По археолошки локалитети точно дека е забрането да се копа, а ако при копање се најде било што од историска важност треба да се пријави па било и да е откривање на нов локалитет пошто во Македонија има илјадници кои не се откопани (се нема пари јбг). А иначе без разлика дали е локалитет или не, се што е под 2 метри во земја е сопственост на државата, значи што и да се ископа треба да се пријави, ако е некакво богатство без историско значење (некакви златни прачки, турски паричи и слично) кога би се пријавило, следи награда од државата. Интересно е што од тоа што ќе биде пријавено 80% го зема државата а 20% останува за наоѓачот. Јас искрено не би пријавил
Локалитети има многу од антички гробници, турски злата и плен на војските што на повлекување го закопувале, најчесто во првата светска војна. Така на пример познато е дека тн јужен фронт во првата светска војна кој допирал и во мариово, французите имаат оставено огроми богатства низ мариовскиот крај, како и на галичица. Турски злата има сегде, што скриле на бегање, што комитите ограбиле па скриле. Немам против ова да го копа некој па дури и да не го пријави сеедно. Имам против во моментот кога се крадат предмети со непроценливо значење за нашата земја и историја, како разни мечови, штитови, парички, накит, алати и слично од античкиот период, од римско време и од византискиот перид. Тоа е нешто што стварно припаѓа на Македонија и треба да биде пријавено за веднаш да биде правилно конзервирано истражено и доколку е можно да биде изложено, такво нешто без размислување би го пријавил и не би барал никакво надомест од државата. Ама да ми улета закопан сандак со турски златници...:cao