Секси игри наречена "полнета кокошка"

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
А ти веруваш дека многу деца тоа го прават. Сензационалистико изведено за вест што прашање е еден промил од младата популација во Србија дали го прават. Посебно од 13-15 години.

Ај да сме малце реални..
Ко почбаа овде во Македонија-ва наша да се сервираат од 15 год за Србија неќам ни да зборам..
Таму се нели девојчињата "понапредни, понодерни, посовремени" ..
Туркај бате крцкалче е јако мануче е напраено..
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy

Имаш отидено во Србија? Знаеш ли што значи поимот посовремено, помодерно?
 
Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
43
Имаш отидено во Србија? Знаеш ли што значи поимот посовремено, помодерно?
Нема, ама ќе ја носам со мене есеноска на една конференција, придружба да ми биде, да ми чува тремата и да иницира аплауз :D
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Дека имам отидено немам, ама имам познанички..
Аа не знам што значат овие поими.. Де разјасними ги...
Генерализација демек турбофолкот е излезен од србија па по дифолт они се најсељаци.
Од друга страна саркастично потсмевање на цела една таргет група врз основа на прочитани сензационалистички вести. Кој тука ги поставува границите, м?
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
@Saladin многу е реално вакви работи да се случуваат и кај нас и тоа да го прават деца на 13-25 догишна возраст. Како што се сеќавам пред неколку години кај нас беше голем тренд да се снимаат порничи на телефон во училиштата, прво започна со неколку минутно видео како некое девојче орално задоволува соученик пред останатите во класот, па заврши со цели порно фолмови по станови, со оргии и така натака.
Пред некој месец разговарав со 13 годишно машко дете за проблемите кои тој ги има на училиште и ми зборуваше како сите се опседнати со секс и како бил понижуван од страна на соучениците дека не е некој фраер, дека не пипка девојки, дека не им префрла со вулгарни зборови, па додаде и дека девојче од неговото одделение на цел глас пред сите рекла: - леле ми се е*е ке пукнам! и била ,,фраерка,, затоа што го рекла тоа.
На децата во тие години хормоните им вријат и нормално е да се заинтересирани за секс и да мастурбираат, да разговараат за тоа со пријателите, но сметам дека опасно е таквото преотворено однесување на нивна возраст, бидејки се сеуште млади да ги согледаат последиците со кои ке можат да се соочат. Како главен виновник ги сметам родителите, бидејки тие треба поотворено да разговараат на овие теми со своите деца и кога детето за секое прашање кое што ке му пролета низ мисли, ке добие нормален одговор од својот родител, помалку ке бара одговори на други места. Родителот е должен да му објасни на детето за се од одржување хигиена и начините на заштита од бременост и болести, од злоупотреба и сл. па до моментот - сексуално задоволство, оргазам и така натака , едноставно да имаат отворена комуникација на таа тема. Многумина од родителите чувствуваат срам и непријатност да зборуваат на оваа тема со нивните деца, па затоа и оставаат друштвото, телевизијата и интернетот да ги едуцираат, мислејки дека децата еден ден ке пораснат и секако ке сфатат за што станува збор, ама не е баш така.
Друго - треба да се има предмет на училиште за овие работи. Наместо да воведуваат веронаука, можеле да воведат предмет за секс која е значително многу попотребна и покорисна. Кога би се споеле двете нешта - отворен разговор со родителите и стручно дообјаснување на истото од стручно лице, тогаш свеста на младите кои се развиваат ке биде на друго ниво.

Во целава приказна единствено не се согласувам дека такви работи има само од сега, мислам дека такви поотворени и похрабри млади луѓе во тој поглед имало и ке има секогаш, само што на времето повеке се криело.
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103

Убаво сето ова го напиша ама само со едно нема да се согласам со тебе а тоа е дека поотворени и похрабри млади луѓе, како што ти ѓи нарече имало порано, јас повторно ќе кажам дека немало, сега тие се бесрамни млади луѓе кои немаат ни трунка совест во нив, ниту страв и срам од родителите како што било порано.
Мора да кажам дека и семејството не претставува некој авторитет што би требало да го почитуваат децата, родителите кикснаа многу на образовното и педагошкото воспитување, самите тие ги заборавиле моралните кодекси....неверството е причина на прво место поради кој се разведуваат браковите.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Нарот со таква младина нема гајле за својата иднина... како што кажале Џемо и Мефаиљ.
Али родителите е криви пошто се ботови а какви генерации ќе излезат од моронски родители и фекален образовен систем?!
Каде и да е МПЦ ќе ја покрене својата морална тежина во правец на исправување на неморалноста, да причекаме :cool:

