Како ви се допаѓа текстов?
Уште еден од многуте обиди на старо-еонски религии да најдат оправдување да бидат споменувани по нетот.
Сум читал сешто на тема христијанска религија и О.Т.О., но малку за христијанска религија и Телема! Неуки се за да коментираат на тој начин. Старо-еонски гледаат на работите и ние не може да им помогнеме околу тоа.
На пример, видете го ова:
„Например, читам књигу која даје упутства шта је све потребно да следбеник ОТОа учини како би дошао до највишег степена, да би на последњем 33ем, од њега било захтевано да се одрекне – Христа!“
Не можеш да бидеш следбеник на О.Т.О. ! Самиот Брати или Сестра Е О.Т.О.!
Највишег степена не е 33 Тоа е масонеријата со тие огромни бројки на степени!
Откажување од некаков си спасител. Јас на пример никогаш не сум го ни прифатил христијанскиот концепт на спасител, така да не ни имам потреба да се одрекнувам од било што.
Никој не бара одрекување во Редот во однос на верувањето, барем нема тоа да го побара некој Брат или Сестра!
И интересно е ова „Убиј самог себе!“.
Ете цитат од „Книгата на Законот“:
Ја обожувам моќта на твојот здив,
Врховен и страшен Богу,
Кој чиниш боговите и смртта
Да треперат пред Тебе:
Јас, јас те обожувам!
Појави се на тронот на Ра!
Отвори ги патеките на Ку!
Осветли ги патеките на Ка!
Патеките на Кабс проаѓаат
Да ме вознемират или смират!
Аум! нека тоа ме убие!
Но, што ли значи сето ова со убивањето? Кој да ви каже? Па сигурно не старо-еонските учители за гревовите! Тие веднаш ќе си отсечат нешто бидејќи така пишувало
Имате интересни коментари после овој линк.