Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ужасно ми е драго што изминатава година ми ја направи посебна, ниедна не била исполнета со толку љубов. Ноќва и полноќта е посебна, не дека ја поделува ноќта како и обично и годината со година, но затоа што после неа, мене ми предстои уште една со тебе, нова. Минатата ја преспав, најверојатно и оваа, но тоа нема врска со тебе, овој пат ќе биде поразличен, затоа што имам добар момент пред да заспијам, а исткаен е со целата ти. Можеби е подобро што сме разделени ноќва затоа што сум ненаспан и уморен од планинарење, а веома саркастично расположен и романтично ироничен, па не би сакал да ме погодиш со некој остар предмет и да ме убиеш така млад. Да не должам многу, се што сакам е да знаеш дека те сакам и немој да го злоупотребуваш тоа и ќе те замолам да ме сакаш повеќе, како што не знаев јас пред да те запознаам тебе. Биди ми среќна во следните 364 дена, а во тој последниот да бидеме заедно и да се насмееме уште еднаш како што знаеме, само јас и ти. Ти благодарам и ти се поклонувам до земја за се што минавме и се што ќе ни дојде, љубов моја, а за себе мислев дека природата ми е несебична.
 
pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63

Ова е нешто прекрасно излезено од душа и срце..блазе си и на особата која ја има таа среќа да те има тебе..браво..
Среќна ви година заљубени душички(party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Таму каде што ти запира погледот,
таа архаична линија
што сите ја гледаат како граница,
таму каде што се спојуваат земјата и небото,
таму ми почнува мислата,
надвор од границите,
меѓу два погледи,
на изгревот и зајдисонцето,
златно и црвено,
и луцидната месечина во твојте очи,
светла мисла
на среќно тело кое тече низ рацеве
со подотворени усни,
остави да дишам со тебе,
сакам да сум твојата крв,
таа лава што гори
и не ја догорува вечноста,
симбол за бесконечност
насликан врз вените
кој ме тера да се запрашам,
ако го покажам своето лице
на лотосов цвет,
со гордо крената глава кон своето сонце,
ако ја откријам пред светот
вистинската срж на моето постоење,
ќе бидам ли тогаш достојна
да ти го допрам лицето,
со недопрените од темнината листови
и да те дарувам без крај
со животот кој го будиш во мене.
И ништо нема да смени новата година,
повторно ќе те посакам,
толку исто како првиот пат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Секогаш кога сонцето ќе ја види твојата насмевка сјае посилно, зошто се радува за тебе...и го гледам...не би пропуштила да ја видам твојата среќа, макар и ослепела.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Leiii and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Деној и ноќи јас сонувам со тебе, не знам да ја разликувам светлината од темнината, искрено веќе изгубив чувство за реалноста и веќе не знам што е вистина, а што е лага, допирам со прстиве, а тие пропаѓаат во сосем нешто друго, нешто налик на тишина од виножитен пластелин, во кој се губат моите отпечатоци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Вистина е дека те сакам и дека ни светлината ни темнината никогаш не биле повиножитни од сега. А лага е дека сум силна и дека не се кршам по малку секој ден во меѓувремето на сонот и реалноста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Leiii and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Песната која никој не ја слушна, капеше со дождот до утрото од очиве врз твоите образи тивки.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Разбуди ме утре порано, зборувај ми за нешто обично, на пример за планината, а јас ќе го вдишам нејзиниот мирис кој ме носи до тебе. Зборувај ми дека ќе врне, а јас ќе ги подадам дланкиве и со дождот ќе ти дојдам. Зборувај ми за нешто обично, го сакам оној Ти кој не го покажуваш пред другите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Tamu kaj sto sakas ti I movot Na drvjata go rascvetuvas. Tamu kade pogledot I zborot go trgas I cvetot vene I se poparuva. Od srce otvoreno kako bulka, santa led Ke napravis I obratno. No, tvoe si e...
Veke ni bolka ni koshmar ne si, samo chista energija si.
 
Последна промена: