Стихови од Библијата

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Езекиел 23.

1 Ми дојде Господово слово:
2 ”Човечки сине, си биле две жени, ќерки на една мајка.
3 И му се оддадоа на блудството во Египет, блудствуваа во младост: таму им ги стискаа градите, им ги гнечеа девојчинските дојки.
4 На постарата името и беше Ола, а на сестра и Олива, двете станаа Мои и Ми родија синови и ќерки. Еве им ги имињата: Самарија е Ола, Ерусалим Олива.
5 Ола, иако Ми припаѓаше Мене, му се предаде иа блудството; се распали по љубовниците, за Асирците, за своите соседи,
6 облечени во сино кадифе, се сами кнезови и намесници, убави момчиња, вешти коњаници.
7 И му се предаде на блудство со нив, се одбор асирски синови; и пламнувајќи по нив, се онечисти со сите нивни идоли.
8 А не се откажа ни од блудството со Египетците, кои што лежеа со неа од нејзината младост, кои што и ги гнечеа моминските дојки и на неа го излеваа својот блуд.
9 И затоа ја предадов во рацете на нејзините љубовници, во рацете на Асирците по кои се распалила.
10 И тие ја разголија и и ги пленија синовите и ќерките, а самата неа ја погубија со меч. И така им стана пример на сите жени, бидејќи судот беше извршен над неа.
11 Сестра и Олива го виде тоа, ама се распали уште полошо, и правеше полошо блудство.
12 Се распалуваше по асирските синови, се сами кнезови и намесници, по своите соседи, облечени раскошно, вешти коњаници, одбор момчиња.
13 И видов како се онечисти: обете тргнаа по ист пат.
14 Но оваа му се предаде уште полошо на блудство: кога би видела маж насликан на ѕид, ликовите на Халдејците нацртани со црвенило,
15 со бедра препашани со појас, со спуштени превези на главите - се; јунаци, вистински Вавилонци, родум од Халдејската Земја -
16 туку што би ја здогледала нивната прилика, сета би се распалила по нив та им испраќаше пратеници во Халдејската Земја,
17 Вавилонските синови дотрчуваа при неа на љубовната постела, за да ја онечистат со блуд. А кога ќе се извалкаше со нив, и се згадуваа.
18 Но се разгласи нејзиното блудствување, се откри нејзината голота и Мојата душа се одврати од неа, како што се беше одвратила од нејзината сестра.
19 Зашто таа му се предаде на уште полошо блудство, спомнувајќи си за деновите на својата младост кога му се предаваше на блудството во Египет,
20 распалувајќи се по развратниците, на кои машката снага им беше како на магаре, а изливот како кај коњите.
21 Така пак му се врати на срамот на својата младост, кога во Египет и ги притискаа градите кога и ги гнечеа моминските дојки.

Старозаветна јебачина.:rofl
Како што наведува пророкот Езекиел, во стар Египет и Асирија имало луѓе со огромни пениси (магарешки) кои што ејакулирале како - коњи!?
Гмечењето гради (цицки) бил омилен фетиш на злите асирци а блудните и неверни жени израилски обожавале да им се сврши на гради (како што посочува 8.стих)
Дури имало и секс со неживи предмети (идоли) веројатно некакви прото-дилда.
И блудни мисли при гледање на слики по ѕидови. Прото-порнографија.
Зборот `блуд` е споменат околу 700 пати.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Трета книга Ездра
4
5.Појди и измери ја тежината на огинот или измери го дувањето на ветерот или врати ми го денот што поминал.
6.Јас одговорив:Кој човек може да го направи тоа што го бараш од мене?
7.А тој ми рече:Ако би те прашал колку живеалишта има во морскот срце или колку извори има во основата на бездната или колку жили има над небесниот свод и какви се пределите на рајот.
8.ти можеби ќе ми одговореше:во бездната не сум слегол,ниту во пеколот,а и на небото никогаш не сум се искачил.
9.А сега те прашав само за огинот,ветерот и денот што си ги преживеал.без што не можеш,а ти на тоа не ми одговори.
10.Потоа ми рече:Ти неможеш да ги познаваш ни она што е твое и што било со тебе уште од младоста.
11.како тогаш твојот сад би можел да го смести во себеси патот на Севишниот и во овој очигледно расипан свет-да ја разбере расипаноста,која е очигледна за мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
„И пред престолот како стаклено море, слично на кристал; а меѓу престолот и околу, четири живи суштества, полни со очи и однапред и одназад.
Првото живо суштество личеше на лав;
а второто живо суштество на јунец;
третото живо суштество имаше лице како на човек;
а четвртото живо суштество личеше на орел, што лета.

И секое од четирите живи суштества имаше по шест крила, полни со очи наоколу и одвнатре; и немаат починка ни дење ни ноќе, велејќи: „Свет, свет, свет е Господ Бог Сèмоќниот, Кој беше и Кој е и Кој иде.“ - Визијата на Јован, Глава 4

ada.png



 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Јован: 2:19 А Исус им одговори и рече: „Разурнете го овој Храм, и ќе го подигнам за три дни!”
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
21
Во законот е напишано:
"На други јазици и со друга уста ќе му зборувам на овој народ,но и така нема да ме послуша,вели Господ.
22
Затоа јазиците не се знак на оние што поверувале,туку за оние што не поверувале;
пророкувањата,пак,не се за оние што не веруваат,туку за оние што веруваат.
24
Но ако сите пророкуваат,а дојде некој прост човек или безверник,него сите ќе го обвинат и сите ќе го осудат.
25
така што тајните на срцето ќе му се откријат,
и тој ќе падне на колена ќе му се поклони на Бога и ќе рече:
"Навистина,Бог е со вас."

