Светско првенство во ракомет - Катар 2015

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ете како можело да се игра убаво. Исто како против Тунис така и сега. Австријците колку можеа се држеа, ама во последните 10 минути се изгубија. Конечно и Ангелов на гол, ги откажа Австријците во второ. Добро ќе биде да стартува во недела.
Имаа и судиите свој ден. По две исклучувања на двете страни, уште малку 2 на 2 ќе играа. Лошо судење во текот на цело првенство.

Резултати од завчера и вчера:
Исланд - Чешка 25:36
Алжир - Франција 26:32
Полска - Арабија 32:13
Германија - Аргентина 28:23
Русија - Данска 28:31
Шведска - Египет 25:25
Македонија - Австрија 36:31
Босна - Хрватска 28:21
Тунис - Иран 30:23
Шпанија - Словенија 30:26
Белорусија - Катар 22:26
Бразил - Чиле 30:22

Првите осминафинални парови се:
Бразил - Хрватска
Шпанија - Тунис
Катар - Австрија
Македонија - Словенија

Доколку би победиле би играле против, подобриот од Франција/Шведска или подобриот од Русија/Аргентина.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Денешни натпревари:

Египет - Исланд
Да се биде или не за Исланѓаните. Со нерешено би биле 4 место, со победа 3, со пораз би се вратиле на островот.

Алжир - Чешка
Најважниот натпревар за Чесите, но не зависи само од нив. Со победа го добиваат 4 место но само ако Исланд изгуби, со секој друг резултат Чешка си оди дома.

Шведска - Франција
Борба за првото место. Дерби на колото, после кое ќе го добиеме нашиот можен противник во четвртфиналето.

Арабија - Германија
Ништо освен дуел за потврда на првото место на Германците.

Русија - Аргентина
Дуел за четвртото место и за фаќање на последниот воз за осминафиналето.

Данска - Полска
Борба за второто место и добивање послаб противник.

Уживајте. :)
 
Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Резултати од последното коло во групите Ц и Д:
Група Ц:
Египет 25-28 Исланд
Франција 27-25 Шведска
Алжир 20-36 Чешка
Група Д:
С. Арабија 19-36 Германија
Данска 31-27 Полска
Русија 27-30 Аргентина
Останатите осминафинални парови се:
Германија- Египет
Полска- Шведска
Франција- Аргентина
Исланд- Данска
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Конечните осминафинални натпревари:

Хрватска - Бразил
Македонија - Словенија
Шпанија - Тунис
Катар - Австрија
Германија - Египет
Полска - Шведска
Франција - Аргентина
Данска - Исланд

Изгледа Полска го извлече најдебелиот крај, доби силен противник и тоа ќе биде дербии меч.

Франција очекувам да се измачи со Аргентинците затоа што видовме како играат Аргентина, добро би било ако не можат да победат барем добро да ги измачат Французите.
Франција вчера имаше огромна помош од судиите очекувам таа помош да продолжи.

Данска во Скандинавското дерби мислам дека нема да има проблеми, едноставно Исланд не е веќе како порано а Данците влегоа во серија.

Германија, ех што да се каже за миленичињата на Ехф. Од пораз во квалификациите ќе стигнат до финале на сп. Срамота ама тоа е.

Хрватска најмногу до полуфинале мислам дека може, имав погрешен тип пред првенствово за Хрватите, мислев нема да стигнат далеку. Ама уствари од кај знам, Бразил не е наивна репрезентација.

Шпанија можеби не е јака како порано но мислам дека може до финале, во четвртфиналето вкрстуваат со Данска, тоа ќе биде меч кој ќе го даде шампионот по мене. Кој ќе победи во тој меч освојува, слушајте ме.

Катар најмногу осминафинале, после толку пари фрлени не верувам да изгубат од Австрија. Со таа победа секој од играчите ќе си има половина милион евра во џеб. Вештачки направена репрезентација, полна со платеници кои не сакаат да играат за нивните земји туку поважни им се парите.

И на крајот Македонија. Натпревар за историски пласман меѓу осумте најдобри во светот, натпревар кој ако го победиме нема да сме веќе просечна репрезентација која се плаши од сите. Словенците се јаки точно, но и ние сме. Со добра одбрана можеме да ги добиеме. 16:30, не пропуштајте.

Најинтереснето штотуку почнува, патот до финалето за некого е лесен за некого најтежок до сега, сите сакаат да стигнат до крајот на тој пат но таму има место само за двајца. Само најдобрите последни ќе си ја слушнат химната.
 
Полска ако беше втора, ќе играше со Исланд, а вака ќе игра со Шведска. Скоро ист ѓавол, бидејќи мислам дека повеќе шанси би имале против Исланд.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Полска ако беше втора, ќе играше со Исланд, а вака ќе игра со Шведска. Скоро ист ѓавол, бидејќи мислам дека повеќе шанси би имале против Исланд.
Полска со 4 играчи би го победила Исланд, зашто Исланд не е силен како порано а и сега ќе им отсуствува најдобриот играч, Палмарсон. Додека Швеѓаните и те како се тежок противник, како играа вчера против Франција да видеше. Така да не е ист ѓавол, со Исланд Полска би имала 100% шанса, вака има 50-50.
 
Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Полска со 4 играчи би го победила Исланд, зашто Исланд не е силен како порано а и сега ќе им отсуствува најдобриот играч, Палмарсон. Додека Швеѓаните и те како се тежок противник, како играа вчера против Франција да видеше. Така да не е ист ѓавол, со Исланд Полска би имала 100% шанса, вака има 50-50.
Имаш право, Исланд изгуби со 11 разлика од Чешка, а тоа кажува нешто, особено кога се без Палмарсон. Шведска сега е подмладена, всушност од лани, а Закрисон( мислам тој од младите беше) и постарите: М.Андерсон, Екберг, не се за потценување...
 
Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Никој не ние крив шо сме толкави БРУКИ..Заслужено Словенија оди на Франција и ќе изгуби ама нема везе ние заслужено си одиме дома оти оние сељаци (Прибак, Јоноски) не смеат ни да смислат дека треба да играт за Македонија. Зицери на Манасков, Лазаров и Ѓоргиевски не беа искористени и никој не ние крив шо му дозволивме на Словенците да се радуваат дека ќе се во најдобрите 8.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Немавме среќа, тоа е. Никој не е дрво, многу важен натпревар беше нормално е да имаат трема. Подоцна повеќе ќе пишам.