Сара Мејс (Sarah Mace)

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Девојкава е вистинско освежување на македонската музичка сцена. Има завршено средно музичко училиште и музичка академија во Софија каде ја има изучувано харфата.

sara5.jpg

Сара Костадиновска или Сара Мејс прв пат се појави на српското шоу ,,Јас имам талент" заедно со нејзината другарка Ива Христовска, каде се претставија како Цимерките. Поминаа во првиот круг, а во вториот круг се претставија со сопствена песна-Шаби Лаби кои они самите ја имале создадено, но во овој круг немаа доволно гласови па не продолжија понатаму. Сара неколку години подоцна се појави и на Скопски Фестивал со песната Врне врне која стана многу популарна во Македонија.
Со секоја нова песна и настап девојкава се повеќе импресионира и се двои како професионалец на нашава естрада. Во соработка е со Горила Продукција и создава одлични песни и спотови. Некои нејзини песни и настапи:


 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip and Podem

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Еднаш Сара Мејс беше гостинка во една емисија. Ја прашаа зошто се нарекува Мејс себе си. Таа одговори дека и' е псевдонимот и дека е инспириран од првите 4 букви од зборот Macedonia. А, после тоа рече дека многу и' се допаѓала и Бугарија.:rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma and Давор

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Прв пат кога слушнав, то ест видов или разбрав за пејачкава, мислев дека се вика Сара Маче :D До ден денес се зафркаваме со другар ми за тоа.
Не и ги знам многу песните освен таа Врне, врне ама не ме импресионира нешто посебно. Мислам дека типката повеќе глуми лудило, а морам да спомнам дека ми е и многу вештачка. Јас лично не би и го доделил епитетот освежување на македонската сцена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, MoonFairy and Trajche

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Прв пат кога слушнав, то ест видов или разбрав за пејачкава, мислев дека се вика Сара Маче :D До ден денес се зафркаваме со другар ми за тоа.
Не и ги знам многу песните освен таа Врне, врне ама не ме импресионира нешто посебно. Мислам дека типката повеќе глуми лудило, а морам да спомнам дека ми е и многу вештачка. Јас лично не би и го доделил епитетот освежување на македонската сцена.
Ја нареков освежување зошто има некој свој стил некоја своја енергија и разбива монотонија на нашава естрада која моментално е во длабок сон.


Прв пат кога слушнав, то ест видов или разбрав за пејачкава, мислев дека се вика Сара Маче :D
Ова ме насмеа зошто и јас на почетокот мислев дека се вика Сара Маче се додека не ми кажаа дека е Мејс :-P
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Естрадата ни е сиромашна, што и ова воодушевува.
Отсекогаш ми биле безвезни ликови што измислуваат зборови...еве ко ова „намбареја“ (бар јас не знам да постои ваков збор) или бесконечно вртење со шамбрла ла-лај џуџучу тк тк ааа. Или измисли саглам текст или не се глупирај нарекувајќи го тоа уникатно.
И да има глас, тоа не може да дојде до израз од испуштањето неповрзани звуци. (shake)
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Ако некој цело време пушта една песна, не значи дека и е хит. Мислам дека истата песна на сите ни ги направи цитрони. И да. Прогноза: ќе заврши во музичкиот македонски слој. Каде што се и другите ѕвезди. И ќе пее на митинзи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, Electra and MoonFairy

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Естрадата ни е сиромашна, што и ова воодушевува.
Отсекогаш ми биле безвезни ликови што измислуваат зборови...еве ко ова „намбареја“ (бар јас не знам да постои ваков збор) или бесконечно вртење со шамбрла ла-лај џуџучу тк тк ааа. Или измисли саглам текст или не се глупирај нарекувајќи го тоа уникатно.
И да има глас, тоа не може да дојде до израз од испуштањето неповрзани звуци. (shake)
За тоа со неповрзаните зборови паметам дека и жирито од Јас имам талент го рече истото. Но во целата работа позитивно е тоа што дејствува на естрадава снима песни спотови а останатите од естрадата спијат.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Прв пат кога слушнав, то ест видов или разбрав за пејачкава, мислев дека се вика Сара Маче :D До ден денес се зафркаваме со другар ми за тоа.
Не и ги знам многу песните освен таа Врне, врне ама не ме импресионира нешто посебно. Мислам дека типката повеќе глуми лудило, а морам да спомнам дека ми е и многу вештачка. Јас лично не би и го доделил епитетот освежување на македонската сцена.
Исто и јас, мислев маче се нарекува. :rofl
Дека сме имењачки,кога ќе ми речат коа она пејачкана си,косата ми се крева.
Неам ништо против нејзе ама воопшто не ми се допаѓа нејзината музика.
Дај нека отпее некоја СОнце-сонце, доста е од (rain)(rain)(rain)