Член
8 февруари 2014
65
172
333
43
27-ми Април - Бидете им пример на верните
(26-ти и 30-ти Април: Ширење на добро влијание)

„Биди им пример на верните во словото, во поведението, во љубовта, во верата, во чистотата.” (1 Тимотеј 4:12, Библија)

Сите оние со кои доаѓаме во контакт доаѓаат свесно или несвесно под влијание на атмосферата која што нè опкружува. Нашите зборови, нашите постапки, нашата облека, нашето однесување, па дури и самиот израз на нашето лице има одредено влијание. Секој импулс претставува семе кое што неизбежно ќе ја донесе својата жетва. Тоа е уште една алка во долгиот ланец на човековите случувања, кој што се протега во недоглед. Ако со својот пример им помагаме на другите да живеат според начелата на правдата, со самото тоа им даваме сила да прават добро. Со своето обраќање, тие ќе го вршат истото влијание на други, а овие пак понатаму на други. На тој начин влијанието, за кое што не сме ни свесни, може да биде благослов за илјадници од нив.

Ако фрлите каменче во езеро, тоа ќе создаде кружен бран по кој што следи друг, па трет, и така во недоглед. Круговите ќе се шират сè повеќе додека не допрат до брегот. Исто така е и со нашето влијание. Без наше знаење и без било каква контрола, нашето влијание продолжува да се шири или на благослов или на проклетство.

Колку е поширока сферата на нашето влијание толку повеќе добро можеме да правиме. Кога сите оние што тврдат дека му служат на Бога би го следеле Христовиот пример, практично применувајќи ги начелата на Неговиот закон во својот секојдневен живот; кога секое дело би претставувало сведоштво дека навистина го љубиме Бога над сè друго, а ближниот како самите себе - тогаш Црквата би имала сила да го подигне светот.

Кога младите би се угледале на она што е возвишено и свето, држејќи се до чистиот морал и цврстите начела, додавајќи на тоа и вистинска христијанска учтивост, би имало совршена благородност на карактерот која што би имала пристап насекаде, и силно влијание би се ширело во корист на доблеста, умереноста и правдата. Таквите карактери претставуваат најголема вредност за општеството, вредност што е подрагоцена и од златото. Влијанието што го вршат таквите е битно и за сегашново време и за вечноста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

HAZARDER

Истакнат Член
8 февруари 2014
65
172
333
43
Не завидувај му на насилникот, ниту следи ги неговите патишта,

32 зашто на Господа му се гнасни развратите, а близок е со праведните.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Второзаконие - Петта Книга Мојсеева
Глава 17

2 Ако се најде при тебе во еден од градивите твои, кои Господ, твојот Бог, ти ги дава, маж или жена, што ќе направи зло пред Господа, твојот Бог, и со тоа го престапат заветот Негов,
3 па тргнат и почнат да им служат на други богови, и им се поклонуваат ним, или на сонцето, или на месечината, или на се што е небески, кое Јас не сум го заповедал,
4 и ти биде соопштено, и ти провериш добро; па, ако тоа е вистина, ако е направена таква гнасотија во Израилот,
5 изведете ги тој маж, или таа жена, што го направиле тоа зло, пред вратата и убијте ги со камења, за да умрат.

Колку мирољубиво, нели?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

HAZARDER

Истакнат Член
8 февруари 2014
65
172
333
43
Боже вечен, и Цару на секое создание, Ти Кој ме удостои се до овој час да бидам жив, прости ми ги гревовите што ги сторив денес со дело, со збор или со помисла; и очисти ја, Господи, смирената душа моја од секаква скверност плотска и духовна и дај ми, Господи, сонот во оваа ноќ во мир да ми мине, та станувајќи од скромната постела да му благоугодам на Пресветото Твое Име во сите денови на животот мој, и да ги победам телесните и бестелесните непријатели коишто со мене војуваат.
Избави ме, Господи, од суетните помисли што ме сквернат и од желбите лукави; зашто Твое е Царството и силата и славата,на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena