1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Сара Мејс (Sarah Mace)

Дискусија во форумот 'Изведувачи' започната од Makedonec, 6 февруари 2015.

  1. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,466
    Допаѓања:
    1,185
    Девојкава е вистинско освежување на македонската музичка сцена. Има завршено средно музичко училиште и музичка академија во Софија каде ја има изучувано харфата.

    [​IMG]
    Сара Костадиновска или Сара Мејс прв пат се појави на српското шоу ,,Јас имам талент" заедно со нејзината другарка Ива Христовска, каде се претставија како Цимерките. Поминаа во првиот круг, а во вториот круг се претставија со сопствена песна-Шаби Лаби кои они самите ја имале создадено, но во овој круг немаа доволно гласови па не продолжија понатаму. Сара неколку години подоцна се појави и на Скопски Фестивал со песната Врне врне која стана многу популарна во Македонија.
    Со секоја нова песна и настап девојкава се повеќе импресионира и се двои како професионалец на нашава естрада. Во соработка е со Горила Продукција и создава одлични песни и спотови. Некои нејзини песни и настапи:



     
    На BlackTulip и Podem им се допаѓа ова.
  2. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Оваа ако е професионалец и вистинско освежување, тогаш јас сум принцот на Дубаи.
     
    На Mameha, antonio, $3Я3|\||)&p&†Y и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. Ditto+Maker

    Ditto+Maker Истакнат Член

    Зачленет на:
    8 декември 2014
    Мислења:
    351
    Допаѓања:
    254
    Еднаш Сара Мејс беше гостинка во една емисија. Ја прашаа зошто се нарекува Мејс себе си. Таа одговори дека и' е псевдонимот и дека е инспириран од првите 4 букви од зборот Macedonia. А, после тоа рече дека многу и' се допаѓала и Бугарија.:rolleyes:
     
    На Selma и Давор им се допаѓа ова.
  4. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    Прв пат кога слушнав, то ест видов или разбрав за пејачкава, мислев дека се вика Сара Маче :D До ден денес се зафркаваме со другар ми за тоа.
    Не и ги знам многу песните освен таа Врне, врне ама не ме импресионира нешто посебно. Мислам дека типката повеќе глуми лудило, а морам да спомнам дека ми е и многу вештачка. Јас лично не би и го доделил епитетот освежување на македонската сцена.
     
    На malo, MoonFairy и Trajche им се допаѓа ова.
  5. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,466
    Допаѓања:
    1,185
    Ја нареков освежување зошто има некој свој стил некоја своја енергија и разбива монотонија на нашава естрада која моментално е во длабок сон.


    Ова ме насмеа зошто и јас на почетокот мислев дека се вика Сара Маче се додека не ми кажаа дека е Мејс :-P
     
  6. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,757
    Девојката е new age, love it.
     
    На BlackTulip му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,657
    Естрадата ни е сиромашна, што и ова воодушевува.
    Отсекогаш ми биле безвезни ликови што измислуваат зборови...еве ко ова „намбареја“ (бар јас не знам да постои ваков збор) или бесконечно вртење со шамбрла ла-лај џуџучу тк тк ааа. Или измисли саглам текст или не се глупирај нарекувајќи го тоа уникатно.
    И да има глас, тоа не може да дојде до израз од испуштањето неповрзани звуци. (shake)
     
    На malo, Аркантос, JaMi и уште 1 член му се допаѓа ова.
  8. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,105
    Ако некој цело време пушта една песна, не значи дека и е хит. Мислам дека истата песна на сите ни ги направи цитрони. И да. Прогноза: ќе заврши во музичкиот македонски слој. Каде што се и другите ѕвезди. И ќе пее на митинзи.
     
    На malo, Electra и MoonFairy им се допаѓа ова.
  9. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,466
    Допаѓања:
    1,185
    За тоа со неповрзаните зборови паметам дека и жирито од Јас имам талент го рече истото. Но во целата работа позитивно е тоа што дејствува на естрадава снима песни спотови а останатите од естрадата спијат.
     
  10. Selma

    Selma Ingenious

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    4,375
    Допаѓања:
    7,071
    Исто и јас, мислев маче се нарекува. :patos
    Дека сме имењачки,кога ќе ми речат коа она пејачкана си,косата ми се крева.
    Неам ништо против нејзе ама воопшто не ми се допаѓа нејзината музика.
    Дај нека отпее некоја СОнце-сонце, доста е од (rain)(rain)(rain)
     

Сподели: