Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Случајно синоќа ме потсетија на една моја и твоја омилена група. Знаеш текстот е сиромашен на зборови но длабок. многу длабок... Денес си приспомнав на онаа песна која често не` наоѓаше нас во положба на луѓе кои ништо друго не им беше битно на светот освен самите тие. Идеше нешто вака:
Мојот ефтин штоф
И твојте чудесни чорапчиња
Плетат заплет тежок замрсен
И неколку чаши вино. Тоа е што се сеќавам. Другото е и секогаш останува мистерија.​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Многу ми се допаѓа кога ми пееш на увце.Јас и ти еј замисли.Немој,да мислиш дека ако реков он ми е симпатија и готово.Јас тебе те сакам.Многу ми беше убав денеска,а мајка ти како ме погледна :D знае таа се.Ух,бе жабче мое :mstickle
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Секој момент те замислувам до мене, како се држиме за рака, шетаме низ град, се смееме, уживаме во моментот.
Те замислувам како си со мене, гушнати двајцата, како те гледам во твоите прекрасни очи, а потоа твојата прекрасна насмевка која што му дава прекрасен сјај на твоето лице. Како ме бакнуваш со твоите нежни усни, како го правиш секој момент со тебе да е вреден. Сега за крај, сакам да знаеш дека сакам целото ова да е реалност. Ќе биде ли ? Никој незнае.
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
И еве ме пак, за да не останам недокажан....
Те барав во сечиј поглед, те барав во секоја која ке поминеше покрај мене,те барав...а тебе, тебе те немаше никаде. Како да си некоја сенка која тивко и мирно поминува.... Сите ми личеа на тебе, сите ме потсеќаа на тебе, но ниедна не беше како ти. Твојот поглед беше различен од другите, твоите очи поинаку гледаа кон мене, твоите усни имаа поинаков вкус...Знам дека не ги гледаше сите исто, знам дека и јас ти бев поинаков, знам дека нема да љубиш некој друг, како што ме љубеше мене...Јас никогаш не посакав друга, јас никогаш не мислев на друга, јас никогаш не пробав друга, јас останав само за тебе. Незнам дали ова нашето ке потрае, незнам дали јас само сонувам, незнам дали јас на нас се надевам. Кога двајца се борат за да успее љубовта секогаш победува, но кога е едниот, останува само надежта.....Зарем љубовта не е доволна?
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Немам зборови... Како и секогаш, пак ме изненади уште од рано насабајле. Знаев дека подарокот ќе ти се допадне многу, а твојата порака само ми го потврди тоа. И фала ти што ме задржа синоќа. Отпрвин се каев, но потоа ми помина. Прва ти честитав роденден.. Порасна бе човек!:*

И уште нешто... Не очекував да ме запросиш никако, а камоли па на шега :^). Се гледаше дека се си испланирал. Камермани, кумови, деверуши, сватови... :rofl Сега ми е јасно зошто ми рече да облечам нешто во светла боја или да биде бело.

Идиоте мој, нека ти е најсреќен роденденот и да си знаеш дека многу те сакам... И прстенот што ми го даде веќе не го тргам! :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and Photographer

Maja011

Полноправен Член
15 август 2012
22
30
13
Izvini,go izgubiv prijatelot {to go imav i mi nedostiga no samo go odbrav najdobroto za tebe znae{ toa go pravat prijatelite ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Незнам дали си истиот.
Незнам дали сакам да знам дека си среќен,но сакам да си.
Незнам дали понекогаш ти недостигам.
Ти ми недостигаш вечерва.
Ми фали човечноста која ти ја поседуваше за мене,за другите.
Сакам за момент да се почувствувам Твоја Единствена.И повторно секој по својот пат.
Така ти ке си по среќен.Се надевам дека не згрешив во тоа дека ке бидеш,доколку заминеш.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and Марија

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Ме уништи. Всушност не, не ти. Сама си се уништив. Знаев што ќе биде, знаеше и ти. А сепак... I wasn't strong enough to stay away. Сè уште имам последици.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead and ZmajChe