@Saladin многу е реално вакви работи да се случуваат и кај нас и тоа да го прават деца на 13-25 догишна возраст. Како што се сеќавам пред неколку години кај нас беше голем тренд да се снимаат порничи на телефон во училиштата, прво започна со неколку минутно видео како некое девојче орално задоволува соученик пред останатите во класот, па заврши со цели порно фолмови по станови, со оргии и така натака.
Пред некој месец разговарав со 13 годишно машко дете за проблемите кои тој ги има на училиште и ми зборуваше како сите се опседнати со секс и како бил понижуван од страна на соучениците дека не е некој фраер, дека не пипка девојки, дека не им префрла со вулгарни зборови, па додаде и дека девојче од неговото одделение на цел глас пред сите рекла: - леле ми се е*е ке пукнам! и била ,,фраерка,, затоа што го рекла тоа.
На децата во тие години хормоните им вријат и нормално е да се заинтересирани за секс и да мастурбираат, да разговараат за тоа со пријателите, но сметам дека опасно е таквото преотворено однесување на нивна возраст, бидејки се сеуште млади да ги согледаат последиците со кои ке можат да се соочат. Како главен виновник ги сметам родителите, бидејки тие треба поотворено да разговараат на овие теми со своите деца и кога детето за секое прашање кое што ке му пролета низ мисли, ке добие нормален одговор од својот родител, помалку ке бара одговори на други места. Родителот е должен да му објасни на детето за се од одржување хигиена и начините на заштита од бременост и болести, од злоупотреба и сл. па до моментот - сексуално задоволство, оргазам и така натака , едноставно да имаат отворена комуникација на таа тема. Многумина од родителите чувствуваат срам и непријатност да зборуваат на оваа тема со нивните деца, па затоа и оставаат друштвото, телевизијата и интернетот да ги едуцираат, мислејки дека децата еден ден ке пораснат и секако ке сфатат за што станува збор, ама не е баш така.
Друго - треба да се има предмет на училиште за овие работи. Наместо да воведуваат веронаука, можеле да воведат предмет за секс која е значително многу попотребна и покорисна. Кога би се споеле двете нешта - отворен разговор со родителите и стручно дообјаснување на истото од стручно лице, тогаш свеста на младите кои се развиваат ке биде на друго ниво.
Во целава приказна единствено не се согласувам дека такви работи има само од сега, мислам дека такви поотворени и похрабри млади луѓе во тој поглед имало и ке има секогаш, само што на времето повеке се криело.