Самобендисаноста го наведува срцето на човекот да му говори:кој е како јас,сакам над сите да владеам,доминирам,а желбата за наслади го наговара срцето:сакам да живеам единствено за своите задоволства.
Кој е како јас?Која ли душа во себе не почувствувала сличен импулс?Во мислите не се вознесуваат само оние што се природно обдарени со возвишени квалитети или оние што со својот труд успеале да направат нештоважно и за општеството корисно.Вообразеноста е присутна во сите возрасти,занимања,сталежи.Раа човекот го следи низ сите степени во умното и духовното усовршување.
Оној кој што со мислата на срцето се вознесува над сите,ако нешто и превзема,не го прави тоа по гласот на разумот и совеста,по советите на мудрите луге и поуки од Божји зборови,туку по свое наогање,превзема што тој сака:тој е самоволен.
Ако го оствари она што го превземал,очекува се смао од себе:самоуверен и погордеан;кога ке го исполни зацртаното убеден е дека се сам маправил и оттука станува вообразен,надмен и неблагодарен.
Споредуваки се себе си со другите тој секогаш во се сака да биде неговата воља,се да врти по негова наредба,властољубив е и склон кон насилство,споредувајки ги другите со себе си неможе да го трпи нивното влијание ниту во најскромен облик.
Секогаш е полн со презир кон другите и непослушен.
Доколку наиде на непочитување на својата воља од страна на другите,тој ја губи власта врз себе а ако е навреден тој гори од желба за одмазда,чезнее за почести и слава кога е со слаб карактер.
Лицемерен е и суетен кога е со слаба душа.
Дрзок е,самоволен,умислен и склон на озборување кога е морално паднат.
Одамна сакам да ја отворам темава но сакав да најдам соодветен текс,се разбира преземен за најдобро да го доловам она како јас гледам на оваа психичка состојба...
Ова е една од карактеристиките која многу ми смета кај лугето,која сметам дека создава многу раздор мегу лугето.
Едноставно неможам да замислам како постојат вакви луге.
Да не се лажеме,во секој од нас постои доза самобендисаност,но не е толку страшна до одредени граници,а кај некои прераснува до степен на алчност.
Што вие мислите за ваквиот тип на луге?
Колку често наидувате на вакви луге околу вас?
Дали се сметате себе си за самобендисан-а?