Прво послание до Коринтјаните
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
10. А кога Господ, твојот Бог, ќе те доведе во земјата за која им се заколна на твоите татковци, на Авраама, на Исака и на Јакова, дека ќе ти ја даде тебе: - со големи и убави градови, што не ги ѕидаше;
11 со куќи полни со секакво благо, што не си ги полнил; со ископани кладенци, што не си ги копал; со лозја и со маслинови градини, што не си ги садел - и кога јадеш и ќе се наситиш:
12 внимавај да не Го заборавиш Господа, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството.
13 Бој се од Господа, од твојот Бог; искажувај Му Нему почитување; заколнувај се во Неговото име.
14 Не одете по други богови, од боговите на другите народи што се околу вас.
15 Зашто Господ, твојот Бог, што стои во твојата средина, е ревнив Бог; гневот на Господа, на твојот Бог, би пламнал против тебе и би те истребил од земјата.
16 Не искушувајте Го Господа, својот Бог, како што Го искушавте кај Маса.

Не знам на моите татковци ниту едне бог не им се заколна дека ќе ги однесе некаде! Ниту пак моите предци се евреи! Авраам и Исак и Јаков се евреи и евреите беа во Египет во тие времиња... не разбирам од каде македонците библиски народ! Заради онаа од Солуна града која избега од своите богови и ги слушаше зборовите на туѓите богови?
Чудно... и дискутабилно во врска со еврејскиот бог и верата кај Македонците! ;)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
"Стравот од Господа е почеток на мудроста.
Но безумните ја презираат и мудроста и поуката"

יִרְאַת יְהוָה, רֵאשִׁית דָּעַת; חָכְמָה וּמוּסָר, אֱוִילִים בָּזוּ

Не е почеток на мудроста туку на ЗНАЕЊЕТО! Да'aт e Знаење не мудрост!
И текстот би бил: Страхопочита кон Адонај е почеток на Знаењето (דָּעַת). Разбирањето (חָכְמָה) и Дисциплината(מוּסָר), будалите ги презираат!

Разликата е голема нели. Едно е да Знаеш, друго е Мудроста. Видете го Дрвото на Животот. Дури и еврејските кабалисти Знаењето го поставија во Бездната, а мудроста е веднаш до Круната, после Разбирањето, Големото Море, Бина.
И оваа страхопочит не значи да се плашите од Адонаи - еврејскиот бог! Ами за да го избегнете Да'aт, лажната сефира на Дрвото на Животот треба да се стремите кон горните Три Сефироти и да не бидете со презир кон нив.
Ви требаат Бина - Разбирање што е над Да'aт и Бездната и која будалите ја презираат. :)
Малку еврејски мистицизам, сепак Тората, Стариот Завет се кабалистички книги, еврејски мистицизам :)

И така :) Малку појасно или... ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата


יִרְאַת יְהוָה, רֵאשִׁית דָּעַת; חָכְמָה וּמוּסָר, אֱוִילִים בָּזוּ

Не е почеток на мудроста туку на ЗНАЕЊЕТО! Да'aт e Знаење не мудрост!
И текстот би бил: Страхопочита кон Адонај е почеток на Знаењето (דָּעַת). Разбирањето (חָכְמָה) и Дисциплината(מוּסָר), будалите ги презираат!

Разликата е голема нели. Едно е да Знаеш, друго е Мудроста. Видете го Дрвото на Животот. Дури и еврејските кабалисти Знаењето го поставија во Бездната, а мудроста е веднаш до Круната, после Разбирањето, Големото Море, Бина.
И оваа страхопочит не значи да се плашите од Адонаи - еврејскиот бог! Ами за да го избегнете Да'aт, лажната сефира на Дрвото на Животот треба да се стремите кон горните Три Сефироти и да не бидете со презир кон нив.
Ви требаат Бина - Разбирање што е над Да'aт и Бездната и која будалите ја презираат. :)
Малку еврејски мистицизам, сепак Тората, Стариот Завет се кабалистички книги, еврејски мистицизам :)

И така :) Малку појасно или... ?
Не.
Јас би рекла почеток на мудроста.
Знаење е масло на умот,во мудроста се совпаѓа умот и духот.

Освен тоа зошто би ти верувала дека е знаењето?
Може твојата книга на законот те нејзините издавачи си го имаат тоа обработено во нивна полза.


Пс.Преводот на ова

יִרְאַת יְהוָה, רֵאשִׁית דָּעַת; חָכְמָה וּמוּסָר, אֱוִילִים בָּזוּ

Кажува дека стравот од Бога е почеток на мудроста :)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Ама ти не ме читаш. Каква Книга на Законот, ова е извадок од Стариот Завет на еврејски, оригинал и ти укажувам на превдот дека не треба Страв туку Стравопочит, не треба Мудрост ами Знаење!​
יִרְאַת יְהוָה, רֵאשִׁית דָּעַת

Последниот збор е Да'ат и не значи мудрост, значи ЗНАЕЊЕ. Стравопочита кон Адонај е почеток (РАШИТ на еврејски) на ЗНАЕЊЕТО ДААТ! Ќе мора да научиш малку еврејски :)

Додека

חָכְמָה וּמוּסָר, אֱוִילִים בָּזוּ

Првиот збор Хокма значи Мудрост. Мудроста и Дисциплината будалите ги презираат!

На македонски кој преведувал во библијата, да корегира!
Затоа и се толкува како стравот е најдоброто нешто кај христијанинот, заедно со она „бедни по дух“ за да се спасат!

П.С. Не ти барам да ми веруваш, повели провери си сама,преведи си од еврејски на „нашки“ :)

П.П.С. И ете не далеку од твоето толкување на овој стих,како и на многу христијани :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena