Самоубиство

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Многу пати во нервоза сум помислила ама не сум го направила.
Тие што се самоубиваат се најголеми слабаци.. Прво ќе си го завршиш животот, второ го уништуваш животот на другите..
 

Fallen.

Полноправен Член
26 февруари 2012
39
28
18
33
Кое е вашето мислење за луѓето кои извршуваат самоубиство ?? Дали вие некогаш сте помислиле на такво нешто??

Не можам да имам мислење за луѓето кои решиле да го направат тоа зашто не сум била во нивна кожа и не ги знам причините за тоа. Ама најверојатно тоа им бил единствен избор, не знаеле што да направат со себе, не гледале светла иднина па решиле да си ги скратат маките. Имам помислено на тоа. Ми се има случено да бидам во лоша ситуација и да мислам на самоубиство како на излез од бедотијата, ама тоа биле само моменти, не сум го сметала реално за опција. Не би имала храброст тоа да го направам, сега за сега, без разлика колку е лоша ситуацијата. Така мислам барем, можеби зашто најверојатно не сум се нашла во толку безизлезна и безнадежна ситуација. Општо сум оптимист и реалист, ама мислам дека ако во животот почнам да се чувствувам како да немам корист од себе, како општеството и луѓето околу мене да немаат корист од мене, како да нема повеќе цели и нешто што ме очекува во иднина, нешто што со радост го чекам, мислам дека ќе нема смисла да продолжам да постојам. Ако се случи кога ќе остарам животот да ми се сведе на гледање телевизија и одење во веце, мислам дека ќе си пресудам сама, нема да чекам природата да го стори своето. Не сакам да живеам на туѓа милост и немилост, неќам никому да бидам обврска и одговорност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Еден живот,кој како му милува,тој што сака да живее не му се мешам нити мене некој може да ми се меша ако решам да не живеам.
И ако направам самоубиство баш не се замарам дали некој го осудил тоа или не,и јас осудувам многу работи во денешницава па кој ме прашал:mad:
Конечен одговор:Секому по волја
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Никој не се самоубил од среќа
Но има некои што ги познавав и се самоубија од за мене глупави причини. Едното се самоуби затоа што неговите не му купија мотор, а другото затоа што не му ја даваа колата да ја вози (и двете деца беа околу 15 години).

Јас лично самоубиството не го сметам за кукавичлук. Разбирам дека за некои тоа е единствен излез од одредена ситуација и не им судам и не ги бележам со етикети. Ах, да. И не може да биде самоубиството себичност затоа што секој си управува со својот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Според мене, самоубиството е кукавичлук, неспособност да се справиш со ситуацијата. Најлесниот излез е одземање на животот: не мора ништо да решаваш, нема веќе да страдаш итн.
Затоа и викам дека е за кукавици, за слаби карактери или за луѓе без карактер...
Не осудувам, секој нека си прави што сака со својот живот, но самоубиството е тотално неоправдан чин за мене.
 

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Не мислам дека самоубиството е чин на кукавичлук. Постојат проблеми и ситуации кои не можеме ни да ги замислиме, а камоли па да ги живееме.
Не го оправдувам никако, али зависи од карактерот на човекот и од неговата способност да се носи со тешкотиите во животот.
У секој случај, најстрашно е коа личноста се решава на самоубиство, а претходно не пробала на секаков могучи начин да најде помош.
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Луѓе, животов е убав. Идеален живот не постои. А и да би постоел, би бил монотон. Подобро е човек да се бори за подобро, отколку да посегне по својот живот. Затоа да излеземе надвор, и да уживаме во она животот што ни го нуди.(happy)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Teona

Teona

Нов член
20 февруари 2012
15
20
3
самоубиството е душевно растројство. главна причина е незадоволство од самиот себе или околината...
затоа како шо кажаа погоре да уживаме во тоа што го нуди животот :)