Случки од нашето детство

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,107
1,133
Во моментов ми текна на една случка од второ одд.
Имав една симпатија ама гоооолема и учеше со мене, ама јас нонстоп го замарав а тој кутриот срамежлија цело време бегаше од мене :D Седеше во клупа со една моја другарка и се договоривме еден час јас му напишав писменце, баш добро се сеќавам пишуваше Сара и Б**** и после тоа: да знаеш дека ниту една нема да те сака како јас :facepalm2 која психа брее во второ одд ццц....и напишав што напишав, ами најтрагично беше што писменцето така патувајќи по клупите за да стигне до него, наместо до него стигна во рацете на учителката..иии сега што правиме, сега се смеам ама тогаш колку бев уплашена па тоа беше страшна работа.Ме тргна настрана учителката и ми рече ќе те кажам на мајка ти за ова, памтам дека после тоа со недели ја молев да не го направи тоа зошто ми се ближеше роденденот и можев да "настрадам" хехехе :D
И на крај никој не дозна ништо, а памтам баш пред неколку години и раскажав на мајка ми за случкава не можам да си поверувам колку ми олесна во моментот, мало нешто ама ете сепак останало во мене потсвесно :)
 
  • Like
Реакции: Arkantos and Gemini

Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
осмо одделение- екскурзија-Охрид............ахахахааах...:rofl ...............едни шупаци заспале...:rofl .........ахахахах.....а вратата ја оставиле незаклучена , влегувам јас со уште 5-6 души......сите носиме пења за бричење и паста......:rofl............и полека едноставно нели, ајде ќе почнеме од пењата.....само направи пппппппппшшшшшшшшуууууууит и целата фаца на едниот беше покриена......како сладолед бе......и типот само кога направи (facepalm)...............се се размачка мајката.....ние 5-6 души патос.......готово веќе...........типот се буди и така поспан само кажа.......цитирам ,,КАКВО Е ОВОЈ ГОМНО::::,, и продолжи со спиење............а ние готови не можеме да дишиме веќе.........цццц..............:rofl:rofl:rofl
 

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Случка на која и ден денес се смеам и на која и ден денес ме зезаат школските..бевме прво или второ оделение ии ја често знаев да се праам паметна и да се затепувам со машки ии едно дете ме удре по стомак ии ја кај улителката да се напраам паметна ии гооолема и викам: учителке овој ме удре по јајца! (секако ни јас ни децата не знаевме што значи тоа)

инакууу се сеќавам дека можеби 3 месеци го молев моите да ми купат монопол...ии го добив на крај
 
  • Like
Реакции: Gemini

BlackArrow

Староседелец
9 април 2012
14
5
1,013
Кога имав 6 години сакав да научам да возам точак и дада се реши да ме научи арно ама јас со едната рака ја држев нејзи а со другата рачката за воланот и ми беше страв да ја пуштам сестра ми и кога се решив изгубив рамнотежа и на страната кај што бевме ние имаше коприви и ние во нив паднавме сестра ми па јас над неа со се точак после утредента двете со пришови бевме цели од копривите:D
Хаха ..со другар заедно бевме на риби и беше мн жешко бев соблечен гол (без маица :zelen) двајцата бевме на еден точак и јас пред да се качам точакот си се подсопнав и ко си паднав цел во коприви гол цел со пришови ама нели на точак па од брзо возење со изладив :zelen:zelen..абе имаше многу случки со точак..еднаш со другар (друг не иситиот) пак на точак он седи на седиште јас возам нема место за седење за мене и така залетани влегуваме во неговиот двор ама како на кривина е ко влегуваш во неговиот двор и имаше баш тамо една кола со бали товарена и за сантиметар ја промашив ко ќе се учукав во неа ќе летавме преку неа ( брзо возење тешко ваќав кривини хаха )
е сега да кажам за тројца другари, пак со точак, овој точакот со кошница од зад и се качиле тројца еден во кошница друг на седиште трет стои и вози и така влегле во дворот залетани, му се скинала сајлата за кочницата и немало како да застанат а оделе директо во галабарникот (тоа тамо кај шо чуват гулаби :zelen) и ови двајцата скокнале, оној во кошницата немало како да излезе и си останал во кошницата и си гледал како удара во галабарникот, немал шо да направи можел само да седи и да гледа хахахахахха
друго пак исто со моите другари, јас не бев со нив и мило ми е шо не сум бил, оделе да се договорат за нова година шо како дека кај кој и има тамо едно лудо куче и ко им рипнало, другарот вика кај мене дојде прво ми рипна на гради ќе ме јаде јас ко почнав боксове по него и се тргна почна по другиот да оде, овој пак има уплах од кучиња од паника се лизнал паднал во бара со вода и почнал да плива во место од шо не знаел шо да прави, а третиот другар цело време стоел и гледал и ко видел дека кучето иде накај него ко му летнал..и така сите испробале некои спортови еден боксирање, друг пливање трет атлетика..си поминале убаво :igra и толко
 
  • Like
Реакции: Gemini

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,683
3,863
1,183
осмо одделение- екскурзија-Охрид............ахахахааах...:rofl ...............едни шупаци заспале...:rofl .........ахахахах.....а вратата ја оставиле незаклучена , влегувам јас со уште 5-6 души......сите носиме пења за бричење и паста......:rofl............и полека едноставно нели, ајде ќе почнеме од пењата.....само направи пппппппппшшшшшшшшуууууууит и целата фаца на едниот беше покриена......како сладолед бе......и типот само кога направи (facepalm)...............се се размачка мајката.....ние 5-6 души патос.......готово веќе...........типот се буди и така поспан само кажа.......цитирам ,,КАКВО Е ОВОЈ ГОМНО::::,, и продолжи со спиење............а ние готови не можеме да дишиме веќе.........цццц..............:rofl:rofl:rofl
Не сум слушнал до сеа генерација, а да го немаат ова напраено.
 

