Снаи и свекрви

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Снaи и свекрви = куче и мaчкa. Мaкедoнијa е oвa, секoгaш ќе се мрaзaт. Решениетo е мaминoтo синче дa пoрaсне и дa си нaпрaви сoпствен дoм кaде немa никoј дa се кaрa. Амa тoa ти е, мaкедoнчињa oд мaмичкa не се делaт.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Big Berta

emgy5

Истакнат Член
1 ноември 2016
3
2
103
34
Снaи и свекрви = куче и мaчкa. Мaкедoнијa е oвa, секoгaш ќе се мрaзaт. Решениетo е мaминoтo синче дa пoрaсне и дa си нaпрaви сoпствен дoм кaде немa никoј дa се кaрa. Амa тoa ти е, мaкедoнчињa oд мaмичкa не се делaт.
Celosno se soglasuvam...go delam istoto mislenje
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Снaи и свекрви = куче и мaчкa. Мaкедoнијa е oвa, секoгaш ќе се мрaзaт. Решениетo е мaминoтo синче дa пoрaсне и дa си нaпрaви сoпствен дoм кaде немa никoј дa се кaрa. Амa тoa ти е, мaкедoнчињa oд мaмичкa не се делaт.
Да се мразат?! Многу силен збор е тоа...
А...оној што решил да се кара, и откако ќе изгради сопствен дом и нема да живее заедно со свекрвата сепак може да се кара...
Се работи за почит...взаемна почит...
Мајката го родила и го издигнала во возрасен маж, кој тебе ти одговарал па си го зела за маж....Зошто би ја мразела таа жена?
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Да се мразат?! Многу силен збор е тоа...
А...оној што решил да се кара, и откако ќе изгради сопствен дом и нема да живее заедно со свекрвата сепак може да се кара...
Се работи за почит...взаемна почит...
Мајката го родила и го издигнала во возрасен маж, кој тебе ти одговарал па си го зела за маж....Зошто би ја мразела таа жена?
Може да се караат ако се посебно ама и не мора. А ако се заедно со неговите тогаш сигурно ќе се караат, нема мајка која ќе ја сака снаата, можеби има ама на прсти се бројат. Македонска работа е тоа, прво му викаат сине жени се, а после се караат со жена му. Оди најди им го крајот.
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Може да се караат ако се посебно ама и не мора. А ако се заедно со неговите тогаш сигурно ќе се караат, нема мајка која ќе ја сака снаата, можеби има ама на прсти се бројат. Македонска работа е тоа, прво му викаат сине жени се, а после се караат со жена му. Оди најди им го крајот.
Не одам подалеку...тргнувам од себеси и од моето лично искуство...
Јас 5 години живеам со свекрва...па нит се карам, нит ја мразам...почитувам, ме почитува си имаме пријателски однос и функционираме добро...
Се е до разумот и совеста...а не е до тоа македонска работа..
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не одам подалеку...тргнувам од себеси и од моето лично искуство...
Јас 5 години живеам со свекрва...па нит се карам, нит ја мразам...почитувам, ме почитува си имаме пријателски однос и функционираме добро...
Се е до разумот и совеста...а не е до тоа македонска работа..
Па добро ете ти си една од малкуте. Ама факт е дека повеќето се караат. :)
 
