Е па вака.... Во неколку наврати со некои тукашни членови имавме желба да се собереме, но некако кој со обврски кој по одмори, не се можеше да се постигне еден вид на оптимум, така да сега при крајот на самото лето верувам сите се имаме добрано во матичната земја. Со една членка пред малку ја разврзавме идејава и сфативме дека оптимално време за собирот би било преку недела, бидејќи овој викенд е празник, а секој празник е одличен за некое кратко патешествие, така да ретко кому би му одговарало баш во тоа време (зборам квантитативно). Значи ме интересира како ви се допаѓа идејата на собир во среда или четврток во вечерните часови (20-21)? Би ми било мене посебно драго и некои кои никогаш не присуствувале, ако би можеле, да дојдат. Значи бујрумте, има време и да испланирате, и да прочитате тука на темава.