Но ќе рече некој;
Како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат?
Безумниче,тоа што го сееш ти,нема да оживее ако не умре.
А кога сееш не го сееш телото,кое треба да настане,туку голо зрно,на пример пченично или некое друго;
Но Бог му дава тело,какво што сака и тоа на секое семе негово сопствено тело.
Не е секое тело исто тело:
Друго е телото на животно,друго е телото на риба,друго на птица.
Има тела небесни и тела земни,
но друг е блесокот на небесните и друг на земните.
Друг е блесокот на сонцето,друг на месечината,
инаков е пак на ѕвездите,па и ѕвезда од ѕвезда се разликува.
Така е и со воскреснувањето на мртвите:
Се сее за распаѓање,воскреснува во нераспаѓање.
Се сее во бесчестие,воскреснува во слава,
се сее во немоќ,воскреснува во сила.
Се сее тело душевно,воскреснува тело духовно.
Па така е и напишано,
првиот човек Адам стана жива душа,а последниот Адам животворен дух.
Но не е прво духовното,туку душевното па потоа духовното.
Првиот човек е од земја земјен,
вториот човек е Господ од небото.
36-47
П.П.до Коринтјаните