Twystet

Нов член
8 февруари 2013
6
8
3
Лелее само кога ке се сетам, усте и ден денес се смеам на случкава....Мислам бев 3 оделение и сакав едено дете од моето оделение М*** тоа ми бесе првата симпатија!и идеме така од школо накај дома група дечиња и другарка ми ми вика ке допреш до неговото срце само ако го фатиш за рака.И јас паметната одење накај М*** и фаќање за рака и тој ме гледа бледо а јас па уште гордо гледам прави и видов ме гледа запрепастено детето, и јас го пуштам и му викам ШТО МЕ ФАЌАШ ЗА РАКА НЕ СУМ ТИ ДЕВОЈКА! леле ххахаххаха само каква слика беше тоа ја сум го фатила за рака го пуштам и ѕште му викам демек он ме фатил за рака демек не сум му девојка! :rolleyes::banghead
 
  • Like
Реакции: Gemini

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
И следи најзасрамувачката случка во мојот живот.
Не бев баш дете - веќе бев тинејџер.
Имав 14 години, и имав „девојка“. Дете, запечено, желно за се’.
Кога и да бевме заедно ја фаќав за задник.
А да, да напомнам дека таа имаше 16(рака на срце секогаш сум си било фраерче знаев да заведам :) )
И еднаш се изнервира. Седневме во Домот на АРМ(тоа во Кичево ни служи како „парк“. И после едно десет пати фаќање, стана од клупа, се натрти и згрме „фаќај сега!“
Колку сум се засрамил не сум свесен ни јас сега. Знам само после тоа ми беше срам да ја бакнам.
Недела после тоа - раскинавме.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,007
3,215
1,143
:facepalm2
Темава ме потсети на една случка во прво одделение.
Имавме претстава и сите мораше да носаат маски.Јас носев Мини Маус :rolleyes:
И кога дојде мојот дел да го кажувам ми падна маската а јас си заплачав :patos
Ова би било најзасрамувачки момент.

Друга случка...Со една другарка во мојата соба повикувавме духови.
Со кој памет јеј... А?

Само на тоа ми текна сега.
 
  • Like
Реакции: Gemini

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата
Случка бр1.
Сакав со комшиката ми Биљана да одам на школка во парк.
Стариот ми рече:
23 часот да си дома.
Ок нема проблем.
Си бевме на школка си поминавме супер и се заборавивме.
22:45 јас и Биљана пешки накај дома.
Немаме пари ни за автобус ни за такси.
Пешки до К.Вода стигнавме во 23:40.
Филм..
Како ќе влезам дома, да не ме чуе татко ми?
Гледам не свети ништо кај нас дома и си викам:
Ај преку балкон ќе се прекачам, нема да ме чуе.
Живеевме на први спрат.
Се прекачувам,
среќна што не ме слушнал никој,
ја отворам полека вратата од балкон( за во дневна)
и во темнината гледам црвено жарче од цигара....шииит.
Стариот ме чекал.
Си добив казна 50 дена забрана за излегување
заради 50 задоцнети мин.
 
  • Like
Реакции: Gemini

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,132
2,396
1,133
Yellow submarine
Прво да кажам дека темава е прекрасна (y)

Ми фали детството, наивноста, безгрижноста... Моето опкружување на другарчиња вклучувајќи ме и мене, не била тајфа на размазени деца и задоволени со од пиле млеко, ама бевме среќни бре. Неприбрани од улица :D

Дешавки, дешавки...еден куп.
Се сеќавам дека имавме собиранки кај некој дома, зависно родителите како се на работа и дали има чист терен, па ќе вртиме од фиксен разбира се по рендом броеви и обично муабетот идеше вака:
- Ало тето/чичо (зависи кој ќе се јави) мама ја испече кокошката и ве чека да дојдете.
- Грешка си дете, кој е на телефон?
- И купете ми чоколадо на идење дека мама вика со празни раце не се иде и да не заседнувате ко минатиот пат три саата без осет.
А, некогаш после првата реченица имаше:
-Кате, Маја...или ватева ти си?
-Јас сум. И продолжува муабет у сличен контекст. :D

Или па ќе викнеме такси ( тогаш почнаа да се актуелизираат) од сите 5-6 компании на иста адреса ...
Ова зезањето преку телефон знам дека сите го имаме правено и не е кој знае каква случка, ама мене ми е незаборавно.

Во трето одд. го истепав Томче од мое одделение, зашто рекол дека ме сака :D
И после не ми правеше муабет и го тераше другар му ливчиња ( писменца да ми праќа) дека си фатил женска и дека јас не сум убава. :patos

Ах, да. Имавме обичај да земеме некои играчки од дома што не ги сакаме веќе, или детска пошта, стегачиња и си правевме тезга од картони и ги продававме во маало и од парите ( собиравме по 30 денари отприлика, не секогаш ) си купувавме заеднички смоки и имаше сокчиња во стакло, во мали шишенца по 6 денари беа и кај некој дома си правевме журка :cool:

Туку што ќе прераскажуваат овие што од 7 год. се квакнати пред компјутер се прашувам...
 
  • Like
Реакции: Browny and Gemini