Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Оние денови на љубов се толку далеку..моето рамено..твоја перница..касно е, а ме боли..ми стана потреба, секојдневна побуда..нека биди се како порано, доаѓаат тешки времиња..подај ми ја раката, верувам дека љубовта во твоето срце сеуште е иста..
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Не барај таква љубоооооооооооов да премолчиме :D
Ова е мој 3 пост ми се чини од како пишувам за тебе.Ми значиш стварно се надевам дека ќе го прочиташ. (wasntme)
Знаеш што сакам да не одиш на работа,жал ми е за тебе оти стануваш рано дури во 5 :( сакам да си пишуваме долгиии реферати само ја и ти замисли :*
И ова го сакам :p скромно нели?
stosakam_Snapseed.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
има некое силно чувство што го предизвикуваш во мене, не знам што е но далеку си а ја чувствувам твојата близина, ти го чувствувам здивот во вратот, те замислувам до себе и насекаде околу себе.Се сеќаваш дека ми е ладно? стопли ме...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Тука сум, махинално.. Само со телото..
Се обидувам да ги следам разговорите околу себе, да бидам во тек.. Но не ми успева..
Ги следам реакциите во себе, чувствата, мислите..
Би сакала да можам се да опишам, но не можам.
Премногу е.
Толку моќни, така моќни емоции за мене сеуште непознати, недоживеани..
Чувствувам како почнуваат да п
владеат со мене..
Ме носат.. Ме носат до тебе..
Твојот поглед, твоите усни.. Времето повеќе не постои .. Запре.. Само ти..
И болка..ме расинува на билион делчиња...
ме тера да вриштам, да би можела на тој начин да ја исфрлам од себе.. Да вриштам толку гласно...најгласно што можам..
Некоја мешавина од љубов, болка, посакување..
Секоја пора во мене копнее за тебе..
Секоја клетка, го говори твоето име..
Пред себе не гледам веќе ништо, само твојот поглед..
И пробувам да се вратам од овој неверојатен трип.. За секунда, колку што е потребно..
И повторно ти....
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Не ми е важно дали ќе бидеме некогаш заедно или не .. да се надеваме на позитива, иако знаеш дека сум песимист, само знам дека те љубам, премногу. Сакам само да го знаеш тоа. Да, те љубам, со цело срце.