Да, чудна е таа карма.
Кога умираш да го видиш, и кога “случајно“ поминуваш по неговата улица, во време кога би можеле онака сосем “случајно“ да се сретнете,никогаш неможеш да налеташ на тие очи.
Кога по долго време креваш раце, вееш бело знаменце и си се смируваш самата со себе дека и не ти треба да го сретнеш,нели ништо нема да смени тоа затоа што вие сте тотални странци еден за друг.
ОПА ете го пред очи!
Оди од спротивната страна на улицата и треба да се разминеме, неможам да наведнам глава затоа што никој не згреши, неможам да свртам поглед затоа што би значело лути сме(а не сме), неможам да го прегрнам опасно е за срцево.
Не траеше ни 1 секунда кимнувањето на глава, бледа насмевка и едно ништовно “здраво“. Очите ни кажаа многу нешта, тие се прегрнаа, кажаа дека си фалат и си посакаа среќни родендени, среќни бракови, крштевки...споделија се` во таа нецела секунда.
Толку многу ти посакувам а неможам да ти кажам.
Ми фалиш како пријател, како човек пред кого сум таква каква што ми е најлесно да бидам. Ми фали слободата да ти посакам убав ден, недела, месец.
Мислев дека го одбравме полесниот пат...
Сега се прашувам зар имало и потежок?