Светско првенство во ракомет - Катар 2015

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Тоа е тоа...нема зошто да ги нарекуваме дека играа катастрофално или дека се бруки, кога ќе ги погледнеш резултатите и сите фаворити се мачеле во осмина финалето, од тренер до голманите и играчите сите се виновни за поразот, освен мислам дека само на Ѓорѓиевски му беше ептен денот, даде максимум од себе 7/9. Сите правеа грешки, слабо функционираше одбраната помеѓу себе слабо соработуваа, Манасков во одбрана играше катастрофално го пушташе нивното крило многу лесно да влегува и да дава голови се плашеше да му застане и да судат пробивање, али тоа е, страв во него, ќе го надмине еден ден. Скубе беше многу брз за игра еден на еден и ги направи лом, неможеа да му се спротистават и да го фатат и уште пожално се бесеа на него и ни вадеа играчи 2 минути. Најнакрај од 50-та минута почна да играат згусната одбрана и подобро да соработуваат за д не го пуштат лесно да влегува, ама касно беше.
На нивниот голман му беше денот ептен, среќа у гз, човекот се изнабрани. Ќе кажам утакмицата ја изгубивме првото полувреме кога имавме шанси да водиме, но тоа е што е, во секоја случај според мене добро се представивме иако има нормално недостатции секогаш ќе ги има, но на нив треба да се работи, толку ни е силата и мислам дека дадовме се од себе.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Подраг ми е овој пораз од Словенија, отколку што ќе ми беше поразот од Катар( читај: судиите), ако би изгубиле.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Сакав да пишам нешто за нашиве но се предомислив. На крај сепак завршивме на 9 место и за две места го подобривме најдобриот пласман на светските првенства. Можеше повеќе ама тоа е.

Четвртфиналните натпревари:
Франција - Словенија
Данска - Шпанија
Катар - Германија
Полска - Хрватска
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
И така стигнавме при крајот, збор два за натпреварите да си кажам.

Словенија - Франција 23:32
Од почеток се знаеше кој е кој во овој меч. Французите се прејаки за Словенците, јас мислев Словенија ќе пружи отпор ама тие не пружија ништо. Омејер на голот на Франција уште толку им ја запечати судбината, какви шутеви им фаќаше при крајот, луд човек. Дури и Словенија со 2 играчи повеќе не успеа да реализира два напади.
Французите беа перфектни во нападите во првото и при крајот на натпреварот. Направија Словенците 10:3 серија но после потона бродот. Толку од нив, се радуваа што не победија ама сега плачеа, ако им е.

Хрватска - Полска 22:24
Баш ми е мило што изгубија Хрватите. Полска и те како заалужи полуфинале, најпрво против Шведска изиграа предобро, исто и сега. Цел натпревар го бркаа резултатот а Хрватите изгледаа како да веќе победиле, затоа при крајот Полска со последни сили прави серија и победува. Заслужено.

Катар - Германија 26:24
Ете и тоа дочекав, во ракомет да се суди против Германија. Немаше цел натпревар лошо судење, но доволно беше тоа кога се доближија Германците на 1 гол. Неколку "пробивања", грешки, избрзани шутеви и тоа е. За некого изненадување ама за мене ич, Катар се гледаше дека ќе одат далеку. Полуфинале не е мала работа, а гледајќи што се случува со судиите кога се крши мечот, ништо чудно и до финале да стигнат.
Платениците беа мотивирани и од парите и колите и становите. 1 милион долари, стан и кола за секој ракометар, плус тие 500 илјади што ги добија од претходно. Значи 1.500.000 долари си ставија во џеб, ненормална работа. Не им треба ракомет повеќе на играчиве, нека не играат за плата. Луди се шеициве.

Данска - Шпанија 24:25
Ууфф, најголем мерак ми се направи кога ги гледав фаците на Данците на крај од натпреварот. Посебно на коњот Хансен и гејот Линдберг што ни даде гол во последна секунда. Сега осетија како е тоа, така им треба. Натпреварот реално беше супер, врвен и брз ракомет цело време и со трилер завршница. Шпанија можеби не е како порано но јас мислам дека ќе си ја одбрани титулата.
После овој меч видов колку заостануваме од европските велесили, ваков ракомет ние кога ќе играме....

Тоа е тоа, останува уште малку до финалето. Парите или талентот, којзнае кој ќе победи.
 
Последна промена:

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Све све, ама Катар да ги побиде Германците неможам да верувам!!!! Не ја гледам утакмицата, може ли да ми каже некој дали беше реално?
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Све све, ама Катар да ги побиде Германците неможам да верувам!!!! Не ја гледам утакмицата, може ли да ми каже некој дали беше реално?
Не беше реално а не е ни сега против Полска. Такво судење немам видено жими се.
Судеа пробивања на Германците што си немаа врска, чекори и секакви глупости. Прв пат гледам некој да суди против Германија. И тоа баш кога се вртеше натпреварот, Германија се доближи на еден гол и им досудија два пати пробивање и Катар избега на 4 разлика.

Сега против Полска иста приказна, Полска води цело полувреме и во последниве десет минути судењето е смешно. Судат фаули за Катар а за Полска нема фаули иако Катарците тепаат во одбрана. Со вакво судење се знае кој е финалист а можеби и шампион, против судии никој не може да игра. Срамота.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Не беше реално а не е ни сега против Полска. Такво судење немам видено жими се.
Судеа пробивања на Германците што си немаа врска, чекори и секакви глупости. Прв пат гледам некој да суди против Германија. И тоа баш кога се вртеше натпреварот, Германија се доближи на еден гол и им досудија два пати пробивање и Катар избега на 4 разлика.

Сега против Полска иста приказна, Полска води цело полувреме и во последниве десет минути судењето е смешно. Судат фаули за Катар а за Полска нема фаули иако Катарците тепаат во одбрана. Со вакво судење се знае кој е финалист а можеби и шампион, против судии никој не може да игра. Срамота.


Ццццц....свашта овие шеициве имат се поткупено од судии до цела ИХФ имат се изнафрлено пари, луда работа...ми се одмили првенството
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Најголема штета трпи ракометот, ракометните фанови исите на кои им е професија. Овде мислам, а и сигурен сум дека Катар ќе биде шампион.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
И што ќе им е медал кога знаат дека им е купен? Што ќе им се пари на тие предавниците кога не играат со срце за репрезентацијата? Класични платеници и дебили. Нека се радуваат сега, а од утре бел ден да не видат.

Полска премногу изгуби, финалето им беше презаслужено а не да изгубат од двајца дебили кои се нарекуваат судии, мрш таму дупете се со шеикот.

Франција сакав да изгуби ама играа многу подобро во одбраната а и Омејер беше на дроги и тоа е. Заслужена победа но колку ќе можат да играат против судиите ќе видиме во недела.