macuf4e

Истакнат Член
3 февруари 2017
1
0
301
34
Снаи и свекрви- Еххх....Што ќе посееш, тоа ќе жнееш. Не знам како да почнам , бидејќи тоа што го видов и сведочев е на ниво на шпанска серија..
Епа вака, од неодамна стапив во брак и станав снаа која живее во заедница со сопруг, свекор и свекрва. Самата околност што отидов да живеам во друг град (Јас сум од Неготино, а сопругот од Кичево) ми беше доволно отежнувачка, така што препирањата и конфликтите со свекрвата само допринесуваа да биде потензично. Никогаш не и се допаднав, ни додека бевме во врска, ни откако се венчавме. Самата нејзина појава е негативна, сака се да е по нејзино и ги користи сите можни начини и прилики за да омаловажува.
По занимање сум фризерка, па додека најдов работа во Кичево добивав доста критики и несоодветни зборови од дотичната ми свекрва, како тоа јас сум мрзлива, како не сакам да работам и сл. Сопругот и свекорот работат заедно, изработуваат ролетни, а свекрвата работи во шивачка конфекција.
Немаат многу роднини, а ни пријатели. Единствена пријателка која многу често им доаѓа во посета е Јасмина, некогашна бивша колешка на свекрва ми од работа. Таа е прекрасна жена, современа, модерна, културна и никако не ми беше сфатливо како таа се дружи со личност како мојата свекрва. Нејзините посети беа скоро секојдневни, па на некој начин јас се зближив со неа, со оглед на тоа дека немав баш многу пријателки во Кичево.
Си разменивме броеви ( секако свекрва ми не знаеше за тоа), и веднаш наредниот ден Јасмина ми се јави и ме викна на кафе. Отидов кај неа, живее сама, разведена е и има 2 ќерки во Америка. Навистина се чувствував добредојдена. Самата таа е позитивна како личност, но и жена која одлично внимава на својот изглед и покрај тоа што има 49 години, а изгледа како да е 15 години помлада од свекрва ми , која има 50.
Навистина ми се допадна дружбата со неа и постепено станавме многу блиски. Толку блиски, што Јасмина ми кажуваше се , што мојата свекрва зборувала за мене. Значи, ми се гадеше од муабетите, како јас сум била никаква, неспособна, глупава...како и доаѓало да ме скрши од ќотек и што уште не.
И покрај тоа што знаев каква е и што мисли за мене, јас секогаш успевав да балансирам и да се воздржам без да избувнам, пред се заради мене и мојот брак.
По неколку дена, пиевме кафе со Јасмина кај неа дома, и повторно ми кажа што зборувала свекрва ми за мене, но овој пат беше навистина претерано, бидејќи рекла дека сум к**ва и дека го изневерувам син и. Навистина збеснав, не можам ни да опишам колку. Во тој момент на Јасмина и звона телефонот, таа се јави, но за кратко исклучи и остана испаничена. Што е работата и реков, а таа почна: '' лелее не фати, лелее иде наваму''... Не ми беше воопшто јасно што сака да каже. Се смири и ми објасна.. Не можев да си поверувам... Нејзе и се јавил свекор ми, да и каже дека свекрва ми му го провалила мобилниот, ги прочитала пораките и ги фатила во нивната афера. Тие двајца биле љубовници... наеднаш се ми стана јасно, и посетите и дружбата и блискоста. Јасмина и свекор ми си го терале меракот без никој да се посомнева...ШОК ШОК.... А и стварно можам да разберам...свекрва ми е збрчкана, дебела, несредена, дури и вештачки заби има, па не е баш чудно што свекорот посакал да биде со друга жена, а Јасмина е навистина непогрешив избор.
Таа ми кажа дека свекрва ми доаѓала кај неа дома, и дека секој момент треба да стигне, бидејќи излегла со такси. Само што тргнав да си одам,да не ме најде тука, Јасмина викна : '' Застани, ете го таксито надвор, стигна веќе''. Ме пикна во кујната која и беше затворена со лизгачка врата за да ме сокрие, но јас сепак оставив малку простор од вратата за да видам што ќе се случува. Свекрва ми влезе без да тропне , без да звони и бесна како ураган. Само што ја отвори вратата од дневната, веднаш почна да вика по Јасмина оро***јо, к***о, срам да ти е. Јасмина ја замоли да се смири за да разговараат но свекрва ми не престануваше. Во еден момент