Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Вечерва повотрно ми недостасуваш. Деновиве што изминаа бев среќна, незнам дали си се лажев себе си дека повеќе не болиш, но се чувствуував добро. Сега сум повтoрно распарана.
А ти некаде во ноќта... не ни помислуваш на мене, проклето ме заборави.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y and emzzy

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
СДК
Како и да е денеска ми теквит ама денеска е касно, ај биди ми поздравен и се надевам дека си имаш најдено друга шо многу појќе ќе те заслужвит од мене.
Не не.
Ти најди си некој шо те заслужвит појќе од него.
И моја препорака ти е да си бараш и најш некој шо е подалеку од селоно големо (со извињение). Немат таму никој саглам...ама најозбилно.
Заслужвиш да си среќна и зато барај си некој шо стварно ќе те напрајт среќна и ќе те заслужит во права смисла.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ана-Каренина

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Your favourite verses..

Don't wanna weep for you
I don't wanna know
I'm blind and tortured
The white horses flow
The memories fire
The rhythms fall slow..
Black beauty I love you so....so..so..so...

Distant, yet closer than we can both imagine.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
А јас знаеш каде се враќам. И на кого помислувам. И за кого сеуште живеам...
Еј љубов моја, смеј се. Избледнува твојата насмевка во моите сеќавања, а за некоја таму разгорува поживо... и сепак продолжи да се смееш. Знаеш те обожавам насмеан.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,691
3,871
1,183
Испадна ? Да..испадна од сеќавањата. Не сосема, но полека полека потемнуваат. Стануваат црни.
Црни какви што сакав да бидат. Без трага од глас во нив. Без комплетно сеќавање на тебе.
Продолжи да избледнуваш полека. Знам дека не го сакаше тоа, но сама си го направи.
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Еее, да знаеш колку животот ми е поубав БЕЗ тебе во него...
Но додека одевме толку бев заљубен во тебе, што бев слеп пред сите оние тешки недостатоци што „зрачеа“ од твојот карактер... Не ме сфаќај погрешно, и јас сум полн „фалинки“, тоа јасно е. :giggle Но зборувам за недостатоци кои директно влијаеја на нашата врска и во повеќе наврати направија пекол од неа.
Добро е што сето тоа заврши, а уште подобро што те преболев уште летото - многу полесно отколку што мислев. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnaMi and Saladin