Сара Мејс (Sarah Mace)

-•Lil Lamb•-

Баниран
27 февруари 2012
74
49
318
32
Интересен тип на човек е Сара Маче. Не знам последно каде сум чула, али разбрав дека и некој филм ќе извади плус +18 ќе биде.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Мене не ми се допаѓа воопшто...
Убаво кажа еден член погоре...девојкава глуми лудило...
Можеби изгледа добро, симпатична е, згодна...ама по мој вкус е вештачка...
Стилот е специфичен (и во пеењето и во облеката), ама сметам дека е таков за да остави впечаток и да биде уникатна, а дека тоа е таа и дека така се доживува себеси...
Премногу исфорсирано и извештачено...
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Да ми е жива и здрава форумџиката над мене, сѐ си кажала.
Девојката има насмевка да ти се качи притисокот 210 со 90, ногата ѝ е да си лапнеш апче за срцето, глас ... можеби има, не викам не, ама да слушам „Врне Врне“ по цел ден... ќе треба да ми давате седативи да се смирувам.
Имаш право, овој период естрадата ни е во молк...и само таа подизлегува со некое песниче, овој Влатко Лозаноски, и таа ко смајли што е во лицето, Лоба, ама џабе е, да ги ставиш на кантар...сите еднакво вредат - нула.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Песната у воведот е од пред пола година, а јас тек сега прв пат слушам и за песната и за типкава. Сега ја ислушав и таа Врне, врне што ја спомињате и повеќе ми се допаѓа од таа Намбареја чисто ради добрата инструменталка, има онака фанки џез вајб. Ко појава не ми е ништо посебно, а за гласот не можам да кажам додека не ја слушнам во живо, но ми делува дека има доста добар глас, баш така и одговара за џез музиче.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не е нешто на кое би обрнал многу внимание, ама не е па ни ептен за никаде. Ако сака да пее џезови тогаш она што го прави не наликува на ништо. Од друга страна па има една песна со едни дечаци од Србија која ми дава надеж дека Сара може да направи некои добри фјужн џезој. Можда и оваа песна ќе и` остане единствено вакво нешто, ама видно се разликува од тие шабилаби бамбуреа каравуми паратарапеу глупостарии.

Песмата:
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Иритирачки и одбивен глас има,глупави песни без врска.Ништо не ми се допаѓа кај неа.Мое мислење.