и се нафрли на Јасмина, почна да ја кубе и ја турна на троседот. Јас се исплашив премногу и бев речиси подготвена да излезам по секоја цена и да ја смирам ситуацијата. Но, на мое огромно изненадување, немаше потреба од тоа, бидејќи Јасмина сама се справи. Ја удри со колено во стомакот, и свекрва ми падна како слон на подот. Јасмина седна над неа и почна да и удира шамари како на мало дете. Бев премногу збунета и нервозна, но не можам да негирам дека ми се допаѓаше тоа што го гледав. Свекрва ми очајно се трудеше да стане, па откако неколку пати не успеа, почна повторно да и вика на Јасмина к***о, ќе видиш што ќе ти направам, ќе те здробам. Тогаш Јасмина и залепи неколку силни шамари и нагло и ги извади вештачките заби од устата на мојата свекрва и ги фрли на троседот.
Свекрва ми испаничи , почна да вика: ''Што правиш, луда една, врати ми ги забите '', но тоа звучеше толку смешно бидејќи не можеше да ги изговори зборовите како што треба.
Јас бев тотално исклучена, не знаев дали сонувам , дали е вистина, дали е филм или не знам што... Но никако не очекував дека ќе одат до тие крајности...
Јасмина почна да ја вреѓа свекрва ми, и велеше погледни на што личиш, јас не сум крива, јас немам сопруг, слободна сум и што сакам ќе правам. Таман кога помислив дека се е готово, Јасмина направи нешто што навистина ме запрепасти. Полека стана од свекрва ми, и во моментот кога мојата свекрва сакаше да се исправи, Јасмина насилно го стави нејзиното стапало во устата на свекрва ми а со другата нога ја згазна на стомакот. Останав ЗАПРЕПАСТЕНА и малку згрозена...Свекрва ми без заби, со стапало во уста мрмореше и се лигавеше, а Јасмина почна цинички да се смее и и рече: " Лижи ги нозеве, и маж ти сака да ги лиже"....Бум, уште еден ШОК.. Глетката ми беше необична, чудна, но едвај издржав да не се изнасмеам на фацата на свекрва ми со стапало во уста.. значи крај-неопишиво. Јасмина и се закани дека ако каже нешто , нема да помине добро и дека повеќе нема да контактираат воопшто. Ја избрка од куќата , а свекрва ми избега како да брза за на автобус. Откако си замина, излегов од кујната, се погледнавме со Јасмина и заедно почнавме да се смееме како луди. Вечерта дома беше малку напната атмосферата, иако не се зборуваше ништо во врска со тоа, меѓутоа имаше доза на нетрпеливост, а знаев и зошто секако.
Оттогаш Јасмина не доаѓа воопшто кај нас, што е и разбирливо и нормално. Свекрва ми си ќути и не вели ништо , не се меша во ништо, дури и се познава дека ја изгубила самодовербата и дрскоста.
Затоа , како што кажав на почеток : '' Што ќе посееш, тоа ќе жнееш ''. Таа зборуваше секако за мене, дека сум никаква, лоша, мрзелива и не знам што.
Велеше дека сум к***а и дека го изневерувам мажот ми, а таа излезе изневерена.. Сакала да ме тепа, заврши тепана и понижена, и тоа од љубовницата... ''Carma is a bitch'' ...ете тоа ти е...Не знаете на каква свекрва ќе налетате во животот и што ќе се случува, меѓутоа треба трпеливо и мудро да се поставите..
 
Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
W

Wtf?:eek малку одпојќе ми е шпанска серија.
1.Не знаете на каква свекрва ќе налетате во животот и да треба трпение,па и со мајка се караме и не се сложуваме,не мора да ја сакаш свекрвата ама може барем да се почитувате.
2.пријателка ти Јасмина во случајов те искористила да си ја празни душата од една страна а од друга тебе ти ја полнела главата против свекрва ти.
3.ЖЕНА си и се ситиш на друга жена која била изневерена,истепана,понижена...(па макар и што ти е свекрва со која не се согласуваш):xДо што дојдовме бе Жени???
И да "Carma is a bitch"
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ако некогаш се венчам (што не верувам) свекрвата ќе си ја сакам ко мајка па каква сака нека биде.
А и просто е кога си добар со некого и тој е добар со тебе, зошто да водам инат или да се правам паметна кога не би имала ни три четвртини од нејзиното искуство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina