Стихови од Библијата

HAZARDER

Истакнат Член
8 февруари 2014
65
172
333
43
псалм 119
Праведен си, Господи, и прави се Твоите судови.
138 Твоите сведоштва што си ги заветувал се правда и величествена вистина.
139 Мојата ревност ме подјадува, зашто моите угнетувачи ги забораваат Твоите зборови.
140 Твоите зборови се испитани многу, затоа Твојот слуга ги љуби.
141 Мал сум и презрен, но Твоите наредби не ги заборавам.
142 Твојата правда е вечна правда и Твојот Закон е чиста вистина.
143 Ме снајдоа тешкотии и неволји; но Твоите заповеди се моја наслада.
144 Вечна е правдата на Твоето сведоштво, вразуми ме, и ќе живеам.
 

HAZARDER

Истакнат Член
8 февруари 2014
65
172
333
43
Како безумниот кој фрла гламни, стрели и сее смрт,
19 таков е човекот кој го измамува својот ближен и вели: „Само се шегував”.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ГАЛАТЈАНИТЕ
Глава 4

1 Ви велам пак, додека е наследникот малолетен, со ништо не се разликува од робот, иако е господар на сè.
2 Туку е под настојници и управители до рокот определен од таткото.
3 Така и ние, додека бевме малолетни, бевме заробени под првобитните учења на светот;
4 а кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, роден од жена, роден под Законот,
5 за да ги откупи оние, кои беа под Законот, за да го примиме посинувањето.
6 А бидејќи сте синови, Бог Го испрати во вашите срца: Духот на Својот Син, Кој вика: „Ава, Татко!”
7 Затоа не си повеќе роб, туку син; а ако си син, тогаш си и наследник на Бога преку Христа.
8 Но вие порано, не познавајќи Го Бога, им служевте ропски на боговите, кои по природа не се тоа.
9 А сега, кога Го познавате Бога, или уште подобро: откако Бог ве позна вас - како можете пак да им се враќате на слабите и бедни елементарни учења, на кои сакате пак одново да им служите ропски?
10 Внимавате на деновите, и месеците, и времињата, и годините.

ОТКРОВЕНИЕ НА ЈОВАН
Глава 13

16 И направи сите - мали и големи, богати и сиромашни, слободни и робови
- да им се даде ознака на десната рака или на челото,
(време како мерна единица,зодијак)
17 и никој да не може ниту да купи ниту да продаде, освен оној, кој има ознака: името на Ѕверот или бројот на неговото име.

Откровение: 10:6 и се заколна во Оној, Кој живее во вечни векови; Кој го создаде небото и што е во него, и земјата и што е на неа, и морето и што е во него: дека не ќе има веќе време:placeкако мерна единица)


Робовите на времето ќе бидат ослободени,а календарот уништен.
Излезете од календарот да не загинете заедно со него.

Многу добра книга,с'е што е напишано е пред очите на луѓето!:)

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and HAZARDER

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Псалм 146
3 Не надевајте се на кнезовите, ниту во човечки син, од кого нема спасение!
4 Ако излезе духот од него, тој се враќа во својата земја, и во тој ден пропаѓаат сите негови мисли.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: balerina, Lena and HAZARDER

HAZARDER

Истакнат Член
8 февруари 2014
65
172
333
43
Матеј 7:7-8 MKB

”Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори. Зашто секој кој моли, добива; кој бара, наоѓа, и на оној кој чука, ќе му се отвори.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: balerina and Lena

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Исус рекол: "По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:35). Првите христијани навистина се сакале еден со друг. Љубовта на која нѐ поттикнува Бог ги надминува расните, социјалните и националните бариери и ги обединува луѓето со една нераскинлива врска на вистинско братство .

"Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Pica pica