1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Совети, методи и пристапи при воспитувањето на децата

Дискусија во форумот 'Деца' започната од JaMi, 22 април 2012.

  1. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,492
    Допаѓања:
    14,402
    Постојат повеќе пристапи во воспитувањето на децата.


    Едни родители се либерални и попустливи и сметаат дека треба да ги остават децата да прават што сакаат. Овие родители почесто се поставуваат во улога на пријател на детето, одколку на родител. Негативните последици од оваквото воспитување се што овие деца често пати ќе имаат проблем со секој авторитет и недостаток на самоконтрола. Тоа често доведува да имаат помал успех во школувањето и помало ниво на среќа.
    Некои родители поставуваат строги правила за децата, без да ја објаснат причината за нив и очекуваат тие да ги почитуваат безрезервно, без никакви прашања. Не се многу склони да му ја простат грешката на детето, многу почесто се склони да го казнат детото за секоја непослушност. Последица на таквото воспитување се послушни деца, но со ниско самопочитување и самодоверба и помало ниво на задоволство и среќа.
    Постојат и родители кои поставуваат ограничувања за децата, но им објасуваат зошто се добри тие ограничувања, зошто мораат да се почитуваат и се спремни да одговорат на прашањата на децата во врска со тие правила. Овие родители се повеќе склони кон простување и давање на подршка на детето, одколку кон физичко казнување. Нивните деца најчесто имаат поголемо ниво на среќа, успех и подобро ги развиваат своите способности.
    Какво е вашето искуство со родителите,како треба да се постават родителите и кое нивно однесување е најефективно ?
    Доколку сте родители,кои методи ги применувате при воспитувањето на вашите деца,што сметате дека е важно при нивното воспитување(што треба а што не треба да се прави)?И која е, според вас идеалната возраст од кога започува воспитниот процес?
    Споделете го вашето искуство како деца или како родители.
     
    На Scars31 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,838
    Допаѓања:
    6,527
    Моите родители се либерте, јас сум бил демократ од најрано детство. Не сум имал никакви ограничувања ни во излегување нит за алкохол ниту за нешто слично. Затоа мојот карактер се заоснова на бурното искуство. И јас ќе им ја пружам истата слобода на моите деца, верувам дека тоа е правилно.
    Околу воспитувањето од најмали најдобро од 2 години па нагоре, бон-тонот е превентивно што треба да се поседува. Почитта према постарите и општо према луѓето, односот према другарите, љубовта према животните и слично , но сепак без разграничувања. Што сакаат и сами ќе научат, без никакви предрасуди дали сакаат да работа како келнери, кувари, електричари, економисти или правници или дали сакаат да бидат Деанисти,Будисти,Атеисти или Христијани, тоа е нивно право нема да им го одземам.
    Единствено што ќе им укажам дека образованието е сила, образованието е моќ. Проект на владата на Р.М.
     
    На Taa Sum.., Morticia., LadyInPink и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,492
    Допаѓања:
    14,402
    Комуникацијата со вашето дете


    Добрата комуникација е исклучително важна за воспоставување на добар однос родител - дете. Таа во исто време ќе го зајакне односот помеѓу нив и самодовербата на детето.
    Комуникацијата помеѓу родителот и детето започнува уште со неговото раѓање, бебето комуницара со плач, насмевка, испуштање на звуци итн. По некое време комуникацијата преминува во вербална комуникација. Но она што е важно да се истакне е дека комуникацијата не значи само разменување на информации, туку споделување на чувства и разбирање на другата личност.
    Како да изградите квалитетна комуникација со вашето дете

