Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Наскоро... Уште некој ден...
Со нетрпение очекувам да те гушнам...
Да те измачкам со шлаг како што ти велам по лицето.
Сабота е близу...
Да направиме да застане времето?Што кe кажеш? А? :)
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Вистинска љубов само еднаш доаѓа,или ја земаш ил крај тебе проаѓа,перони премногу, еден е вистински,а само една е последна од безброј станици.
Сам нижам ден по ден ко ѓердан бисерен,кој нема никому да биде подарен.

(текст на Дарио Попанковски во кој се пронајдов)
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
СДТК дека пак ќе бидам сама. Се караме ко куче и маче. НЕ, ние не бевме вакви. Пријатели? Да, може. Тоа е нешто најмалку што можам да ти го дадам. Ме остави без срце, но за возврат го зедов твоето. Чудно. Исто чука. Како моето... Бавен ритам кој се забрзува штом помислам на тебе, штом го слушнам твојот глас, штом те видам... Исто како моето... Толку ли сме слични? Толку ли сме слични, а сепак различни? Чекав, плачев, и уште чекав... Те добив, те изгубив, пак те добив и сега... те нема. Ја зеде топлината од мене и сега сум ладна како камен. Не успеав да се насмеам од се’ срце, ниту пак искрено да се радувам на нешто што не е од тебе... или барем не ме потсеќа на тебе... на нас... на она што бевме...
Доаѓа 14ти... Ги паметиш нашите планови? Епа, пропаднаа во вода...
Сега што да правам со подарокот? Да го фрлам? Да го запалам? Да го исечкам? Што да направам?
Небитно. Виното сама ќе си го испијам, честитката ќе ја изгорам, а слатките ќе ги изедам. Е така.
Само уште да соберам храброст и да ја тргнам нараквицата...
Само уште да изветрее твојот парфем од мојата облека...
Само уште да престанам на тебе да мислам...
Уште тоа остана...
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Само ти можеш да ми измамиш насмевка на лицето кога ќе видам дека во инбокс имам порака од тебе.Само продолжи да ми пишуваш и се ќе биде во ред.Знам дека и јас тебе ти значам нешто,и со тек на времето ќе го покажеш тоа :) Нема да брзаме,се ќе оди полека.Не сакам јас да те напнувам,заедно ќе се договараме околу се и добро ќе функционираме.:sreken
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Ќе ти кажам само едно, повторно, ќе се пронајдеш во него. Те обожавам мила.
I'm used to waiting
what's a voice without a face
I think I'm dying without you here
so I drink myself to sleep
and then I hide beneath the sheet
and I try to disappear
I get up
every single time
'cos you keep me
alive
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Ти благодарам за се ! Навистина си прекрасен .. не барам совршен, ама барав некој како тебе. Ниту еден ден без тебе не можам да си го замислам. Ти си моето сонце и се она што ми се случило убаво од ко започна оваа година...
И не ме прашувај за нештата кои ги знаеш, бидејќи ми е најтешко да ги искажам своите чувства верувај. (inlove)
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Дој да ти пеам :mstickle
tumblr_mgdj2l6bM01rh1wv4o1_500.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and ZmajChe