Јас имам таков професор. Само тој е во право, само тој знае се, или она што се вели „јас, јас, јас...“
Тој магистирал и ќе докторира, тој е асистент на факултет и мисли готово, тој е господ.
А тоа што се истакна како самобендисано суштество, нас (учениците) не поттикна да го зафркаваме. Да си играме мајтап со него.
Нормално, ептен лесно се лути и избувнува. А нас денот не ни е ден ако не го налутиме.
Да, тоа не е во ред, каков-таков професор е и треба да го почитуваме.
Но, тој е самобендисан професор. А самобендисаноста не е особина за почит.
Значи, океј е да имаш самодоверба, самопочит, ама да си самобендисан или нарцис не е океј.
Прво, никој не е совршен. Секој има одредени маани и недостатоци. А нарцисите тие маани и недостатоци ги преувеличуваат во доблести и квалитети. Тоа не чини.
Второ, како што напишав погоре во конкретниот случај, нарцисите се личности кои лесно се нервираат и избувануваат, а со тоа стануваат и предмети за потсмев кај останатите.
Трето, одбивни се. Со нив не можеш да дискутираш за ништо од проста причина што, според нив, тие се во право.
И што ќе ти е во друштво таков човек со кој не можеш да смениш два-три реда муабет?!
Убаво е да имаш високо мислење за себе ако тоа истото е поткрепено со факти и навистина си личност за која треба да се има високо мислење.
Убаво е да имаш самодоверба и да си сигурен во себе секогаш.
Е тука некаде е границата меѓу овие две особини и самобендисаноста. А бидејки е тенка лесно може да се пречекори.