    Мудриот родител е добар набљудувач и активно ќе ја гради комуникацијата со своето дете. Добрата комуникација е потребно да се гради и да се развива постојано. Таа е многу важна и кога станува збор за мало дете и кога станува збор за тинејџер. Еве некои практични насоки како да ја изградите.
    • Ставете му на детето до знаење дека сте занитересирани за него, дека сте вклучени во неговиот живот и дека ќе му помогнете секогаш кога ќе има потреба од помош.
    • Кога вашето дете сака да ви каже нешто, исклучете го телевизорот или компјутерот, оставете го весникот, не разговарајте на телефон и покажете му дека го слушате со целосно внимание.
    • Не дозволувајте за време на разговорот да ви лута вниманието, детето тоа лесно ќе го забележи.
    • Кога детето ви кажува нешто слушајте внимателно и бидете љубезни. Немојте да го прекинувате додека ви зборува, почитувајте го како што би почитувале и возрасен човек.
    • Оставете го да ви го каже тоа што сака, наместо да ја извртите суштината на тоа што го зборува и да го префлите разговорот на друга тема.
    • Кога ви кажува нешто, немојте да го прекинете со зборовите: Не ме интересира тоа и немој да си се вовлекол во тоа. Наместо тоа, дозволете му да се отвори кон вас.
    • Покажете сочувство кон детето, немојте да му речете: тоа се глупави чувства - бидејки за него се многу реални. Наместо тоа дозволете му да ви каже како се чувствува, покажете му дека го разбирате и утешете го.
    • Кога имате да му кажете нешто на вашето дете, направете го тоа на само, не пред други луѓе. На тој начин ќе воспоставите најдобра комуникација со него.
    • Немојте да го срамите детето пред други луѓе, така нема да предизвикате добра комуникација туку само негативни чувста.
    • Ако заради нешто сте многу вознемирени, немојте веднаш да разговарате за тоа со детето. Прво обидете се да се смирите, па потоа почнете го разговорот.
    • Не прашувајте зошто, туку како нешто се случило.
    • НИКОГАШ немојте да употребувате навредливи, ниту зборови кои би го потцениле детето како: глупав, мрзлив, неспособен и сл.
    • Бидете му на детето пример за она што го поучувате. Децата повеќе ќе го следат вашиот пример, одколку вашите зборови. Вашето однсеување нека биде во согласност со вашето поучување.
    • Покажете му на детето дека го сакате безусловно и дека го прифаќате такво какво што е, без разлика на тоа што го направило или не го направило. Покажете му дека проблемот е во неговото однесување, а не во самото дете.
    • Подтикнете го детето да кумуницира со вас и понатаму, со тоа што ќе го пофалите неговиот напор за комуникација. Оставете ја вратата отворена и за во иднина.
    За децата е многу важно постојано да се опкружени со позитивно внимание. На многу родители полесено им е да му ги кажуваат забелешките на детето, одколку што ќе го пофалат и ќе му дадат позитивен подстрек. Тоа е грешка.
    Пофалните и љубезни зборови, зборовите полни со љубов ќе потикнат поголема желба кај детето да соработува и да комуницира со вас. Позитивниот подстрек е храна и за самодовербата на детето. Позитивните зборови кои му ги кажувате на вашето дете, ќе имаат влијание и кога ќе биде возрасно.
    Охрабрувајте го детето на тој начин што ќе го фалите. Употребувајте ги често следните или слични зборови: добро, одлично го направи тоа, одлична идеја, прекрасно, така треба, се радувам што си мое дете итн. Прегрнувајте го, смејте се со него (не го исмевајте него) и секојдневно покажувајте му ја вашата љубов.
     
    На Scars31 и street_chic им се допаѓа ова.
  4. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,492
    Допаѓања:
    14,402
    што мислиш за ќутек како метод за воспитување на децата?
    :giggle
     
    На The_Mayor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Coelho

    Coelho Староседелец

    Зачленет на:
    2 април 2012
    Мислења:
    286
    Допаѓања:
    493
    Предупредување: ДОЛГО!

    Воспитувањето на децата треба да започне од помала возраст и, пред се, воспитувањето не треба да биде начин на родителот да докаже дека тој е поголем, посилен и дека повисоко може да го крене тонот. Воспитувањето не е ни начин да ја покажеш својата сила, а твоето дете не е личноста на која треба да му ја покажуваш својата сила. Тоа не е воспитување - тоа е семејно насилство. Само кога си мал полесно ти е да запомниш дека мама ќе ти го удри газето или дека од тато ќе јадеш ќотек.

    Не растат сите деца со исти услови, опкружени со одредени луѓе кои ќе им кажат што е прифатливо и што е неприфатливо. Истотака, во текот на растењето, нема да паднат сите под влијание на исти типови на луѓе.

    Децата треба да имаат здрав контакт со своите родители, чести разговори и добри услови. Ако му се посветува доволно внимание. Сигурен сум дека детето ќе порасне во добра личност ако ги види мама и тато како се смеат кога ќе дојде од школо, дека мама ќе тргне да го гушне со голема насмевка. Да му се покаже на детето што е љубов, што е среќа. Што е среќа кога ќе примиш подарок, но и кога ќе дадеш нешто за возврат. Ако е научено детето да си игра со сите и сите да му бидат другарчиња. Дека не треба да му се смее на дебелото дете, детето во количка или детето со чуден израз на лицето. Детето кое ќути, момчето кои си игра одбојка со девојчиња или девојчето кое си игра фудбал со момчиња.

    Но, нема сите да израснат во вакви услови. Можеби некогаш тато ќе си отиде и нема да дојде, или пак мама ќе се задржува до доцна навечер. Или пак тато и мама ќе пијат многу алкохол, ќе се навредуваат, нема да посветуваат доволно внимание, а не па да седнат и да разговараат со тебе. И секој ден ќе биде тажен, без разлика колку грее сонцето надвор и колку сите се среќни. Па ќе се чуди детето зошто сите се среќни? Зарем нивниот живот е нешто поразличен од мојот?
    Нема да ја има шансата да добие подарок, но сепак ќе се труди да и даде на мама нешто за возврат, а таа го игнорира.. Ќе отиде кај другарчето дома и ќе види дека собата е полна со играчки и дека мајка му на другарчето им носи сок и грицки, па ќе си помисли дека можеби ако земе една играчка на заем нема да му пречи на никој.

