Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
По втор пат во неколку саати пак јас на оваа тема ...
Ми рече дека сум дете и да не се лутам за тоа, затоа што децата најискрено знаат да сакаат.. А ти знаеш ли? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Angiie and Marchisio

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Ме промени. Без да сакам станав девојка со маска. Закачена насмевка, малку шминка, средена коса и тело зафрлено наназад. Се изгубив во купот обврски, се претворив во некој кој живее по распоред и однапред испланирани чекори.
Ни трошка од спонтаноста и искреноста, ни трошка од срцето отворено за љубов.
Ѕидови, цели тврдини кои ме загушуваат.
Но позади нив, и со маска на лицето сум заштитена, безбедно живеам во својата болка додека светот гледа како се забавувам и итам низ животот.