Него има чаре ама е многу бучно...
ss-100726-khmer-rouge-006.jpg

И после нека му ја мислат...
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Колку е имево језиво и деградирачко... :eek
Баталете тоа златни vs. неморални генерации веќе, си иде со времето.
Порано се криеле по плевни и зад грмушки, ама среќа немале со што да снимаат, ниту кај да прикачат, па останувало на тоа... евентуално да ги види некој, па да разнесе, ама сепак било нивен збор против туѓиот.
Сега децава се запознаени со секс уште пред да се запознаат сами себе. На 12 години веќе се осеќа притисок да се има партнер и да си сексуално докажан. Секој филм и серија имаат sexual innuendos, сексот за една ноќ се прикажува ко кул работа која води до љубов, а превентивата, ризиците и последиците речиси никаде не се прикажани (освен ако не е со едукативна намена, што е преретко). Деца гледаат порничи каде фраеров и цуцава може цело полувреме да издржат, па добиваат нереални замисли кои се трудат да ги исполнат од петни жили (додуша и доста возрасни летаат вака), а притоа закачуваат инфекции и несакани бремености... да не збориме па дека од „играва“ и најтренирана порно ѕвезда ќе пресуши после вториот. :zelen
А, нема кој да им укаже. Јас цврсто стојам на тоа дека не секој морон заслужува да биде родител. Заеби ти проповеди како децата се најголемо богатство, кога истите идат од полуписмењак што станал родител преку несакана бременост и повеќе се замара да се покаже ко перфектен по интернет отколку да седне со детето и да види да не закачило кандида, во најмала рака.
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Не е проблемот до децата, децата се раззвиваат сите на ист начин, околината е таа која освен генетиката го форматира човекот. Се согласувам дека родителите имаат голема улога со тоа што ги запоставуваат децата, ама има и лимит до каде родителот може да влијае. Хормонскиот пакет на еден тинејџер е ист и во Македонија, во Америка и во Австралија.
Според мене главниот проблем се развива бидејќи живееме во свет полн со диверзитет, свет во кој е многу лесно да се изгубиш. Од една страна го имаш интернетот, нужно зло кое е пристно во секојдневието. На децата им се пласира еден свет на Кардашијанки каде преку порно филм добиле милиони, каде Ријани со тресење газ го превзедоја светот, сексот е буквално секаде, во филм, музика, книги (фифти шејдс оф шит), фотографии... И вакви "игри" се достапни со само еден клик. Јас кога имав 12 години, вакво нешто немаше од каде да видам, ниту на нет, а камоли во живо. Во светот на интернетот можеш да кажеш се и сешто, а притоа никој да не те знае кој си, да кажеш нешта кои во живо не би ни помислил да ги инсинуираш, а камоли да ги изустиш на глас. Од друга страна имаш конзервативна околина, околина каде срамота е да се изусти зборот секс јавно, околина која е толку тупава за сексуална едукација, тоа е страшно. Имам другарка што на гинеколог се срами да оди, а активна е веќе 6-7 години, оти срамота било. Оди спомни сексуална едукација некаде на маса, ретардиран ќе те направат. Најлесно е кај нас со прст да те покажат, а не размислуваат дека утре и нивно дете може во ваква каша да се најде, баш поради таа lack of communication. И многу е тешко. Тешко е да најдеш баланс помеѓу тие два екстрема. Јас што сум 20+ уште имам проблем да се најдам себеси, колку и да звучам хипстерски, многу ми е тешко со некои мои сфаќања тука, а камоли на дете на 12 години. И кога ќе собереш се, хормони кои тогаш се активираат, место за дознавање на вакви "игри", запоставеност од родители, желба да се проба нешто што е табу во својата околина, конзервативна средина а модерен западен свет, добиваш катастрофален резултат.