    И така доаѓаат погрешните гледања кон животот, погрешното однесување и барање на доброто во лошото. Завист, љубомора, омраза, нетолеранција, тага, насилно однесување, крадење. Да се нема грижа на совест, да не се цени ништо, да не можеш да го најдеш доброто во ништо дури и да ти е пред очи. Да не знаеш што е почит. Да не знаеш како да сакаш..

    Не е секогаш до воспитувањето. Понекогаш зависи од тоа во каква околина ќе се родиш. Не значи дека ако си најбрзиот сперматозоид ќе го имаш услови за убав живот.

    За пример земав две неконкретни ситуации. Малку забегав од темата, но и двете се вистинити. И од двете има подобро и има полошо. Нема секогаш добрите услови да значат дека ќе израсне добра личност, исто како што и трудот на родителите да се воспита нивното дете нема секогаш да се исплати. Тука за пример се размазеното, богато дете кое има добри услови - но лоши родители што малку обрнуваат внимание па пробуваат со пари да го купат. Тука е и детето кои има добри родители, но ќе падне под влијание на лошо друштво.

    До вас останува како ќе ги сфатите приказните. Искористете ја имагинацијата.
     
    На Morticia., Scars31 и JaMi им се допаѓа ова.
  6. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,838
    Допаѓања:
    6,527
    Не сакам да зборувам тоа не е метод, тоа е дивијантна појава кај одредени психички пореметени ликови кои фрустрацијата ја демонстрираат на своите чеда.
     
    На lady_blue, Bum-Bum, JaMi и уште 1 член му се допаѓа ова.
  7. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,492
    Допаѓања:
    14,402
    а што ако од искуство увиделе дека тоа е единствен ''метод'' кој им помага ?
    пр. ''некои знаат да кажат -додека не добие ќутек не му доаѓа паметот''
     
    На Bum-Bum му/ѝ се допаѓа ова.
  8. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,838
    Допаѓања:
    6,527
    Како прво не е метод, тоа е насилство.
    Децата кои се полабилни и по емотивни можат да имаат трајни последици односно трауми од детството.
    Тие што знаат така да кажат треба да осетат на своја кожа, после да пресудат. Не е точно нивното мислење
     
    На lady_blue и JaMi им се допаѓа ова.
  9. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,492
    Допаѓања:
    14,402
    се согласувам и исто така смешно ми е кога ќе слушнам ,ако не јадеш ќе те земе старо-купуем,или ке дојде бабарога да те јаде,ако не си мирен ке го викнам докторот инекција да ти стави...со овакви заплашувања само полошо прават за децата ,влеваат страв уште од мали...и како правилно да растат?!
     
    На lady_blue, Bum-Bum и The_Mayor им се допаѓа ова.
  10. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    абе за свое дете е најтешко да го одредиш вистинскиот рецепт
    оти секој родител си го сака детето и му посакува се` најдобро
    сега има секакви исклучоци, но тие се друга приказна за која не сум компетентна да зборувам зошто е така, а не поинаку
    за туѓо дете е многу полесно да ги поставиш и правилата и начините во однос на правилно воспитување
    ама кога е твое, друго е
    го сакаш до бескрај, повеќе од себе, подготвен си на се` за да го заштитиш
    се плашиш дека би можело да му се случи нешто лошо
    емоциите некогаш ти го поматуваат јасното разумно резонирање
    ама се трудиш од миг во миг, од ситуација во ситуација, од проблем во проблем да постапиш најдобро што можеш
    многу зависи од начинот на кој си бил воспитуван, оти колку и да не сакаш сепак тоа е некако врежано и влијае
    јас си се водам според едно правило - стави се на место на детето, односно сети се како си се чувствувал, како си размислувал, од што си се плашел што си посакувал кога си бил и самиот дете
    на моменти сум поголемо дете од нив
    на моменти сум строга и непопустлива
    зависно за што се работи
    ќотек во никој случај
    а велам, не дека не, велам по три пати во денот - сејте мирни оти ќе јајте ќотек
    ама се газат од смеа, оти знаат дека не би ги удрила никогаш
    децата си сакаат љубов и чувство дека има некој кој ги заштитува и се грижи за нив
    знаат да ценат и знаат да возвраќаат и почитуваат
    да скратам ако не
    би рекла - се` со мерка
    и попустливот и строгост
    само љубов и внимание без мерка
    мојте се невидени индијанци, ама и исто толку умни, паметни и вредни
    фала му на Бога, досега сум презадоволна :)
     
    На JaMi, street_chic и The_Mayor им се допаѓа ова.

Сподели: