За да им докажеш на Грците дека си Македонец, треба да знаеш како да им го докажеш тоа, и на која Македонија си горд, и како таа Македонија е твоја. Затоа почнуваме од Александар... и не можеш да речеш дека „ти е гајле чиј бил Александар“, бидејќи тие секогаш ќе ти речат дека Аристотел му бил учител, верувал во Зевс, а не во Перун, имал нивна култура, а не твоја. И ако им речеш „не ми е гајле“ ќе ти речат, „епа, нас ни е, и наш е“ и нема да знаеш што да им одговориш.Каде јас нешто пишав за Александар?
Да речеме мене гајле ми е чиј бил Александар, но јас горд сум на тоа што знам дека мои прадедовци и баби гинеле за време на војните и турско за сега јас да бидам слободен. Горд сум на тоа што ослободиле за сега јас, моето семејство, моите другари да живееме на свое, а не оставиле да бидеме друга држава. Горд сум што се потрудиле на овој народ да му остават бројни песни, ора, храна, кои се печат за Македонија. Кога идам во лето на одмор и стапувам во конверзација со некој мој врсник од Италија, Австрија, Шпанија или кај и да сум бил и кога збориме за нашите градови и држави имам со што да му се пофалам. Не се фалам со ацета, со дпмне или сдсм, ама му се пофалувам со она што нуди мојата земја и што прави боље да се чувствувам.
Ти може живееш во Тетово и секој ден гледаш кечиња, но јас живеам на место каде го нема тоа. Почитувам други националности, но дали тоа според тебе значи дека јас сега треба да прифатам да зборам на друг јазик или повеќе земјата за која се бореле моите прадедовци и прабаби да не ја викам како што се викала туку со некое ново име?? Па и јас веќе да не бидам македонец туку некоја нова националност?
Хмммм што викаш, мозокот некој ми го пере сега или тогаш кога ќе бидеш без сопствен идентитет и кога ќе изгубиш се ќе ти биде поубаво од сега?
Мислиш дека ако повеќе не постојат македонците и Македонија ќе се решат сите проблеми, дека че влеземе во еу, што никогаш нема да биде и нато па ќе избегаш па ќе имаш бољи живот??? Не, ќе те гледаат како едно племе што никој не го сака во своја околина и секогаш некој ќе те понижува на основа на националноста.
За да отидеш во Бугарија и да речеш, јас сум горд Македонец, на моите борци кои се бореле за Македонија, ќе ти речат, е како си горд на Македонија, кога првиот зборник со којшто се гордеете, го напишале Бугари, и го крстиле „Зборник на Б'лгарски народни песни“, кога Гоце Делчев се борел за наши интереси.
За да им речеш на Турците, ни ја упропастивте култура и државата, нѐ уназадивте до бесвест, ќе ти речат, е како кога пола Македонија е полна со потурчени поранешни рисјани, кога сите ваши попови ни помагаа со векови да ви збираме данок, ти ќе им речеш, „е ми е гајле мене за тоа, јас сум си Македонец и ти што сакаш збори, јас сум си горд на мојава држава, и си го сакам својот јазик“.
Нема врска, што со години, јазикот го упропастуваме со внесување такви варваризми, што Блаже Конески моментално седи на некое триножно столче и плаче на „оној свет“. Нема врска, што со години никој не потегнува да се тргне малку од неговата граматика, да се надогради Толковниот речник. Нема врска што, кога се потрудија да направат нов правописен речник, направија таква бламажа што пола Македонија треба да се срами од тоа издание, а не да се гордее...
Нема врска бе, ние ќе си бидеме горди Македонци, ама поим нема да имаме на што сме горди.