Во денешно време сите се збунети а шо е уште позанамливо никој ништо не те слушат, секој си терат по своето.
На пример одам на фризер и тој ми викат оооо добар ден мајоре, како ќе те шишаме сега?
И јас му викам малу со подолги шишкиве онака настрана со патец, во мода било слушнав на радио.
И тој демек знајт каква фризура требит, одма ми викат: не бе така тебе немат да ти стојт, глата со кошој ти е, тебе патец не ти одговарат тинтири минтири дур не дојт по негово.
Е убо ко така подшишај ме средно.
И тој одма, еее то мојт, така кажи таа фризура најуба е.
И земат со машинкана војнички те мават, после дур не ти подпораснит, срам ти е во диско да влезиш.
А дур си ојш од кај него си викаш во себе, абе фризурата е релативна работа ,плус шишките мојт да ти сметет на чело, а и побитно е во џебот да си среден него во глата и не се замараш многу дур не видиш некој од Тефелиџ затворон шо свирит караѓуле со иста фризура ко твојата, дури и малу поуба а го шишал цимерму за без пари.