Совети, методи и пристапи при воспитувањето на децата

Ultra lady

Полноправен Член
16 април 2012
21
36
13
Врз формирањето на личноста на детето, негативно може да влијае преголемата попустливост на родителите кон децата, но и преголемата строгост. Во каква личност ќе се изгради детето, зависи од самиот карактер . Доказ за ова се милион примери кога едни исти родители имаат проблем со едното дете, но не и со другото. Тоа е така бидејќи, покрај семејството (како примарен фактор), постојат и други фактори на социјализација- групата на врсници, училиштето и во поново време мас-медиумите. Како тие ќе се социјализираат, зависи од самите нив- колку "паѓаат под туѓо влијание" или кого ќе го земат како модел на однесување ... Има многу да се зборува на оваа тема, ама не сакам долги постови. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stance, melpomena and JaMi

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
ќотек во никој случај
а велам, не дека не, велам по три пати во денот - сејте мирни оти ќе јајте ќотек
ама се газат од смеа, оти знаат дека не би ги удрила никогаш
фала му на Бога, досега сум презадоволна :)
Ќе јадите ќотек ама нема да ве тепам, само така викам.;)
Правилно ги воспитуваш според мене, и јас би исто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Врз формирањето на личноста на детето, негативно може да влијае преголемата попустливост на родителите кон децата, но и преголемата строгост. Во каква личност ќе се изгради детето, зависи од самиот карактер . Доказ за ова се милион примери кога едни исти родители имаат проблем со едното дете, но не и со другото. Тоа е така бидејќи, покрај семејството (како примарен фактор), постојат и други фактори на социјализација- групата на врсници, училиштето и во поново време мас-медиумите. Како тие ќе се социјализираат, зависи од самите нив- колку "паѓаат под туѓо влијание" или кого ќе го земат како модел на однесување ... Има многу да се зборува на оваа тема, ама не сакам долги постови. :)
сите деца се различни, сите ние имаме различни каратери
многу се нервирам кога ќе слушнам како некој ми ја наведува околината како влијател во воспитувањето
има влијание, не велам не
но тоа е само лош изговор
во зависност од карактерот ќе се поставиш кон детето
прво и основно - какво е такво е и такво мора да се прифати
најголема грешка е кога се обидуваш да го промениш
на пример ако е бунтовно да го претвориш во послушно
не може тоа
така само уште повеќе се поттикнува бунтовноста
навистина нема рецепт како е најдобро
но никој не може да ме убеди дека дете кое чувствува дека е бескрајно сакано и кое го добива вниманието кое му е потребно, ќе израсне во проблематична личност
на лошо детето враќа со десет пати полошо
може не одма, ама кога и да е, како и да е, ќе врати
околината сме сите ние, стално го велам ова
јас сум дел од околината, моето дете е дел од околината
и јас сум некакво влијание, некому
дома се поставуваат темелите, здрави силни темели на вистинските вредности
најлесно е да се префрли топката на околината и телевизијата и медиумите и по најнова мода на интернетот
не смеат да постојат табу теми и неразјаснети прашања
се` во свое време, но треба да се отворат очите и ушите за да се види и слушне дека времето за тоа и тоа прашање дошло
ако не го видам и не го слушнам, детето ќе си ги побара одговорите на друго место
можеби ќе ги добие правилните, можеби тотално погрешните
е тогаш многу лесно може да потпадне под лоши влијанија и да зафати лош пат
ама пак
не е грешката во околината
грешката е моја
зашто не сум ги држела очите и ушите доволно отворени
има ноќи кога не спијам од грижи што и како ќе биде или би можело да биде
оти одговорноста е моја, каков и да им е карактерот, моја одговрност е да си најдам начин да го извлечам најдоброто
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Scars31

Ultra lady

Полноправен Член
16 април 2012
21
36
13
Lady_blue искрено немав никаква намера некого да изнервирам со мојот пост (се надевам дека не е така):) . Делумно се согласувам со тоа што си го пишала и те сметам за компетентна ( заклучив дека имаш дете). Јас немам деца, но на одреден начин сум поврзана со темата. :) Сега сум во дилема... дали сметаш дека само родителите и никој друг не може да влијае врз воспитувањето на децата? Јас искрено го мислам она што го пишав погоре. Поздрав до тебе:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
lady_blue што мислиш доколку едниот родител не се согласува и нема исто мислење и став како другиот родител во врска со воспитувањето на детето?
 
родителите влијаат најмногу
дали позитивно, дали негативно, зависи од нив и од тоа колку ќе сфатат дека нивното влијание е основно
реков и погоре, влијае и околината и книгите и списанијата и медиумите
влијаат и бабите и дедовсите и тетките и вујковците :)
но од родителите зависи во колкава мерка ќе дозволат да биде тоа влијание
мора да се следат реакциите на децата постојано, колку и да звучи тоа како невозможна мисија
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
lady_blue што мислиш доколку едниот родител не се согласува и нема исто мислење и став како другиот родител во врска со воспитувањето на детето?
тоа е лоша комбинација според мене
оти тогаш детето е или збунето или го користи несогласувањето за да манипулира
децата се невини и чисти души
некои се поитри и брзо учат како да си го истераат своето
некои се почувствителни и за жал тоа несогласување може скапо да го платат
затоа би требало родителите да се на иста бранова должина
и тие работи се дискутираат кога се планира семејството
е сега вистина, не може се` да се испланира и предвиди, но колку што се може и тоа што може би требало, да не речам би морало, да се реши со време
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Ultra lady

Полноправен Член
16 април 2012
21
36
13
родителите влијаат најмногу
дали позитивно, дали негативно, зависи од нив и од тоа колку ќе сфатат дека нивното влијание е основно
реков и погоре, влијае и околината и книгите и списанијата и медиумите
влијаат и бабите и дедовсите и тетките и вујковците :)
но од родителите зависи во колкава мерка ќе дозволат да биде тоа влијание
мора да се следат реакциите на децата постојано, колку и да звучи тоа како невозможна мисија
Значи сепак покрај родителите, постојат и други фактори, тоа е факт сакале ние или не. Не сакав , но пак ќе повторам- Доказ за ова се милион примери кога едни исти родители имаат проблем со едното дете, но не и со другото и обратно- она што го кажа JaMi:) Нема повеќе да пишувам на темава, затоа што сЕ што ќе кажам, ќе се базира на мојот прв пост :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Значи сепак покрај родителите, постојат и други фактори, тоа е факт сакале ние или не. Не сакав , но пак ќе повторам- Доказ за ова се милион примери кога едни исти родители имаат проблем со едното дете, но не и со другото и обратно- она што го кажа JaMi:) Нема повеќе да пишувам на темава, затоа што сЕ што ќе кажам, ќе се базира на мојот прв пост :)
други фактори има, да,
но, силата на тие фактори може да се исконтролира
и на силата на тие фактори може да се делува
тоа ми е муабетот
 
Ultra lady

Полноправен Член
16 април 2012
21
36
13
Надвор од темата
Хехехеее , ова lady во никовиве ми падна смешно, човек да се збуни. А да се сменевме со аватарите, повеќе ти одговара синиов:D. Малку шала...Различни луѓе сме, со различни мислења. Позз
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
други фактори има, да,
но, силата на тие фактори може да се исконтролира
и на силата на тие фактори може да се делува
тоа ми е муабетот
што викаш за влијанието на бабите кои што си ги чуваат внуците додека родителите им се на работа,тие сакале или не влијаат врз воспиувањето на децата..тие едно ги учат а ти друго..а се љутат доколку им кажеш како да се однесуваат кон децата...