Во моментов ми текна на една случка од второ одд.
Имав една симпатија ама гоооолема и учеше со мене, ама јас нонстоп го замарав а тој кутриот срамежлија цело време бегаше од мене
Седеше во клупа со една моја другарка и се договоривме еден час јас му напишав писменце, баш добро се сеќавам пишуваше Сара и Б**** и после тоа: да знаеш дека ниту една нема да те сака како јас
која психа брее во второ одд ццц....и напишав што напишав, ами најтрагично беше што писменцето така патувајќи по клупите за да стигне до него, наместо до него стигна во рацете на учителката..иии сега што правиме, сега се смеам ама тогаш колку бев уплашена па тоа беше страшна работа.Ме тргна настрана учителката и ми рече ќе те кажам на мајка ти за ова, памтам дека после тоа со недели ја молев да не го направи тоа зошто ми се ближеше роденденот и можев да "настрадам" хехехе
И на крај никој не дозна ништо, а памтам баш пред неколку години и раскажав на мајка ми за случкава не можам да си поверувам колку ми олесна во моментот, мало нешто ама ете сепак останало во мене потсвесно![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)
Имав една симпатија ама гоооолема и учеше со мене, ама јас нонстоп го замарав а тој кутриот срамежлија цело време бегаше од мене
![Се смее :D :D](/images/emoji/laugh_animated.png)
![Facepalm (facepalm) (facepalm)](/images/emoji/facepalm_animated.png)
![Се смее :D :D](/images/emoji/laugh_animated.png)
И на крај никој не дозна ништо, а памтам баш пред неколку години и раскажав на мајка ми за случкава не можам да си поверувам колку ми олесна во моментот, мало нешто ама ете сепак останало во мене потсвесно
![Насмевка :) :)](/images/emoji/smile_animated.png)