Врз формирањето на личноста на детето, негативно може да влијае преголемата попустливост на родителите кон децата, но и преголемата строгост. Во каква личност ќе се изгради детето, зависи од
самиот карактер . Доказ за ова се милион примери кога едни исти родители имаат проблем со едното дете, но не и со другото. Тоа е така бидејќи, покрај семејството (како примарен фактор), постојат и други фактори на социјализација- групата на врсници, училиштето и во поново време мас-медиумите. Како тие ќе се социјализираат, зависи од самите нив- колку "паѓаат под туѓо влијание" или кого ќе го земат како модел на однесување ... Има многу да се зборува на оваа тема, ама не сакам долги постови.
сите деца се различни, сите ние имаме различни каратери
многу се нервирам кога ќе слушнам како некој ми ја наведува околината како влијател во воспитувањето
има влијание, не велам не
но тоа е само лош изговор
во зависност од карактерот ќе се поставиш кон детето
прво и основно - какво е такво е и такво мора да се прифати
најголема грешка е кога се обидуваш да го промениш
на пример ако е бунтовно да го претвориш во послушно
не може тоа
така само уште повеќе се поттикнува бунтовноста
навистина нема рецепт како е најдобро
но никој не може да ме убеди дека дете кое чувствува дека е бескрајно сакано и кое го добива вниманието кое му е потребно, ќе израсне во проблематична личност
на лошо детето враќа со десет пати полошо
може не одма, ама кога и да е, како и да е, ќе врати
околината сме сите ние, стално го велам ова
јас сум дел од околината, моето дете е дел од околината
и јас сум некакво влијание, некому
дома се поставуваат темелите, здрави силни темели на вистинските вредности
најлесно е да се префрли топката на околината и телевизијата и медиумите и по најнова мода на интернетот
не смеат да постојат табу теми и неразјаснети прашања
се` во свое време, но треба да се отворат очите и ушите за да се види и слушне дека времето за тоа и тоа прашање дошло
ако не го видам и не го слушнам, детето ќе си ги побара одговорите на друго место
можеби ќе ги добие правилните, можеби тотално погрешните
е тогаш многу лесно може да потпадне под лоши влијанија и да зафати лош пат
ама пак
не е грешката во околината
грешката е моја
зашто не сум ги држела очите и ушите доволно отворени
има ноќи кога не спијам од грижи што и како ќе биде или би можело да биде
оти одговорноста е моја, каков и да им е карактерот, моја одговрност е да си најдам начин да го извлечам најдоброто