Стихови од Библијата

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
ПРОПОВЕДНИК
Глава 10


2 Срцето на мудрецот е на десната страна, а на глупецот на левата.


view;_ylt=A0PDoKx8TGBSpwgAiO2JzbkF;_ylu=X3oDMTFxcDAzNDdqBHNlYwNzcgRzbGsDaW1nBG9pZANkMDMzMDE5ZWQ2YTg4NGIzZmE4ZTViZGMwM2MwMTQ1NgRncG9zAzk-
DH43024PN.jpg
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Но ќе рече некој;
Како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат?
Безумниче,тоа што го сееш ти,нема да оживее ако не умре.
А кога сееш не го сееш телото,кое треба да настане,туку голо зрно,на пример пченично или некое друго;
Но Бог му дава тело,какво што сака и тоа на секое семе негово сопствено тело.
Не е секое тело исто тело:
Друго е телото на животно,друго е телото на риба,друго на птица.
Има тела небесни и тела земни,
но друг е блесокот на небесните и друг на земните.
Друг е блесокот на сонцето,друг на месечината,
инаков е пак на ѕвездите,па и ѕвезда од ѕвезда се разликува.
Така е и со воскреснувањето на мртвите:
Се сее за распаѓање,воскреснува во нераспаѓање.
Се сее во бесчестие,воскреснува во слава,
се сее во немоќ,воскреснува во сила.
Се сее тело душевно,воскреснува тело духовно.
Па така е и напишано,
првиот човек Адам стана жива душа,а последниот Адам животворен дух.
Но не е прво духовното,туку душевното па потоа духовното.
Првиот човек е од земја земјен,
вториот човек е Господ од небото.

36-47
П.П.до Коринтјаните
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
П.над Песните:
2:14 Гулабице моја, во каменливи пештери, во стрмните и карпести засолништа! дај да ти го видам лицето и да ти го чујам гласот; зашто твојот глас е милозвучен, а твоето лице е прекрасно!”
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
мене омилен дел во библијата, кај шо се шири љубов ми е Мојсеј ко ке му нареди на израелските племиња да ги убијат сите жени шо не биле невини, да ги убијат сите машки деца а женските деца шо биле невини да ги користат како тие ке посакаат. Исто омилен ден ми е кога во име на вербата во Бога, Богот бара од Исак да го убие синот.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
мене омилен дел во библијата, кај шо се шири љубов ми е Мојсеј ко ке му нареди на израелските племиња да ги убијат сите жени шо не биле невини, да ги убијат сите машки деца а женските деца шо биле невини да ги користат како тие ке посакаат. Исто омилен ден ми е кога во име на вербата во Бога, Богот бара од Исак да го убие синот.
А неомилен дел,кој ти е?
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Исус ко ке речи: Прости им боже, не знаат шо прават пошо то е единственото точно нешто во целата книга. Мразам некој ке ко ке пишува вистина.
Те разбирам,таква е вистината,ќе го пече ,боде во очи и гневи човека додека не го ослободи.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
БИТИЕ - ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 28



11 Стигна во некое место и преноќева таму, зашто сонцето веќе беше зајдено. Зеде еден камен од местото, го стави под главата и легна на тоа место.
12 И виде сон: скала стои на земјата, а со врвот допира до небото, и Божји ангели се искачуваа и слегуваа по неа.
13 Покрај нив е Господ и му зборува: „Јас Сум Господ, Бог на твојот прататко Авраам и Бог Исаков. Земјата на која лежиш ќе ти ја дадам тебе и на твоето потомство.
14 Твои потомци ќе има како и прав на земјата; ќе се раширите на запад, исток, север и југ; преку тебе и преку твоето потомство ќе бидат благословувани сите народи на земјата.
15 И ете, Јас Сум со тебе; ќе те чувам каде и да тргнеш, па ќе те доведам назад во оваа земја; и нема да те оставам додека не го извршам она што ти го ветив.”
16 Јаков се разбуди од сонот и рече: „Навистина Господ се наоѓа на ова место, но јас не знаев!”
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
31
Царството небесно прилега на синапово зрно,
кое човек го зел и посеал на нивата своја.
32
Тоа е најмало од сите семиња,но кога ќе израсне,поголемо е од сите зеленчуци,па станува дури и дрво така што птиците небески долетуваат и се вгнездуваат на неговите гранки.

Ев. според Матеј.