Спортска култура (навивачки групи)

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Ајде овде да позборуваме за тоа до кое ниво е дојдена македонската спортска култура. Говорам општо. Многупати имам забележано, дали на телевизија или во живо кога ја свират химната на противничката екипа, нашиве сељаци почнуваат со исвиркувања и довикувања. Е во тој момент ми доаѓа да пропаднам во земја, па која нација, која цивилизација сме ние бре, шо демек со тоа го пумпаме егото или докажуваме дека сме нешто подобри од другите... стварно е за жалење таквата ситуација.
Друго нешто шо ме нервира е примитивното однесување на некои навивачки групи. Моментот кога домашната навивачка група ќе почне да ги вади столовите од салата во која и друг ден треба да дојде и да ги фрла на теренот е врв на глупоста и апсурдот.
Во многу случаи во салите оставаат само по 2-3 полицајци кои се само неми гледачи на целата "претстава" и не смеат да мрднат со прст оти на крајот тие ќе го јадат.
Дали овластените лица навистина се немоќни или намерно се прават удрени како би имале некои други привилегии ? Типувам на ова второто.

Факт е дека треба уште многу да работиме на спортската култура и организацијата на домашни спортски натпревари.

Дали можеби вие сте имале некакви искуства кои сакате да ги споделите ?
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
иду цел живот на кошарку, мноо е екстра, какф адреналин, куманофци навиваф најбоље : )
клипче е одамна, ама убаво се сеќам како устфари беше...​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dare

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
За нашиве немам зборови. Не ни одам веќе на градски да гледам утакмица. Цело време викаат, урлаат, незнаат ни една песна да испеат. Фати ли топка некој црнец, грк или некој што е многу омразен и му викаат, наместо да си гледаат за својата репрезентација/клуб да ја мотивираат да игра со некоја песна.
 

Dare

Староседелец
15 јули 2012
84
86
618
Таа појава на недолично навивање не е само кај нас, сетете се на европското во Полска колку инциденти имаше, некаде на црнците им фрлаат банани итн. има многу вакви примери секаде низ светов...не би рекол дека ние сме нешто полоши од другите во тој поглед.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Следам ракомет и фудбал, навивам за Фк и Фк Охрид... Рибари се присутни секогаш на утакмиците.
Едино не ми се допаѓа кај навивањето во Македонија што има етнички навреди и многубројни инциденти. Тоа да го снема ќе биде супер.
 

Wild.One

Истакнат Член
17 јуни 2012
197
147
343
Wonderland
Баш немам приметено некој да довикува додека се пее химната на противниците. Следев многу натпревари во Србија на европското и такво нешто немаше баш аплаудираа на крајот.
Мирче_мкД за полицијата не си во право. Батали фудбал, дали имаш гледано натпревар во кошарка? По колку т.н желки стојат околу навивачи и што се прават ако навивачите ја преминат границата (сум била во таква ситуација :ladno ).

Да се навратам на темата.
Има доста добри навивачки групи во Македонија, ама има и некои кои одат само да се испозакачат со навивачите на противниците и да си заминат, едноставно да шират омраза и етнички навреди. Освен Лозари како мои омилени нормално, Фемили Аеродром ми се свиѓа како навивачка група и тоа само заради тоа што немаат испод 18 години навивач, барем јас така приметив. :)

Да си позборувам малку за моите.. Сите зборат вака-нака за Лозари, а никој нема направено за градот, клубот и спортистите колку нив. Премногу се ангажирани момците. Кајнив најмногу ми се допаѓа тоа што сами се снаоѓаат за финансии, продаваат карти на натпревари на ФК Тиквеш, а сега и акцијата "Јас ги поддржувам Лозари" и гласно и јасно ке кажам дека ФЕНИ е:cenzuraн денар не дади за навивачите затоа и ја немаа целосната поддршка од Лозари.


Какви такви најмногу си ги сакам... И еве што се дешава меѓу сезона, направија вистински спектакл во чест на нашиот Трајко Каров ....


и ова е моментот :frantic

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Дел сум од навивачка група и често идам на стадион..и нормално е да има навредување и такви работи :)..не е библиотека, стадион е на крај краева :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi and parvati

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
леј Кумани се собрале на обичан тренинг на КК Куманоо и напраила лом, бакљаду и драње од навивање
одвај чекам да почне сезона, смрт ги е на сфи тимови кд ке дојдеф у Куманоо, драње!​
 

Wild.One

Истакнат Член
17 јуни 2012
197
147
343
Wonderland
Денес на натпреварот Тиквеш - Охрид 2004 ... Мераци беше :)
387024_455458174487370_590068701_n.jpg


553726_455445994488588_557503830_n.jpg


parvati Поздрав!!! :giggle

424380_357407024292486_334078594_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati