Случки од нашето детство

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Прво мислам дека оваа тема не е иста со оваа ако модераторите не мислат така нека ја избришат..
Целта ми е да ги споделуваме случките од нашето детство кои ни оставиле најголеми впечаток и на кои ден денес со насмевка се потсетуваме на нив..
Ќе наведам некои на кои јас се сеќавам-
Кога имав 6 години сакав да научам да возам точак и дада се реши да ме научи арно ама јас со едната рака ја држев нејзи а со другата рачката за воланот и ми беше страв да ја пуштам сестра ми и кога се решив изгубив рамнотежа и на страната кај што бевме ние имаше коприви и ние во нив паднавме сестра ми па јас над неа со се точак после утредента двете со пришови бевме цели од копривите:D

После една година не можев да научам да возам голем точак и возев едно мало точаче од сестра ми кога била мала и мислев дека ако нема ланец точакот ќе можам да возам и го убедив дедо да го извадив иако тој се противеше арно ама после кога сватив дека бил во право ми беше криво,барем на него ќе се научев да возам ..

Сум била мајстор за расипување кукли сум сакала да видам што има во нив и од кај пеат:D исто и сите барбики биле без глава исто така се сеќавам на играњето ,,мајки'' со другите девојчиња,правењето торта од кал,шиењето на облека за барбиките правењето куќички за нив.. но потоа бидејќи не знаев да возам точак другарките мои возеа и јас дома си останував ама сама си играв докторка ги лечев обезглавените кукли и барбики..

Ако ми текнат уште некои ќе допишам..
Дојде и вашиот ред,повелеле:D
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
најчести случки ми се крадење на сливи,цреши,јаготки,лешници и сл работи низ населаба хахахха..чуството кога ќе го начекат другар ти а ти неможиш да му помогниш..:S за среќа мене ме немат фатено xD
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and ZmajChe

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Кога имав 6 години сакав да научам да возам точак и дада се реши да ме научи арно ама јас со едната рака ја држев нејзи а со другата рачката за воланот и ми беше страв да ја пуштам сестра ми и кога се решив изгубив рамнотежа и на страната кај што бевме ние имаше коприви и ние во нив паднавме сестра ми па јас над неа со се точак после утредента двете со пришови бевме цели од копривите:D

Ми кажуваат моите ваква иста случка кога сум бил мал, мојот комшија кој е поголем од мене, јас сум се научил да возам точак пред него и он изнервиран дека јас знам, а он не знае и веднаш се качил со сестра му да го учи и исто така паднале во коприви :))))))))))))

А за други случки од детството ќе се навратам повторно, интересно е што ме наврати со времето (y):D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati, Gemini and ZmajChe

Kalino.Mome

Полноправен Член
29 декември 2012
53
78
18
Во прво, второ одделение и реков на наставничката „Со здравје да си ја носите блузата“. Немав намера да собирам поени, ама изгледа многу блиска си ја осеќав. :nerd

Еднаш, со другарките видовме умрено врапче и во знак на жалост се договоривме да не трчаме 1 недела. Не доаѓаше во предвид да се воздржиме од пеење, зашто во тој период имавме многу „настапи“ во маало, па така, дојдовме до многу иновативен компромис. :D

Кога одевме на гости кај баба, се каравме со децата од тоа маало од кои поголемиот дел учеа во друго, поново школо, со престој. Тие ни викаа дека во нашето школо немало ѕвонче и дека, наместо ѕвонче, ни тропале на тенџериња.:D Ние па им викавме дека нивното школо е затвор за глувци. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and ZmajChe

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Ха-ха ,интересна тема :D ...
Јас уште си се сметам како дете секако ама како помал ,најчесто бев надвор ,правевме куќарки од ќебиња и од разни глупости, "продававме" украдени јаболка и грозје ... (wasntme)
Самите си се плашевме ,си раскажувавме глупави приказни од кои најмногу ја памтам и како најглупо нешто ми беше реченицава : "Црниот ајрокрем е на ѓаволот а белиот на ангелот ,затоа јадете само бел " хахахаха КАКВИИ ГЛУПОСТИ ... (facepalm)
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
хахахаха темаваааааааааа :)
бравооо !
Ко мала бев многу палава низ маало посебно. Ги организирав децата да крадиме цреши и ќе се качевме на една гаража и директ од централа (од дрво) јадевме и после ко прасенца дома исфлекани си одевме :D
Еднаш се сеќавам се закаравме со едни деца кај баба ми во маалото оти ни ја дупнаа топката за фудбал .. замислете и не било намерно ама деца ко деца.. и му направивме убава стапуца ја покривме и сето тоа.
Арно ама дедо ми испраќаше некои пријатели и пропадна во стапицата и плус доби едно најлонче со вода врз главата хахахахахаха....... (после следуваше ПЕЕЊЕ!) :D :D
Имало многу јаки дешавки.. знам дека секој мај со брат ми и другар ми кога одевме на излет мораше да ни засмета некој што ќе ни се испули накриво и моравме да се закараме со шишарки да се замаваме.. хахаха децааа :))
Али на еден мај знам дека се сончав покрај една рекичка на карпа .. и другар ми ме викаше да јадиме и таман да тргнам пропаднав цела во вода хахахаха од глаа до петици бев водена, среќа беше топло :D
За сега толку, ко ќе ми притекни уште нешто ќе кажам пак :D :D :D
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Епа... Случки од нашето детство?????? Ајде кога така викате :)

Бев прво одделение и мајка ми, ми соши едни карирани пантолончиња(во тоа време најмодерни :) ) и јас душиче сакав да играм фудбал пред часовите. Тоа и го направив. Ама паднав на камче и ми се скинале а јас не забележав.
Се сеќавам само дека сестра ми ме испотепа да одам дома да се пресоблечам, и си одев со рачињата на газе и си липев...
Многу беа убави бе :(

Немам време сега да мислам... вечер ќе ми текне некоја друга глупост :)
 

elizabetta

Истакнат Член
8 септември 2012
236
382
63
Бев забавиште, со другарка ми отидовме кај неа дома. Родителите и беа во двор па нејзината поголема сестра не викна внатре, не седна и ни рече дека шишките не ни биле рамно сечени па ни предложи таа да ни ги израмни (facepalm) и ние како помали се согласивме. Резултатот беше мода 2020 моите беа у косо а на другарка ми цик-цак :D. Се додека малку не ни пораснаа шишките носевме огромни шноли со цветови....
Друга случка. Пак бевме јас другарка ми и сестра и, правевме торта од кал, е сега по со шлагот требаше да биде бел тие две донесоа од дома една голема кутија нивеа крема шо ни заврши супер работа :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_- and Gemini

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
ееееј ми текна уште нешто...
Одевме во ноќен поход против другото маало и ни излезе еден комшија ни се развика... и во бегањето едно подебелко дете ме турна и двајцата отидовме в коприви.. бев цела потечена 3 денаа .. дури и лицето :D сеа ми е смешно тогаш ми се плачеше...
друго... едно попладне игравме фудбал зад зграда и на некој комшија му се спиело и не бркаше да си одиме, ама пусти инает останавме и лупавме уште по гаражите :D и еве го по пет минути слегува со сачмарката .. а од кај мене до полицијата неполни 5 минути има, па се стрчавме до полиција и го пријавивме..
Па полицаецот ни рече: а бе деца овој стар е му летнало пилето играјте си :D хахахахахахх :D :D