Светско првенство во ракомет - Катар 2015

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
И што кога Катар ќе биде шампион? Овие нивниве купени играчи ќе си ги земат парите и ќе си заминат по светсково. Ама не, Катар мора да биде азиски шампион( додуша нас тоа ни одговара, нели за квалификацииве за ОИ), а потоа и олимписки прваци. Ама ни тогаш, ни тогаш нема да си заминат. После ќе трубат дека азискиот ракомет бил најдобар во просек, бла бла. Европа била, е, и ќе виде најдобра во сите спортови, освен некои амерички си таму…
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
За шампиони на ОИ ќе се прашаме дали ќе биде. Финтата е што секоја репрезентација повеќе ги цени европските и светските првенства, ОИ се за забава, можеби за нас е големо достигнување да се игра на ОИ ама ништо не е и да не играме, европски и светски медал е тоа кое секој го посакува.

Катарците ќе се радуваат, тие платениците исто нека се радуваат за парите што ги добија, ама после светсково ќе губат од сите по 100 разлика, ќе видите. Единствено голманот и тренерот им вредат многу, кој е па тој Марковиќ? Клошар арогантен. Срамота, Катар што нема врска од спорт игра финале на светско во ракомет.
Од кај знаеме, за светското во фудбал можеби ќе направат тим и ќе си стигнат до финале.

Американците се подобри во кошарка од Европјаните, јес да Евролигата е јака ама играчите не се толку јаки. Може да се види на светско и ОИ кога Американците со просечен тим доаѓаат до победи против Европски репрезентации, Шпанија и Франција отскокнуваат повеќе и им пружаат добар отпор, ама другиве не.
Ракомет и фудбал, е во тоа нема појаки од Европските репрезентации. :)
 
За ракомет нема збор, а за фудбал може да се смеша и Јужна Америка. Ама, арно велиш, Катарциве може и фудбалска репрезентација да направат, кој ги знае.
И да, САД сe најдобри во кошарка; сите кошаркари се тепаат за NBA.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ете како играат Катарците кога немаат помош од судии, да беше вака цело првенство Катар немаше ни до полуфинале да стигне.

Најпрво ми е мило за Полска, сакав Шпанија да победи и да си земе медал ама Пољаците дефинитивно заслужија. Силна одбрана која тотално ги откажа бековите на Шпанија, Кањелас премногу сака сам да завршува, не чини тоа. Ентрериос малку подобро од претходниот меч но не беше опасен како што знае да биде. Агинагалде беше единствениот кој беше на ниво, но не можеше да се носи сам со одбраната. Им се гледаше желбата за победа но грешките најпрво на Кадењас и тие соло акции на Кањелас беа пресудни.
Од друга страна Пољаците при крајот дадоа гас и успеаа да го свртат натпреварот. Симултанка на Шиба во последните 2 минути, 3 голови по ред даде за да избори продолженија, а продолжи да погодува и таму.
Заслужена бронза дефинитивно. Следното европско се игра кај нив, се најавува спектакл а јас очекувам злато за Пољаците, колку и да не му е верно на некој.

За Катар не кажувам многу, платениците се радуваа ама видовме каква репрезентација се кога немаат судии на нивна страна. Очекувам на ОИ да се посрамотат.

Франција, никој не може да ги победи кога им се расположени Карабатиќ и Омејер. Тоа во првото полувреме беше газење, а во второ и Омејер влегува во серија и нема што да бара ни Катар ни никој. Најпрво со Шпанците одиграа супер па после со Катар, на почетокот делуваа килаво и некој ќе си помисли дека ништо нема да направат, а тие што ги знаат знаат дека Французите го играат најдобриот ракомет баш после групната фаза. Доказ беше првенствово, доминација од осминафинале до финале.

@existence што се криеш бе. :)
Ракомет, кошарка, да дочекаме и фудбал.
 
Ми го зеде зборот, очекувам и јас Полска да биде во финале на Европското в година. Французите заслужено се шампиони, нема збор. Во мементов никој не може да им парира. На крајот на краиштата, го доживеавме и тоа, Катар немаше (голема) помош пд судиите. И заслужено Омејер е најдобар играч.